„GTA Online“ добива бесплатна надградба следната година

„Rockstar“ ги потврди плановите за надградба на графиката за „GTA Online“.

Во текот на 2022 година, „Rockstar“ ја објави „Grand Theft Auto V: Expanded and Enhanced“ за конзолите „Xbox Series X/S“ и „PlayStation 5“. Некои од графичките подобрувања во кампањата се додадени и на „GTA Online“.

За жал, оваа верзија на играта никогаш не стигна на компјутер, но подобрувањата на „GTA Online“ конечно би можеле да се пробијат до платформата за компјутерски игри.

Во неодамнешното соопштение, „Rockstar“ ги потврди плановите да овозможи функции како „Ray-Tracing“, подобрени текстури, погуст сообраќај и друго за „GTA Online“ на компјутер.

Ажурирањето ќе биде бесплатно достапно во рамките на „GTA Online“, така што корисниците нема да треба да купуваат ново издание на играта.

„Rockstar“ ќе има многу работа во 2025 година, бидејќи студиото планира да ја објави „Grand Theft Auto 6“ во втората половина од годината. Играта прво се очекува за конзолите „Xbox Series X/S“ и „PlayStation 5“, а подоцна ќе пристигне и на „PC“.

Извор: Б92

Речиси 400 милиони Андроид уреди ќе го имаат претходно инсталирано ова!

„Epic Games“ склучи договор со „Telefonica“ за инсталирање на својата мобилна продавница на милиони компатибилни уреди со „Android“.

Оние кои купуваат телефон од некој од операторите кои спаѓаат под „Telefonica“, како што се „O2“ или „Movistar“ во Шпанија, Велика Британија, Германија и Јужна Америка, веднаш ќе ја имаат апликацијата „Epic Games Store“.

„Epic“ ќе донесе и игри од трети страни во продавницата, додека партнерите планираат да им понудат на мобилните гејмери ​​дополнителни поволности во текот на следната година.

„Telefonica“ има повеќе од 392 милиони корисници. Како таква, оваа зделка може да ги донесе „Epic Games“ до уште поголема публика.

Да потсетиме дека „Epic“ влезе во спор со „Google“ и „Apple“ бидејќи тврдеше дека овие компании имаат монопол и не им дозволуваат на корисниците да ја инсталираат „Epic Games Store“ директно од страницата.

Мобилната апликација „Epic Games Store“ е достапна на „iOS“ во Европската унија (каде што Apple беше принуден да го отвори iOS за пазарите на апликации од трети страни) и ширум светот на „Android“.

„Epic“, исто така, планира да ја донесе „Games Store“ на уредите со „iOS“ во Велика Британија во втората половина на 2025 година.

Извор: Б92

СБ: Постепено зголемување и изедначување на возраста на пензионирање на мажите и жените

Постепено зголемување и изедначување на возраста на пензионирање на мажите и жените и постепено зголемување на стапката на придонесот.

Македонија може да се справи со растечкиот долг и да обезбеди макроекономска стабилност со подобрување на својата фискална состојба преку зајакнување на буџетската дисциплина, подобрување на ефикасноста на јавните расходи и подобрување на наплатата на даноците, се вели во новиот извештај на Светска банка „Преглед на јавни финансии на Северна Македонија: Обезбедување стабилност и зајакнување на отпорноста“.

Во извештајот се нагласува дека најновата стратегија со која фискалната нерамнотежа требаше да се намали со економскиот раст, не донела задоволителни резултати. Во последната деценија, земјата се соочува со повисоки фискални дефицити од земјите од Западен Балкан, со ниво на долгот што надминува 62 проценти од Бруто домашниот производ (БДП).

- За подобро да се подготви за иднината, сега е клучно Северна Македонија да почне да се справува со фискалните предизвици, изјави Масимилијано Паолучи, директор на Канцеларијата на Светска банка за Косово и Северна Македонија.

Според него, обезбедувањето на цврсти макроекономски основи може да придонесе за одржлив економски развој и намалување на сиромаштијата додека земјава се приближува кон членство во ЕУ.

Во однос на одржливоста на пензискиот систем во извештајот се посочува дека целта на повеќестолбната реформа на овој систем воведена во 2005 година била подобрување на среднорочната и долгорочната фискална одржливост со одржување на паритетот на правата низ генерации, но дека оваа цел е доведена во ризик поради подоцнежните ад-хок промени на политиките. Земјава и понатаму има пензиски дефицит и без реформа, како што оценија Светска банка, тој уште повеќе би се зголемил.

- За справување со овие предизвици се предлагаат повеќе политики за намалување на пензискиот дефицит во услови на општество што се повеќе старее. Тие опфаќаат укинување на неодамна воведениот модел на индексирање според цените и платите (тн Швајцарски модел) и враќање на претходното индексирање согласно индексот на цени на мало, постепено зголемување и изедначување на возраста на пензионирање на мажите и жените и постепено зголемување на стапката на придонесот. Комбиниран пакет што ќе ги интегрира сите три политики би можел да донесе поизбалансирани исходи и да го спречи понатамошното зголемување на пензиските расходи и дефицити, се наведува во Извештајот на СБ.

Во извештајот се вели дека има значителен потенцијал за подобрување на наплатата на даноците и за оптимизирање на расходите на јавниот сектор. Проценките на Светска банка укажуваат дека со спроведување мерки како што се намалување на ослободувањата од ДДВ, спроведување прогресивно оданочување на приходите и зголемување на даноците за животна средина и даноците на имот, даночните приходи би можеле да се зголемат за 3,5 процентни поени од БДП.

Според извештајот, со подобрување на наплатата на даноците и оптимизирање на расходите, Северна Македонија има можност да ги намали трошоците за задолжување и да распореди повеќе ресурси кон основните сектори клучни за нејзината иднина, како што се образованието и здравството.

Во делот на здравството се наведува дека справувањето со предизвиците на општеството што старее бара модел за извршување на услугите со кој се подобрува ефикасноста на јавните расходи и се проширува пристапот до висококвалитетни здравствени услуги, вклучувајќи и долготрајна нега. Ова меѓу другото подразбира, континуирани инвестиции во опрема, вработувања, знаења, вештини на давателите на негата. Обезбедувањето на рамноправен систем до здравствената заштита, се посочува, бара подобрување на пристапноста, особено на лековите и долготрајната нега.

-Подобрувањето на пристапноста до лековите и зголемување на пристапот до висококвалитетни лекови бара редовно ажурирање на позитивната листа на лекови и ревидирање на цените на лековите и на политиките за партиципација со фокус на подобра финансиска заштита на ранливите домаќинства, а во делот на услугите за долготрајната нега се препорачува развој на механизми за финансиска помош особено за сиромашните, стои во Извештајот.

Во извештајот се дадени низа препораки со цел насочување на земјата кон поодржлива фискална патека. Овие препораки опфаќаат конкретни мерки за зголемување на даночните приходи, реформи за подобрување на ефективноста на јавната администрација, ребалансирање на финансиите на локалните власти и напори за подобрување на ефикасноста на извршувањето на јавните услуги.

Групацијата Светска банка е партнер на Македонија во разни проекти за финансирање и знаење со цел подобрување на ефикасноста, транспарентноста и одржливоста на јавните расходи, подобрување на ефективноста на даночната администрација и кои опфаќаат повеќе сектори, вклучувајќи ги образованието, социјалните услуги и земјоделството.

Милевски: Добивме група која ни носи надеж

На извлекување во Цирих, најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија ги дозна противниците во група за пласман на Светското првенство 2026 година во САД, Канада и Мексико. 

Нашата најдобра селекција е во група со Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн. Селекторот на македонската рперезентација, Благоја Милевски смета дека групата носи надеж за неговиот тим и доколку ја задржиме енергијата и позитивниот дух од последните натпревари од Лига на нации, може да се надеваме на добри резултати.

“Извлекувањето во Цирих ни носи надеж.Добивме група со репрезентации со кои може да играме и да се надеваме на добар пласман. Белгија е голем фаворит. Една од најсилните светски селекции и ќе биде големо изненадување доколку не успее да го освои првото место во оваа конкуренција.Велс е одлична репрезентација, тим кој игра динамичен и брз фудбал. Се разбира дека влегуваат со свои пресметки за конечниот пласман во групата, но убеден сум дека можеме да се спротивставиме на вистински начин. Казахстан и Лихтенштајн можеби немаат позитивни резултати во последните квалификациски циклуси, но секој нов почеток е нова надеж и за условно, помалите репрезентации во групата. За мене е важно ние да го задржиме истиот пристап како на последните натпревари од Лига на нации, силно мотивирани да влеземе во квалификациите и да одново да се бориме за резултат кој може да ни донесе можност за евентуален пласман на големо натпреварување изјави на официјалниот сајт на ФФМ, селекторот Благоја Милевски .

притисни ентер