Фото: Дита Фон Тис во секси долна облека

На фотографиите преовладуваат, црвени усни, капи и панделки кои предизвикуваат флерт.
Колекцијата на долна облека на Дита фон Тис ги прави жените посигурни и е навистина привлечна за спротивниот пол. Изобилува црвена, црна, бледо розова боја и тантела, појаси и чорапи кои се многу жешки и многу секси.

Нејзината колекција е комбинација на ретро стил и модерен стил. 

Урбана журка од утре до 1 септември во Општина Аеродром

Општина Аеродром организира голем урбан настан „Бек ту скул вик“ (BACK 2 SCHOOL WEEK) што ќе се одржи од утре, 24 августдо 1 септември на повеќе локации низ општината.

Девет вечери, со добра музика и забава за сите генерации, низ парковите во Аеродром ќе го испратиме летото и ќе ѝ посакаме среќен почеток на новата учебна година.

Утре, 24 август (сабота), со настапи почнуваат ДНК и диџеј во паркот „Јане Сандански“.

Продолжуваме на:

- 25 август (недела) на детската улица „Тоше Проески“ со театарската претстава за деца „Зеленковци“ и настап на диџеј Мики од Радио Антена 5;

- 26 август (понеделник) во Паркот на езерата ќе уживаме во музиката на „Брејкдаун бенд“ со Пеце Суперхикс и диџеј Вера Јанковиќ;

- 27 август (вторник) во Паркот на езерата настапуваат Бендоф и диџеј Цена;

- 28 август (среда) во истиот парк ќе танцуваме во ритамот на „Саутпарк“ и диџеј Мартин од Радио Антена 5;

- истата локација ќе биде место за луда забава и на 29 август (четврток) кога ќе настапат „Кума енд д бенд“ и диџеј Баже од Антена 5;

- и на 30 август (петок) ќе ги видиме и слушнеме „Теа енд д бенд“ и неповторливиот Драган Б. Костиќ.

Сите настапи почнуваат во 20:30 часот.

Епицентарот на забавата ќе се случи на 31 август (сабота) од 19 часот, во паркот „Авионче“, а истата вечер ќе настапи и светски познатиот диџеј Пол ван Дајк. Очекуваме илјадници посетители од земјава и регионот.

BACK 2 SCHOOL WEEK ќе го заокружиме со фамилијарно дружење и „барбикју“ ден на 1 септември (недела) во паркот „Бановина“ во 18:00 часот, а ќе се релаксираме со настапите на Огнен Здравковски и незаборавните рок и екс ЈУ-хитови.          Подгответе се за уникатна забава. Ве очекуваме со позитивна енергија и многу насмевки.

Создаваме моменти за паметење!

„Volkswagen“ ќе го менува логото

Новото лого ќе биде претставено на франкфуртскиот авто- салон.

Германскиот произведувач од Франкфурт и официјално започнува транзиција кон електрични автомобили, тие ќе го лансираат првиот електричен модел од „ID“ семејството „VW ID3“, а тоа ќе биде шанска и за претставување на ново лого кое треба да симбилизира доаѓање на нова електрична ера за „VW“.

Како што велат од овој автомобилски гигант, новото лого ќе биде по смело и шарено во однос на актуелното, не се очекува да има драстични промени во структурата на дизајнот. Најверојатно и новото лого ќе биде комбинација од буквите „V“ и „W“.

Кон почетокот на 2020-та  година, новото лого ќе биде презентирано и за глобалниот базар и ќе биде користено во 171 земја т.е. секаде каде што „Volkswagen“ е присутен на пазарот.

Енди Мекдауел : Не се срамам од своите години!!

Убавата актерка Енди Мекдауел ја оправда титулата на една од најубавите актерки во Холивуд иако е веќе во седмата деценија од животот.

61 годишната Енди и понатаму изгледа одлично. Тоа го покажа и докажа на премиерата на својот нов филм „ Ready Or Not" одржана во Лос Анџелес, кога воодушеви со своето провокативно издание.

Енди на премиерата се појави во тесен фустан со голи рамена и со длабок шлиц на левата нога, поради што нејзината совршена става дојде до израз.

притисни ентер