Џенифер Анистон воодушеви со својот изглед на доделувањето на „Choice” наградите.

Посебно ако земеме во предвид тоа што актерката има 46 години. За овој настан одбра умерен, но секси фустан кој совршено го истакна нејзиниот тен.

Инаку, Џенифер пред неколку месеци во тајност се венча за долгогодишниот партнер и колега Џастин Теру. Според пишувањето на магазинот „People” парот ги разменил брачните завети пред околу 70-тина најблиски пријатели и членови на семејството, меѓу кои биле и ѕвездите од серијата „Пријатели“, Лиза Кидроу и Корни Кокс, како и познатите американски водителки Елен Деџенерис и Челси Хендлер.



foto: Splash

Датум на објава: вторник, 19 јануари 2016 во 10:31
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 12:55

коментари

остави коментар