Администрацијата на Бајден најави автоматско отпишување на студентски долгови за 153 000 луѓе

Отпишувањето на студентските долгови требаше да започне во јули оваа година, но администрацијата на Бајден во јануари објави дека ќе биде подготвена цели шест месеци пред предвиденото.

Американскиот претседател Џо Бајден денеска најави автоматско отпишување на федералните студентски заеми во вредност од 1,2 милијарди долари за речиси 153.000 кредитокорисници кои се подобни според програмата што се користи за исполнување на неговите ветувања за зголемување на простувањето на студентските заеми.

Бајден, кој се очекува во ноември да се бори за нов претседателски мандат, минатата година вети дека ќе најде други начини за справување со олеснување на долгот, откако Врховниот суд во јуни го блокираше неговиот поширок план за отпишување на студентските долгови во вредност од 430 милијарди долари.

Бајден е на тридневна предизборна турнеја низ Калифорнија и ја објави одлуката како дел од новиот план за отплата што нуди побрз пат до простување на долговите. Администрацијата на Бајден денеска како дел од програмата SAVE, како што ја нарече Белата куќа, почна да испраќа мејлови со известувања до голем број кредиторисници.

Отпишувањето на студентските долгови требаше да започне во јули оваа година, но администрацијата на Бајден во јануари објави дека ќе биде подготвена цели шест месеци пред предвиденото.

ЈП Водовод и канализација–Скопје- лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 08.04.2024 до 12.04.2024 зема 158 примероци за физичко-хемиска и 158 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).

Казни за 85 возачи на територија на Свети Николе и Пробиштип

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 12 до 17 часот во сообраќајна контрола на територија на Свети Николе и Пробиштип казнети се 85 возачи, соопштија денеска од МВР.

Од вкупниот број санкции, 12 се за возење без возачка дозвола, 11 санкции поради измината важност на сообраќајната дозвола, 15 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, едно патничко возило е одземено поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава... На сите прекршители, се додава во соопштението, изготвени им се соодветни поднесоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Промоција на новата книга на Румена Бужаровска, „Господ, па Америка“

Издавачкиот центар ТРИ вечер организира промоција на новата книга на Румена Бужаровска, збирката есеи „Господ, па Америка“. Промотор ќе биде Ивор Мицковски.

Како што велат од ТРИ, за есеите веќе има одѕив од домашните и од авторите од регинот. Есеите што веќе беа објавени на српски јазик во „Велике приче“, се посочува, го добиваат своето прво македонско издание. Станува збор за лични гледишта и критика кон општеството, а целиот настан, според издавачот, ќе нè доближи до суштината на овие есеи што се своевидно разголување на ставовите, спомените и размислувањата на авторката, како и на современото американско општество.

-По досегашните четири збирки раскази, Румена Бужаровска ја збогатува домашната литература со збирка есеи. Неоспорен е успехот со кој таа се закити со претходните книги раскази – превод на над 15 светски јазици, 10. домашно издание на „Мојот маж“, театарски претстави во регионот според ова значајно книжевно дело, место на топ-листите на светските книжевни платформи – книга на неделата во Германија според „Шпигел“, прв македонски автор објавен од францускиот реномиран издавач „Галимар“, најновиот превод на грчки јазик..., , наведува ТРИ.

притисни ентер