Реализацијата на ваков крупен зафат на штипските комуналци ќе трае една година. Целта е повеќенаменска.

Пред се ќе се обезбеди поголема контрола во количините на потрошувачката на вода кај секое домаќинство.

Со инсталирањето на новите дигитални водомери, надлежните веруваат дека процентот на губење на вода во системот од над 40 отсто, значително ќе биде намален, особено во услови кога температурите иницираат зголемена потрошувачка на вода.

Инаку, во моментов, штипската Филтер станица на штипјани им испорачува 293 литри вода во секунда.

-Од овој проект, бенефит ке имаат граѓаните на Штип. Сите водомери на штипјани ќе бидат заменети со нови електронски водомери за попрецизно читање на потрошените количини на вода. Инкасаторите нема да влегуваат во домовите на граѓаните за да ја очитуваат состојбата на водомерите, но тоа ќе биде потполно компјутеризирано. Да кажам дека ова е еден од крупните проекти на штипското комунално претпријатие потпомогнат од Владата на Република Македонија и штипската Локална самоуправа. За една година ќе се променат 13. 560 водомери, изјави директорот на ЈКП Исар, Ангел Бојаџиев.

Датум на објава: четврток, 23 јули 2015 во 13:44
Дејан Ефремов

коментари

остави коментар