13 претенденти за Вила Водно, 11 во битка за место на гласачкото ливче преку собирање потписи

Истече и вториот ден од рокот за собирање потписи на кандидатите за претседател.

Во игра за место на избирачкото ливче засега се 13-мина, од кои 11 преку потписи се обидуваат да обезбедат кандидатура..

По првиот ден, дел од нив обезбедија солидна поддршка од граѓаните, дел само симболична бројка. Државната изборна комисија информира дека од утре секојдневно ќе информира за бројот на собрани потписи за секој од подносителите на иницијатива за кандидат за претседател. Оттаму вечерва информираат за бројот на собрание потписи заклучно со вчерашниот ден, 23-ти февруари. Кандидатот на албанската опозиција Арбен Таравари процесот за собирање потписи го започнал од денеска..

Вело Марковски 98

Билјана Ванковска Цветковска 1105

Томе Николоски 0

Бујар Османи 3261

Господин Поповски 0

Максим Димитриевски 1594

Стевчо Јакимовски 658

Ѓорѓи Манасков 21

Арбен Таравари 1

Мерсиха Смаиловиќ 0

Зорица Цветковска 0

Продолжува потрагата по телото на малата Данка, полицијата пребарува меѓу Злот и Шумраковц

Српската полиција и спасувачките служби се уште трагаат по телото на двегодишната Данка Илиќ од Бор. 

Се чека сослушувањето на мајката на еден од осомничените С.Д.

Таа е повикана како сведок да каже се што знае за овој случај, но, со оглед на тоа што има статус на привилегиран сведок, може да одбие да сведочи.

Нејзиниот сопруг Р.Д. е осомничен дека му помагал на Д.Д. да го сокрие телото на двегодишното девојче од Бор .

Полицијата го пребарува теренот од селото Злот, кон селото Шумраковац, каде има неколку депонии и цистерни со вода. Еден од осомничените за убиството на сослушувањето признал дека го преселил телото, што ја отежнува работата на полицијата.

Припадниците на Управата за криминалистичка полиција (УКП) од Белград и Бор интензивно работат на пронаоѓање на телото на малата Данка и утврдување на сите факти и околности поврзани со овој случај.

Двегодишната Данка Илиќ исчезна на 26 март на семејниот имот.

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен побара од полициските префектури да ја зголемат безбедноста пред синагогите, како и пред верските училишта, еден ден по нападот на Иран врз Израел и пред еврејскиот празник Пасха.

Дарманен побара од полицијата да има видливо присуство пред „најчувствителните“ места за богослужба и згради.

Францускиот министер рече дека како што се приближува Пасха - од 22 до 30 април, треба да се посвети поголемо внимание и на собирите кои привлекуваат голем број луѓе.

Дарманен нагласи дека од денеска чувари треба да бидат присутни пред влезот на верските училишта при влез и излез на учениците.

Таа одлука е донесена поради „многу високо ниво на терористичка закана“, „високо ниво на антисемитски акти и тензии на меѓународно ниво“, вклучително и нападот на Иран врз Израел, додаде Дарманен.

На територија на цела Македонија казнети 715 возачи за брзо возење

 Во текот на вчерашниот ден на територијата на Република Македонија во рамки на акцијата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, казнети се 715 возачи.

Од МВР денеска соопштија дека од нив 55 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 336 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 379 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

притисни ентер