Апанажа за Ковачевски и Спасовски од 2500 евра наредните 12 месеци

Со месечна апанажа од 2.500 евра, службено возило и шест телохранители од пред една недела е поранашниот премиер Димитар Ковачевски, кој само една година ја вршеше функцијата претседател на влада.

Комисијата за избори и именување во Собранието ги прифати барањата на поранешниот премиер и министер за внатрешни работи, Димитар Ковачевски и Оливер Спасовски да добиваат апанажа во период од една година. Тоа значи дека двајцата во наредните 12 месеци ќе ја добиваат истата плата како и досега – по 2.500 евра месечно. Ковачевски побарал и добил право на користење службено возило, во согласност со законот за возила.

Законот за влада во членот 11-а пропишува:„ Претседателот на Владата на Република Македонија на кој му престанала функцијата има право на лично обезбедување од шест лица вработени во организационата единица за обезбедување на лица и објекти во министерството за внатрешни работи, како и право на користење на службено возило и возач“.

Изет Меџити даде отчет за сто дена Влада

Првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити денеска даде отчет за сработеното во стоте дена Влада. 

На новинарско прашање кажа дека борбата против загадениот воздух е приоритет број еден.

Кавадарчанка пријавила напад врз малолетниот син во угостителски објект со стаклени предмети

Кавадарчанка пријавила дека нејзиниот малолетен син бил нападнат во угостителски објект со стаклени и други предмети, информираа денеска од СВР - Велес.  

- Утринава во 04.10 часот во ОВР - Кавадарци, 45-годишна кавадарчанка пријавила дека во угостителски објект, нејзиниот малолетен син бил нападнат со стаклени и други предмети од И.С. и други лица меѓу кои биле И.И., Ф.П., С.Л, Т.П. и Д.М. Исто така, во 04.30 часот во ОВР - Кавадарци, кавадарчанецот П.Т., на возраст од 22 години, пријавил дека додека бил во угостителскиот објект, бил удрен со стаклен предмет од И.С, соопштија од СВР - Велес.

Оттаму појаснија дека претходно, во времето од 01.45 до 02.00 часот во градот, полициски службеници ги привеле О.П.(20) и И.С.(21), двајцата од Кавадарци, како и Ќ.П.(25) и Д.К.(25), двајцата од Неготино, затоа што пред угостителски објект во Кавадарци го нарушиле јавниот ред и мир. Додека полициските службеници преземале службени дејствија, малолетник од Неготино ги попречувал, по што малолетникот бил лишен од слобода и приведен во полициска станица.

- Се преземаат мерки за целосно расчистување на настаните, додадоа од Секторот за внатрешни работи.

Оттаму информираа исто така дека во 04.00 часот во ОВР - Кавадарци, 20-годишна девојка од Кавадаречко пријавила дека во близина на спортска сала „Јасмин“ во градот, по расправија со нејзиниот поранешен партнер К.К.(19) од неготинско село, настанала физичка пресметка. Од страна на К.К. истиот настан бил пријавен и во ОВР - Неготино. По документирање на настанот, ќе бил поднесен соодветен поднесок.

- Вчера, пак, во 14.30 часот, полициски службеници од ОВР - Кавадарци го лишиле од слобода М.Т.(31) од кавадаречко село, затоа што во семејниот дом физички ја нападнал неговата 52-годишна мајка. М.Т. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител, соопштија од СВР - Велес.

По документирање на настанот, против него ќе била поднесена соодветна пријава.

По обилните дождови во дел од општините има проблем со водата за пиење

Обилните дождови кои паднаа во делови на Македонија изминатите денови, направија посериозни проблеми со водата за пиење.

Па така, водата во Гостивар не е безбедна за секојдневна употреба, покажале најновите физичко-хемиски и микробиолошки анализи.

В.д. градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани за Канал 5 истакна дека направиле две испитувања, кои покажале различни резултати и дека присуството на манган во водата не е толку големо. Иако, според него водата не претрпела големо загадување, советува – граѓаните да бидат претпазливи и да почекаат до утрешниот ден, кога ќе добијат најнови резултати за состојбата на водата.

Сличен проблем имаат и струмичани, кои неколку дена немаат водата за пиење. Според АХВ, присуството на манган во водата е високо и по земените мостри, утврдено било дека целиот систем бил контаминиран.

Градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов смета дека главниот проблем е техничката вода која ја купуваат од АД „Водостопанство“

-Имено, ЈПКД„Комуналец“ – Струмица спроведе истражување за примарната и секундарната водоводна мрежа, заедно со филтер станицата со сите процеси за прочистување на водата и согласно добиените резултати нема детектирано никаков проблем. Повторно укажувам дека проблем е техничката вода којашто ја купуваме од брана „Турија“, односно од АД „Водостопанство“.-Костадин Костадинов, градоначалник на О. Струмица

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) му наложиле на ЈКП „Комуналец” од Струмица да спроведе нови мерки, односно механичко чистење и хлорирање.

притисни ентер