На состанокот се разговарало за сите прашања и дилеми кои што ги имаат производителите на пченица за успешно извршување на жетвата и откупот на годинашниот род на пченицата.

- Цветков ги информираше земјоделците за мерките кои се превземаат во насока на обезбедување на нова механизација и приклучна опрема, поволности во кредитирањето и во субвенционирањето на инвестициите преку Програма за рурален развој и ИПАРД 2, се наведува во соопштението.

На средбата било истакнато дека Министерството работи и на воспоставување на софтерско решение со кое сите земјоделци евидентирани во регистарот на земјоделски стопанства ќе имаат електронски пристап до информациите кои се однесуваат на одобрени и исплатени субвенции.

Датум на објава: четврток, 24 март 2016 во 16:53
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар