Петнаесет придобивки од морската сол која може да замени цела рака таблети

Природната морска сол е здрава и има терапевтски својства, таа настанува преку природен процес на испарување на солената вода, при што се зачувуваат нејзините состојки.

Благодарение на повеќе од 80 елементи во составот, морската сол чудотворно делува на здравјето на организмот, кожата и косата.

За разлика од неа, кујнската сол се добива со сушење на повеќе од 650°С, па се менува нејзината хемиска структура и не ги содржи потребните минерали како природната сол.

Покрај натриум хлорид, морската сол содржи околу 80 различни елементи во траги(олигоемелементи), како калиум, магнезиум, манган кои имаат чудотворно дејство на кожата и косата.

1. Морската сол има алкализирачко дејство кое помага во балансирање на киселоста на организмот и на тој начин ги елиминира потенцијалните ризици од фатални болести.

2. Може да го зајакне имунолошкиот систем, а потоа телото станува поотпорно на разни автоимуни заболувања како грип, алергии итн.

3. Има значајно влијание врз кардиоваскуларниот систем. Научниците докажале дека редовното внесување на морска сол растворена во вода може значително да го намали нивото на лошиот холестерол во телото.

4. Метаболичките нарушувања, како што е дијабетесот, може успешно да се третираат и лечат со морска сол бидејќи помага да се намали нивото на шеќер во крвта.

5. Повеќе од 20 проценти од натриумот во нашето тело се акумулира во коските, кои се оштетуваат поради недостаток на минерали во крвта и телесните течности. Со додавање на морска сол во вашата исхрана, можете да ја избегнете и забавите остеопорозата.

6. Морската сол е корисна и за респираторниот систем, а минералите и олигоелементите, па и структурните делови на алгите содржани во морската вода помагаат во обновување на слузокожата. Морската вода има благо антисептично и антибактериско дејство, што се припишува на јоните на калциум и магнезиум.

7. Добар извор е на калиум (кој го олеснува функционирањето на мускулните влакна), па затоа морската сол поволно делува на грчевите.

8. Морската сол се смета за природен прочистувач на крвта. Содржи голема количина на витамин Ц, кој делува како антиоксиданс и ги уништува слободните радикали. Магнезиумот, пак, го овозможува ефективното дејство на антиоксидансите. Така, морската сол овозможува детоксикација на клетките на кожата апсорбирајќи ги токсичните материи од нив.

9. Бидејќи солта ги извлекува токсините од телото, кожата станува мека и здрава. Затоа капењето во вода со морска сол може значајно да го подобри нејзиниот тонус. Ваквата бања ќе го стимулира лачењето на вишокот вода од кожата и сврзното ткиво, со што се спречува таложење на вишок течност, па кожата станува поцврста, помазна и поздрава.

10. Морската сол е полна со витамини и минерали од витално значење за правилна исхрана на клетките. Овие хранливи материи можат да го подобрат клеточниот метаболизам (размена на супстанции и енергија), да го одржуваат ткивото хидрирано, да ја стимулираат циркулацијата на самата површина на кожата и да ја зголемат јачината на клеточната мембрана.

11. Калциумот помага да се исчистат затнатите пори на кожата.

12. Морската сол е идеална како природен пилинг на кожата бидејќи нејзината текстура помага да се отстрани горниот слој на мртвите клетки на кожата.

13. Таа е природен лек за мрсна коса. Морската сол може да го апсорбира вишокот на масло од вашите прамени правејќи ги мазни и поубави.

14. Со помош на многуте минерали присутни во морската сол, косата ќе го добие посакуваниот волумен, а вашите кадрици лесно ќе отскокнуваат. Покрај тоа, морската сол може да обезбеди доволно хранливи материи за фоликулите, што ќе ги направи помеки.

15. Морската сол е одлична во борба против првутот. Дејствува директно на кожата и ја спречува нејзината сувост.

Извор: zadovoljna.dnevnik.hr

Се надминува проблемот со образовните асистенти, дел од нив се уште на обука

815 образовни асистенти се веќе распределени на деца со посебни потреби. Недостасуваат уште 200, чиј избор формално се уште е во тек.

Родители кои ги контактиравме велат дека дел од децата се уште немаат асистенти, поради тоа што нивните асистенти се уште трае обуката.

Елена Јакимовска Павлеска, мајка на дете со аутизам, најалармантна е состојбата кај првачињата. Нејзиниот син, петооделенецот Огнен за кој што информиравме на почетокот на учебната година, имаше среќа да ја добие повторно истата асистентка од лани. Според Павлеска, родителите се во неизвеснот кога ќе заврши процесот на обука на останатите избрани асистенти, со што и нивните деца ќе можат непречено да ја следат наставата.

Министерката за образование Весна Јаневска најави дека целата ситуација треба да се реши до крајот на минатата недела и дека се работи на системско решение.

Од ресурсниот центар „Златен Сремец“ за Канал 5 велат дека постапката за избор на кандидати за асистенти по јавен оглас е во тек и дека штом ќе заврши, избраните кандидати ќе поминат задолжителна обука по што ќе бидат распоредени во основните училишта.

Во Ненавременото обезбедување образовни асистенти проблем препозна и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација од каде реагираа на доцнењето во ангажирањето на образовните асистенти и апелираше до Министерството за образование и наука (МОН) да ја исполни својата обврска

Средните училишта, образовни асистенти ќе добијат најрано од јануари следната година, според најавите од надлежните институции.

Ќе помине ли иницијативата за можноста за разрешување градоначалници преку локален референдум?

Последниот збор за разрешување на градоначалници треба да го имаат граѓаните – смета министерот за здравство Арбен Таравари.

Според него иако треба да има политичка одлука, мандатот на градоначалниците може да им го земе само оној кој им го дава.. По предлогот од претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски градоначалник да може да се отповика преку локален референдум, Таравари смета дека тоа претставува рационализирање, со цел постојано да нема вонредни локални избори.

-Има случаеви кога некои градоначалници иако се избрани од народот не фукционираат како што треба. Јас мислам дека градоначалникот на Кисела Вода се повикува највеќе на градоначалничката на Град Скопје која е промашена инвестиција, меѓутоа тоа е тоа народот никогаш не греши и кога ќе избере некого кој што не е како што треба така да мој став личен е дека треба да има политичка одлука, но народ ги избира и народ може да ги разреши,- вели министерот за здравство Арбен Таравари.

Професорот по управно право Борче Давитковски иницијативата смета оценува за добра. Вели измените се неопходни, бидејки со вака конституираниот Закон за локална самоуправа градоначалниците не се политички одговорни пред никого и се единствени фукционери кои се неменливи. Давитковски објаснува дека постојат различни модели за остварување на иницијативата, а според него најдобро би било граѓаните да одлучуваат за разрешување на градоначалник преку референдум со цензус.

-Иницијативата е одлична, ова требаше одамна да се стори бидејки еве 22 години како поминаа од носење на Законот каде градоначалниците останаа политички неодговорни пред никого. Треба и други членови да се сменат односно една сериозна измена на Законот за локална самоуправа и да не дојде до овие судири како што има до сега градоначалник-совет. Законот се носи со 2/3 мнозинство но мислам дека ќе се одважат сите политички чинители оваа иницијатива за сеопфатни законски измени со цел да добиеме ефикасен закон, истакна професор Борче Давитковски.

Ѓорѓиевски во интервју за РСЕ, оценувајки дека моќта на првите луѓе во општините е преголема и треба да се ограничи, најави дека тим од актуелни градоначалници веќе работи на Законските измени, со цел на граѓаните што поскоро да им се врати можноста активно да бидат вклучени во одлуки кои ги засегаат и да имаат можност да го разрешат оној градоначалник кој не ги исполнил нивните очекувања.

Законот за бранители останува заглавен–Гаши за Канал 5: Немам право да ја свикам комисијата

Африм Гаши дефинитивно нема да свика нова комисиска седница со Законот за бранители. 

За Канал 5 вели дека ингеренциите во овој случај се само кај претседателката на комисијата за социјална политика Илире Даути, а тој лично не го крши Деловнкот. За да се решат сите недоречености кои се злопотребуваат од страна на пратениците, најави дека ќе бара да се разгледуваат во собраниската комисија за деловнички прашања. Меѓу нив, и за Законот за бранители кој Даути од „Европскиот фронт“ одбива да го стави на дневен ред.

-Деловникот во член 126 не вели дека „ако претседателот на комисијата одбива да стави конкретен закон“, туку „ако претседателот на комисијата не свика седница“. Со тоа што Илире Даути свика седница во рамки на роковите, не можам да свикам, деловникот ми го одзема правото да интервенирам и да назначам друг пратеник да ја води седницата. Во овие четири месеци увидовме неколку недоречености како овој со Законот за бранители, како двојната функција на Талат Џафери, и уште неколку други прашања кои наскоро планирам да ги решиме преку комисијата за деловнички прашања - тие да одлучуваат и да носат заклучоци за следната измена на собранискиот деловник,-Африм Гаши – претседател на Собрание.

За законот со кој се уредуваат правата на припадниците на безбедносните сили и нивните семејства сите партии на Албанците се против бидејќи не вклучувал права и за борците на ОНА. Министерот Арбен Таравари од коалицијата „Вреди“ смета дека сега воопшто не е време да се отвора ова прашање.

-Не знам зошто се драматизира Законот за бранители. Ова е седми пат законот е носен 2002, 2005, 2007, 2009, 2013, 2015, и сега мислам дека не е моментот да се разговара на такви теми. Така да, мислам дека таа точка сега за сега нема да се третира, нема ни да помогне, меѓутоа ништо трагично зошто толку драматизираат овие партии опозициски, посебно албански-Арбен Таравари – министер за здравство, коалиција „Вреди“.

Во владината коалиција темата за бранителите досега не била отворена. Премиерот Мицкоски го повтори неговиот став дека од него имаат поддршка, но за собранискиот заплет ја прозва претседателката на комисијата Даути.

-Не, не сме разговарале на оваа тема. Ние јасно сме го кажале нашиот став во минатото, бранителите ја имале, ја имаат и ќе ја имаат мојата поддршка,-Христијан Мицкоски – премиер на Македонија.

Новинар: Но Илире Даути не го става законот на комисиска седница, практично законот е во фиока.

Мицкоски: Ќе треба да ја прашате Илире Даути... Па треба да го стави на дневен ред.

Предлог-измените за законот ги предложи Славјанка Петровска од СДСМ, а за гласањето на дневниот ред доби поддршка и од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Со нив се предвидува еднократен надоместок за нематеријална штета од 80.000 евра за семејствата на загинатите војници и полицајци од 2000та до денес.

притисни ентер