За сето ова да се реализира неопходна беше финансиска поддршка, која во износ од 35 милиони денари ја овозможи владата односно Министерството за образование.

Седумте методи на лабораторијата се меѓународно признати што значи анализи ќе можат да прават и луѓе од странство. Ова беше причина заменикот министер за образование Ристовски да ја посети оваа институција.
Оваа лабораторија е дел од проектот на Владата за набавка на 80 лаборатории кои се главно сместени на Универзитетите и во некои научни институти.

Од нив 42 подлежат на акредитации. Кај 11 вкупно акредитацијата е целосно завршена а до средината на годинава, информира Ристовски, процесот на акредитација ќе го завршат уште три лаборатории на Градежниот факултет а дека останатите триесетина биле во поодмината фаза од оваа процедура.

Предноста на овие лаборатории е што покрај за научна дејност можат и да се комерцијализираат со што факултетите и научните установи би остварувале екстра приход. 

Датум на објава: четврток, 14 јануари 2016 во 14:21
Мирјана Трпческа
Обновено во: 14:27

коментари

остави коментар