Новиот пакет кој ќе ги опфати младите  до 35 години предвидува покривање на 80 проценти од ратата за кредит во првите 8 години додека пак оние што ќе ја одберат опцијата учество, истото во целост ќе биде покриено од страна на државата.

Најголем дел од заинтересираните се за куќа од 80 до 100 метри квадратни која грубо ќе ги чини околу 30 илјади евра. што значи дека апликантот во првите 3 години ќе има рата од 181 евро од кои 144 ќе ги подмирува државата а останатите 36 тој лично. За 4 и 5 година ратата ќе изнесува 187 евра и тука државата ќе учествува со 150 евра а сопственикот на куќата ќе треба да плати само 37 евра на месец. Во 6 7 и 8 година поради каматата ратата ќе достигне 228 евра од кои 182 евра ќе ги плати државата а останатите 45 евра апликантот. Висината на ратата ќе остане иста и во 9 10 и 11 година која државата и обврзникот ќе ја плаќаат по половина или по 114 евра. Вкупно по враќањето на кредитот од 30 илјади евра државата ќе субвенционира дури 19 511 евра.

На целиот кредит се прави и дополнителна заштеда од 2 до 3 илјади евра поради повластените каматни стапки.

Условите се едноставни велат а процедурата за одобрување ќе оди брзо и лесно при што секој што има најмногу 35 години и вкупни примања  во семејството до 1300 евра ќе може да подигне кредит кој треба да го врати за најмалку 20 години при што има и можност за отплата по 12 година.


коментари

остави коментар