Четириесет професионалци, осум дена престојуваа, ги разгледаа културно историските вредности, туристичките и економски потенцијали на Македонија. Во земјава ги донесе Асоцијацијата Алзас со цел да се интензивира соработката на граѓаните од Франција и од Македонија.
„Сакаме да направиме поголема соработка на планот на развојот на туризмот и носењето на туристи од регионот Алзас од Стразбур овде во Македонија“, изјави Жак Шлеф, претседател на АЛМА.

Автентичната старо- градска архитектура посебно старите велешки куќи изградени од дрво и камен го привлекоа вниманието на туристите. По првиот престој во Македонија ја опишаа како убава и топла земја со љубезен народ и богата историја многу слична на француската.
„Сите ние сме за првпат во Македонија и еве денеска сите ме прашуваат кога повторно ќе дојдеме“, вели Ришавај Бел,претседател на асоцијација за историја на Алзас.

„Велес е навистина убаво место. Имате убави куќи, убава архитектура и имате уште многу, многу нешта за да го направите уште поубав град“, порача  Марта Стифел, турист.

Изминатата недела оваа група на туристи престојуваше во Скопје, Битола,Прилеп, Охрид, Кочани и Велес.
Денеска тие се враќаат во Франција со постигнат договор за првото гостување на женскиот фудбалски клуб од Кочани во Алзас.

Македонските фудбалерки за десеттина дена ќе заминат во Франција како први промоторки на спортот. Очекувањата се дека во втората тура која од Франција ќе дојде во Македонија ќе бидат познати тур оператори од Алзас.

коментари

остави коментар