Според Владимир Путин, САД се обидувале да ја измамат Русија а и целиот свет кога зборувале за заканата која ја претставува нуклеарната програма на Иран.

Според неговите зборови, неприфатлива е во меѓународните организации примената на сила, а всушност мешањето однадвор бил ударната каписла која предизвикала експлозија на Блискиот исток.

Путин во Сочи на собирот на Меѓународниот клуб „Валдај“ изјави дека Исламската држава е непријател на цивилизацијата и дека терористите не можат да се делат на умерени и неумерени.

Земајќи ја Либија за пример, рускиот претседател потенцираше дека е невозможно да се оствари успех во борбата против терористите доколку дел од нив се користат во борба за соборување на непосакуваните режими, бидејќи потоа е невозможно да се ослободите од нивното присуство.

„Илузија е тоа дека ќе успеете да излезете на крај со нив, да ги отстраните од власт, и некако да постигнете договор“ – изјави Путин и изрази надеж дека новата влада ќе успее да ја стабилизира ситуацијата.

„Оружјето со кое се снабдуваа таканаречените умерени бунтовници, подоцна се најде во рацете на терористичките организации“ – изјави претседателот на Русија и додаде дека ИСИС освоила голема територија и во случај на заземање на Дамаск или Багдад би можела практично да добие статус на официјална влада.

„Целата меѓународна заедница треба конечно да сфати со што се соочуваме. ИСИС е непријател на цивилизацијата, човештвото и светската култура“ – изјави Путин и додаде дека терористите на тој начин го дискредитираат исламот.

Рускиот претседател се осврна и на руската антитерористичка операција во Сирија која има за цел да воспостави мир и да нанесе превентивен удар на терористите.

Путин зборуваше и за противракетната одбрана на САД во Европа.

„Овие денови се одржани првите тестови на противракетната одбрана на САД во Европа. Што значи тоа? Тоа значи дека бевме во право кога се споревме со нашите американски партнери. Нас а и целиот свет, се обидуваа да не доведат во заблуда со нивните лаги“ – изјави Путин.

Путин зборувајќи за Иран изјави дека не станува збор за “хипотетичка нуклеарна закана, која никогаш и не постоела, туку за рушење на стратешкиот баланс, измена на односот на силите во своја корист и на тој начин не само да може да доминира, туку САД да има можност по своја волја да им диктира и на своите геополитички опоненти и на своите сојузници.

Датум на објава: петок, 23 октомври 2015 во 09:48
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 12:18

коментари

остави коментар
  1. Јас се лажам или некако прозападните л*јнојадачи овде како да исчезнаа?;-) Никако да му се с`снат на „диктаторов“... А толку се љубители на бомби, ц ц ц...