Почнаа карневалските свечености во Прилеп

Со вчерашната изложба на околу 2000 маски на учениците од прилепските училишта и со ексклузивното, по првпат, презентирање на венецијански опригинални маски, карневалските свечености во Прилеп за „Прочка 2013 добија голем интензитет.

Младите создадоа своевидна школа на маски и што е најбитно, сите сакаат да ја нагласат традиционалноста на карневалот. Маските да бидат во духот на традицијата, направени од природни материјали од поднебјето, за како што велат, да се избркаат злите духови, да се најави плодното време - пролетта, информира МИА.

Денеска пред голем број посетители во центарот на градот парадираа мажоретките со прилепскиот дувачки опркестар. Атмосферата ја подгреаја кловновите, жонглерите, пантомимичарите кои ги задеваа гостите.

Прилепскиот карневал или традицијата на, како што велат прилепчани „преправањето“, е вековна, има корени во обредните ритуали и верувањето во среќата и блоагосостојбата.

- На Прилепскиот карневал постојат два вида маски. Првиот се познатите „мечкари“, луѓето со страшни маски и облечени во овчешки кожи со клопотарци и „прочкарите„ - преправени, маскирани и млади и стари во нешто што е неупотребливо, нешто необично. И преку гротескното, преку шегата, мајтапот, преку ироничноти, целта е сите да се забавуваат, да се шегуваат, да посакаат благосостојба, да ги повикаат убавите нешта во животот, вели д-р Ели Милошеска Луческа, етнолог.

Иако 13-ти пат Прилепскиот карневал е меѓународен, а Прилеп е член на Федерацијата на европските карневалски градови, маскирањето и тоа секогаш на Велики поклади е со долга традиција. Најпознатата маска се мечкарите. Според етнолозите, тоа е традицијата на касапите. Токму на Велики поклади, пред да почнат велигденските пости, а да се разграничи едно годишно време од друго, касапиоте ги правеле страшните маски. Главно овчки кожи, рогови, големи клопотарци и што е можно пострашни излегувале по улиците, тѕропале на портите на прилепчани, им го препречувале патот на улица барајќи да ја „откупат“ слободата.

- Се има корени во обредите, во потребата на луѓето од памтивека на овие простори да го избркаат лошото, да е скраја од нив, вели Александар Цветкоски, етнолог.

Лошите духови се тоа зло, таа пречка да се стигне до убавото, доброто. Тие мора со страшење да се избркаат, да се најави будењето на пролетта - симболот на плодноста, бериќетот, благосостојбата.

Долгата традиција ги опфаќа маскирањата на децата, младите, возрасните. Тие шетаат од куќа на куќа, да ги видат, да бидат поздравени.

На иницијатива на локалната самоуправа преку националните културни ионституции е покрената постапката за заштита на маската „Прилепски мечкари“.

- Иницијативата ја покренавме пред две-три години. Маската е уникатна, карактеристична за Прилеп, за овој крај како одраз на традиционалното, културната посебност. Во неа е изразено обичајното опстојување на луѓето.

Откако карневалот е меѓународна манифестација на големамото дефиле, традиционално в недела на Прочка, учествуваат голем број групи од земјава и странство. Така е и оваа година.

- Карневалот е еден од најголемите културни брендови на Прилеп. Тој е спој на традицијата и на модерното,на вековните обичаи, посебно обележје на градот и околината. Годинава очекуваме огромна посетеност и многу маскирани, вели Снежана Ристеска, советник за култура.

Годинава се очекуваат гости од сите македонски карневалски градови и од странство. Од Корча Албанија, од Шабац, Лесковац, Нови Сад, Врњачка Бања, Бања Ковиљача сите од Србија, четири групи од Хрватска од кои две од Брач и по една од Лудбрег и Риека, од Разлог Бугарија, а по првпат и од Птуј Словенија, додава Ристеска.

Најавени се гости и од Воден, Грција. Во четвртокот таму на карневал беа „Прилепските мечкари“.

- Таму се договорија заедно да направат едно пријатно изненадување во Прилеп на карневалот утре. Тоа ќе отвори убава можност за соработка, за пријателство за првпат на ваков начин во Македонија, вели Ванчо Георгиев, претседател на Прилепскиот карневал и на здружението „Прилепски мечкари“.

Дека маската прилепски мечкари е посебна, уникатна е првата награда шпто ја освои наеодана на карневалот во Птуј Словенија.

Утре на големото карневалско дефиле се очекуваат околу 3.000 маскирани и илјадници гости во градот. Стручното жири ќе ги прогласи најдобрите поединечни и групни маски и ќе додели 15 награди.

Карневалските традиционални свечености во Прилкеп продолжуваат и во понеделник. Според обичаите, мечкарите и гостите ќе се соберат на гости кај касапите. Тие ќе ги пречекаат на ручек со посен грав.

Дека карневалот со долга традиција во Прилеп на маскирањего продлабочува меѓународното значење е тоа што лани во мај беше домаќин на 12-тата Конвенција на европските карневалски градови. Организаторите задоволни велат дека и на ваков начин се промовира Македонија. „Прочка“ е еден од заштитните културни белези на Прилеп во земјава и надвор од неа.

Мик Џегер објави снимка како танцува, сите му се смеат (ВИДЕО)

Мик Џегер на својот Инстаграм профил објави урнебесно видео од ноќно излегување.

Во видеото, Мик танцува пред публиката на Mustique Blues Festival на Карибите додека бендот го свири хитот на Maroon 5 - Moves Like Jagger.

За песната Џегер реши на сите да им ги покаже своите танцови потези. Додека музичарот се фрла околу подиумот за танцување и скока, лицето што го снима се смее, а потоа Мик прснува од смеа.

Тоа видео насмеа многу негови следбеници. За помалку од еден ден Мик собра 160 илјади лајкови.

„Кој те натера да го направиш ова“, „Замисли Мик Џегер лежерно танцува во публика додека играш“, „Никој не танцува како Џегер“, „Те обожавам“, „Умирам од смеа“, „Никогаш не би кажале дека имаш 80 години“, се дел од коментарите.

Мик никогаш не криел дека е обожавател на големиот хит уште од неговото појавување. "Посакувам да ја напишав. Но, тоа би било малку чудно, нели? Тоа не е типична песна на Maroon 5, па тие веројатно се изненадени од нејзиниот успех како и јас. Тоа е многу привлечно. Единственото нешто дали ме тера да сакам да танцувам кога ќе го слушнам тоа“, рече Мик претходно.

Франција се подготвува за за закана од тероризам на Олимписките игри во Париз

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен денеска се сретна со разузнавачките служби на земјата за да ја проценат заканата од тероризам на Олимписките игри (ОИ) во Париз, кои ќе се одржат од 26 јули до 11 август годинава.

Најважно е обезбедувањето на свеченото отворање на ОИ на 26 јули, кога флота од 94 чамци, на кои илјадници спортисти ќе ги држат знамињата на своите земји, ќе плови шест километри по Сена, пишува Гардијан.

Таа ќе биде придружувано од втора флота од 80 чамци со членови на медиумите и обезбедувањето, додека околу 222.000 луѓе ќе се соберат покрај реката, а уште 200.000 ќе ја следат церемонијата од зградите.

Воздушниот простор во радиус од 150 километри околу Париз ќе биде затворен за време на церемонијата поради потенцијален напад со беспилотно летало, а ќе бидат мобилизирани повеќе од 45.000 полицајци, многу од нив на покривите со снајперисти и во чамци.

Дарманен изјави дека Франција е секогаш под закана, особено за време на големи настани, бидејќи „ги брани универзалните вредности и секуларизмот“ и дека има „многу ефикасен разузнавачки систем.

„Речиси секој месец ги запираме заговорите во развојот“, рече францускиот министер.

Според истражувањето за француската телевизија BFMTV, 80 отсто од Французите се загрижени за тероризмот, 59 отсто се оптимисти дека нивната земја успешно ќе ја зачува безбедноста за време на Олимпијадата, додека 57 отсто поддржуваат одржување на свеченото отворање на отворено.

Во БиХ уапсени тројца мажи- барале 25.000 евра за да дадат информации за Данка: Се шегувавме

Трет ден од потрагата по малата Данка, двегодишното девојче кое исчезна во вторникот околу 13.45 часот во приградската населба Бањско Поље, во близина на градот Бор, во источна Србија.

Мајката раскажала како Данка исчезнала од дворот на семејната куќа додека одела да му даде вода на постарото дете. Родителите биле сослушани во полиција, а мобилниот телефон на мајката е одземен.

Вчера околу 17:30 часот полицијата го прекина пребарувањето на теренот. „Сите досегашни резултати укажуваат дека девојчето не е на овој простор од околу 10 квадратни километри“, соопшти полицијата.

Според последните информации, родителите на Данка и денеска цел ден биле во полиција на распит. Полицијата вчера ги разделила и спиеле во различни куќи. Багери, полицајци и пожарникари пристигнаа околу куќата каде исчезна девојчето, сечеа дрвја околу куќата и го исчистија просторот и копаат. Досега полицијата сослушала повеќе од 50 лица.

Вечерва се појави веста дека во Босна и Херцеговина се уапсени три лица. Според медиумите, тие на TikTok објавиле дека имаат информации за исчезнувањето на Данка и побарале пари во замена за тие информации. Тие се на распит.

Како што пренесува Klix.ba, Федералната полициска управа (ФУП) вечерва извршила молскавична акција за лоцирање и апсење на три лица од Хаџиќи поради нивните тврдења дека се поврзани со исчезнувањето на двегодишното девојче од Србија. Белградскиот Интерпол побарал апсење на три лица од областа на кантонот Сараево, кои тврделе дека знаат каде исчезнало девојчето и побарале 50.000 КМ за откривање на информациите.

Членовите на ФУП извршија брза акција, при што истражителите на Одделот за компјутерски криминал успешно ги лоцираа осомничените со помош на нивната IP адреса.

Сите биле уапсени, а била претресена и нивната околина при што било утврдено дека девојчето не е со нив. Во моментов трае кривичната истрага за Т.Б.(2002), М.Т.(2001) и З.Т.(1972), а се проверуваат нивните тврдења дека се поврзани со исчезнувањето на двегодишното девојче.

притисни ентер