Како што истакна Патрик Форвард, главен технички директор на „Еуромакс ресурсис“ изработката на оваа Студија и е доверена на реномираната консултантска куќа  „Голдер Асо-шиедс“, додека  консултанската компанија „Шламберже вотер сервисес“ ќе работи на  управување со водените ресурси на и околу регионот на рудникот.

- Веќе се реализирани неколку активности со кои се утврдија состојбите во областа на демографијата на населението, локалната самоуправа, економските активности и земјоделското земјиште, вработувањето и приходите на населението, образованието, здравството, благосостојбата и инфраструктурата во регионот. При утврдувањето на фактичката состојба на терен, се спроведуваат истражувања кои опфаќаат домаќинства на репрезентативен примерок од 23 проценти од  домаќинствата на Иловица и соседната Штука. По завршувањето, Студијата за влијанието на рудникот врз животната средина, ќе биде доставена до Министерството за животна средина, кое треба да издаде дозвола за почнување на изградбата на рудникот, изјави Ворфард.

Според планот, изградбата на рудникот за бакар и злато во Иловица, треба да започне кон крајот на следната 2016 година и ќе трае 18 месеци. Производство на бакар и злато се планира за крајот на  2017 или почетокот на 2018 година. Проектираното  просечно годишно производство е 95 илјади унци злато и 16 илјади тони бакар.

Датум на објава: среда, 16 септември 2015 во 17:58
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар