Кога ќе се нурне под вода во потрага по храна, заклучиле дека има само неколку отчукувања во минута.
Научниците заклучиле дека, најголемиот цицач, синиот кит, кој може да достигне должина и до 30 метри и да тежи 200 тони, ја намалува активноста на срцето на само неколку отчукувања во минута кога ќе се нурне во вода.
Кога синиот кит е под вода на моменти срцето му чука со само две отчукувања во минута а откако ќе излезе на површината на океанот и ќе вдише воздух срцето му чука со 37 отчукувања по минута, пишува „Ројтерс“.
Кај луѓето, срцето во состојба на мирување отчукува во распон од 60 до 100 отчукувања во минута а за време на напор или вежбање околу 200 отчукувања во минута.
.