Албанските функционери, министри и пратеници со повисоки плати од 65 до 98 отсто

По петчасовна расправа, за законот гласале 95 пратеници, тројца биле против додека петмина воздржани.

Предлог-законот за зголемување на платите во јавната администрација и на функционерите вклучувајќи ги и министрите и пратениците ги обедини власта и опозицијата во Албанија, чии пратеници доцна попладнево го изгласа истиот со кој платата на народните избраници се зголемува за 98 отсто, на министрите за 82, на шефот на државата за 65 и на премиерот за 72 отсто,јавија албанските медиуми.

По петчасовна расправа, за законот гласале 95 пратеници, тројца биле против додека петмина воздржани.

-Бруто платата на претседателот на државата од 257 илјади лека во моментов, се зголемува на 425 илјади лека(околу 3.900 евра) што е покачување за 65,3 отсто. Останатите двајца најплатени функционери се премиерот и претседателот на Собранието, кои ќе имаат иста плата, по 393.125 лека (околу 3.550 евра), министрите 318.750 лека (околу 2.880 евра). додека пратениците 310.250 лека( оклу 2.800 евра).

Со законот за зголемување на платите во јавната администрација, тие ќе бидат повисоки од 10 до 35 илјади лека( од 90 до 315 евра) а ќе бидат опфатени 130 илјади лица.

Бруто платата на доктор специјалист е ќе биде 1.570 евра, на лекар од општа практика 1.235, на медицинската сестра 785, додека наставник во предуниверзитетско образование ќе има плата од 890 евра. Платите во државната полиција се зголемуваат од 100 до 325 евра во зависност од позицијата, па така командир ќе има месечна плата од околу 950 евра.

Во дискусијата премиерот Еди Рама најави дека просечната плата до април идната година ќе достигне 900 евра, наспроти 259 евра колку што изнесувала 2013 година, кога социјалистите дошле на власт.

Министерката за финансии и економија на Албанија, Делина Ибрахимај презентирајќи го предлог закон за зголемување на платите во администрацијата, оцени дека реформата на платите во администрацијата создава соодветни услови администрацијата да стане конкурентна.

- Имаме намера да ја подобриме хиерархијата, да привлечеме и задржиме квалификувани вработени во администрацијата. Правиме директна врска помеѓу позицијата и соодветната одговорност со платата. Даваме подобра плата и ќе очекуваме подобра работа за секоја плата, рече таа.

Ибрахимај најави дека реформата дозволува на секои два лека собрани во буџетот од даноци и такси, еден лек да оди за директни плаќања на граѓаните. /МИА

Екстремните левичари се судрија со полицијата на забранетиот протест во Лајпциг

Членовите на германската левичарска сцена се собираат во Лајпциг, и покрај забраната за протести, за поддршка на неодамна осудениот радикален левичар.

Властите зборуваат за запалени автомобили и напади врз полицијата во многу делови на градот.

Во раните попладневни часови во јужните делови на Лајпциг беа запалени неколку автомобили и контејнери за отпад, за кои се верува дека се дело на левичарски екстремисти кои и покрај забраната во Лајпциг се собираат за поддршка на неодамна осудената левичарка Лина Е. Таа оваа недела беше осудена на долга затворска казна за организирање физички напади врз припадници на екстремната десница.

Ноќеска во повеќе делови од градот имаше судири меѓу припадниците на екстремната левица и полицијата. Според полициското соопштение, во тие судири биле повредени дваесет припадници на полицијата.

Попладнево Уставниот суд во Карлсруе, по итна постапка, ја отфрли тужбата со која левичарските активистички групи сакаа да ја поништат одлуката на повисокиот управен суд во Саксонија, кој го забрани протестот поради страв од немири и судири меѓу левичарите и полицијата, како и опасност за јавниот ред и мир.

Полицијата од вчера ги контролира возовите кои се движат кон Лајпциг. Активисти на левичарската сцена поканија истомисленици од цела Европа да протестираат во Лајпциг. И во средата во Дрезден, по објавувањето на пресудата против група левичари, имаше насилни протести на припадниците на екстремниот лев политички спектар.

Нема да ми ги земеш парите- познат НБА кошаркар ја оставил невестата на денот на свадбата

Стефон Џексон (46), поранешен кошаркар во НБА, решил да ја остави својата вереница на денот на венчавката бидејќи таа не го потпишала предбрачниот договор.

Како милионер, Џексон не сакал девојката да го изневерува и да се омажи за пари.

Во 1997 година Џексон беше избран како втор пик на драфтот, имаше доста добри договори зад себе и заработи десетици милиони.

Кога решил да се ожени со девојка со која долго време бил во врска, ѝ поставил само еден услов, да потпише предбрачен договор како доказ дека не се мажи за него само поради парите. Стефон чекал долго тоа да се случи, а на врската дефинитивно ставил точка на денот на венчавката.

„На свадбата дојдоа сите 530 гости и сѐ што требаше да направиме е да го потпишеме предбрачниот договор. Во животот се грижев за многу луѓе, но никогаш не би дозволил една жена да контролира за тоа за што сум работел толку напорно цел живот.Никој од тие кучкини синови не беше со мене во сала.Затоа си ветив дека жена ми ќе мора да го потпише предбрачниот договор.Се договоривме три-четири месеци пред свадбата и чекав за таа да потпише.Дојдовме во Хјустон, јас постојано велев дека треба што поскоро да потпише.Таа рече дека ќе го направи тоа.Продолживме со планирањето на свадбата,јас ја сакав и планирав семејство со неа.На денот на на свадбата носев одело. Сите мои кумови беа таму и само требаше да се симнеме со лифт до свадбената соба. Баба ми дојде во собата и ми рече дека хартијата не е потпишана и дека тоа е крајот.

Џексон веднаш решил да откаже сѐ. Не се грижел ниту за вложените 400.000 долари.

„Сите беа во шок кога објавив дека венчавката е откажана. После тоа плачев половина час и не можев да верувам дека некоја жена ќе ме натера на тоа поради парче хартија“.

На вратата тогаш се појавила несудената невеста. Плачејќи побарала да го потпише договорот.

"Таа сакаше да разговара со мене, беше во венчаница и целата во солзи. Ме замоли да се потпишам на договорот. Но јас не сум од вчера. Мислев: "Ти, душо, го направи својот избор. Можеш потоа да ме тужиш дека договорот си го потпишала под стрес“, раскажа Џексон во една ТВ емисија.

Карлеуша се пофали со луксузната вила во елитниот дел на Белград (ФОТО)

Јелена Карлеуша со години важи за стилска икона кога се во прашање гардеробата и облекувањето.

Никогаш не криела колку парите не ѝ се пресудни и дека сѐ е само прашање на креативност и умешност.

Секако дека за вилата на Дедиње била потребна сериозна сума на пари, но и многу љубов за луксузната куќа да се претвори во топол и пријатен дом.

Иако сака луксуз и скапи работи, патувања и облека, ретко зборува за тоа и ги покажува сите работи на кои троши најмногу пари. Исто така, само неколку пати ја покажала внатрешноста на својот двор, а сега повторно направи исклучок и сними дел од слободното време, ни помалку ни повеќе, туку во својот двор.

Таа во првите кадри откри како изгледа надворешноста на нејзината вила во која ужива со децата, како и зеленилото кое го разубавува дворот во кој се наоѓа базен.

Во преден план е големиот базен како и просторноста на парцелата на која пејачката ја поседува оваа луксузна куќа.

Јелена веќе во следниот момент покажа каде го поминува слободното време, но откри и како изгледа дел од градината во простран двор кој личи на оние од светските списанија.

притисни ентер