Надал: Ѓоковиќ е најдобриот во историјата

Легендарниот шпански тенисер Рафаел Надал вели дека неговиот голем ривал Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на светот на сите времиња.

За прашањето на GOAT се дебатира долго време, а свое мислење за тоа даде и освојувачот на 22. Грен слем титула славниот бик од Мајорка, Рафаел Надал.

„Фрустрацијата на Новак трае само во моментот кога ќе го скрши рекетот. Веднаш потоа тој е подготвен повторно да се натпреварува на 100% и затоа е човекот кој постигна најмногу во историјата на нашиот спорт“, изјави Надал за „La Sexta“. “.

Тој директно беше прашан дали Новак е најдобар во историјата? "Бројките велат дека е - се разбира дека е. За мене - тој е најдобриот, од сè што сум видел". „Да, никогаш не сум имал проблем со... Никогаш не сум имал его да кажам работи што не ги чувствувам. На крајот на денот, можеме да кажеме дека бев повреден на толку многу слемови, а тој не Но, човеку, тој има тело подобро од моето, и тоа исто така е важно.

Надал потоа истакнал.

„Мислам дека Новак е добра личност, со своите грешки, грешки кои ги истакнува со своите постапки, но тој е добар човек. Кога ќе видам некој кој е толку успешен, не сакам да се лутам“, изјави Надал.

Легендарниот Рафа имаше совј коментар и за неговиот наследник Карлос Алкараз.

„Тој е одлично дете. Тој е многу комплетен тенисер за неговата возраст, со многу малку слабости. На негова возраст имав полош сервис, полош волеј, полош бекхенд. Имав многу работи полоши од него кога имав беше на негова возраст. Не би му препорачал на својот син да игра тенис. "Би сакал да избере друг спорт. Кога го кажувам тоа, тоа ме боли, бидејќи знам колку ми даде тенисот. Ако сака да игра тенис, ќе го поддржам 100%, но ако избере друг спорт. уште подобро“, истакна „Бикот од Мајорка“.

Инаку, Надал потврди дека нема да игра во Доха.

Милијардерот Бил Гејтс со нова девојка на црвениот тепих

Еден од најбогатите луѓе на светот, 68 годишниот милијардер Бил Гејтс се појави на доделувањето на наградите „Breakthrough“ во Лос Анџелес во друштво на својата девојка, 60-годишната Пола Херд . 

Пола е вдовица на поранешниот извршен директор на „Oracle“, Марк Херд.

Гејтс се разведе од сопругата Мелинда во мај 2021 година по 27 години брак, а разводот беше финализиран во август истата година. Бил и Пола само една година по разводотна милијардерот беа видени заедно а врската ја потврдија во 2023 година.

ЦУК: 23 пожари на отворено, два се уште се активни

Изминатото деноноќие евидентирани се 23 пожари на отворен простор, од кои два се уште се активни, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

-Регионалниот ЦУК Тетово, известува дека пожарот кој започна пред неколку дена кај село Ѓермо, Општина Тетово е се уште активен. Пожарот сега се наоѓа над село Селце на оддалечен и тешко пристапен терен, а гори букова шума, ливади и меѓни стебла и ниска вегетација, информираат од ЦУК.

Според последните информации добиени од одговорни лица од НП Шар Планина и ТППЕ Тетово пожарот е се уште активен и има тенденција да се шири. Вчера поради настапување на ноќта екипите во 19:10 часот се повлечени од терен, а со интервенција е продолжeно денеска во раните утрински часови.

-Регионалниот ЦУК Битола, известува дека пожарот кој беше активен над село Велушина на ден 13.04.2024 година во текот на ноќта беше изгаснат, но на ден 14.04.2024 година дошло до негово повторно активирање и во моментот со пожарот е зафатен папрат, смрека и шума над село Остерец на Баба Планина. Во текот на денот во негово гаснење интервенирале четири лица од ЈП Национални шуми-подружница Кајмакчалан од Битола и четворица пожарникари со две противпожарни возила кои поради настапување на ноќ се повлечени од терен. Според последните информации пожарот е на непристапен терен и горат суви лисја и гранки. Нема опасност по населени места и НП Пелистер. За настанот се известени релевантните субјекти од Системот за управување со кризи (СУК), се наведува во соопштението.

Во ЦУК имало вкупно 1 973 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 55,45 отсто, а 44,55 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 55,78 отсто, кон итната медицинска помош 30,35 отсто, а кон пожарникарите 10,40 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.

ЦУК апелира и потсетува, да не се пали вегетација на отворено и да редовно да се чистат локалните одводни канали.

Фото: Секси раперка на НБА меч

Американската раперка Меган Ди Сталион ги засени сите и беше главна ѕвезда на НБА дербито  Лос Анџелес Лејкерс и Минесота .

Публиката наместо кон кошаркарскиот терен многу почесто гледаше кон седиштата до паркетот каде седеше атрактивната раперка.Како и да не биде кога таа шеташе облечена во секси блуза со огромно деколте.

Меган сега доби уште поголема популарност, па речиси никој не зборува за тоа дека Лејкерси на домашен терен беа поразени од Миесота (117:127), пишуваа нејзините фанови на социјалните мрежи.

Сексапилната раперка дури во втор план го „фрли“ и легендарниот центар на Лејкерси, Владе Дивац кој седеше во публика само еде ред пред Меган.

притисни ентер