Захариев: Ефикасно работење и посветеност, принципи на Бирото за лекови

Максимално ефикасно работење, непостоење бирократски процедури, стручен кадар максимално посветен се принципи на работење по кои сме препознатливи во Бирото за лекови. Имаме германска дисциплина во работењето, швајцарска прецизност и точност, италијанска елеганција, шведска перфекција и секако онаа убавина што постои, македонска, во она што ние го сработуваме.

Ова денеска на средбата со новинарите кои го покриваат секторот здравство го истакна директорот на Бирото за лекови Илчо Захариев на кој му завршува седумгодишната директорска функција откако на локалните избори како кандидат на коалицијата „За подобра Македонија“, беше избран за градоначалник на Штип, јави МИА.

- Бирото за лекови е средена институција. Тој што ќе дојде после мене ќе му биде полесно бидејќи има средена состојба. Можеби ќе му биде малку потешко бидејќи треба да работи како мене. Во Македонија има 2.000 фармацевти, сите имаат свои квалитети. Мислам дека во Бирото ќе го избереме најдобриот кој ќе може да се носи со предизвикот да биде директор на Бирото. Моја желба е на местото директор да биде вработен од Бирото за лекови бидејќи ни треба човек кој ги знае работите, рече Захариев.

Посочи дека Бирото за лекови е пред се работа за граѓаните, да се обезбедат квалитетни, ефикасни, безбедни лекови, медицински помагала, да се контролираат контролираните супстанции, прекурсори, опојните дроги, психотропните супстанции, хемикалиите, отровите, да се следи и контролира системот на производство на лекови, промет на големо и на мало, да се следат сите случувања во делот на несакана реакција на лековите.

- И натаму ќе ја давам несебично поддршката на моите колеги во Скопје. Мојот наследник ќе ја има целата поддршка со целото мое стручно битие. Си одам горд од Бирото за лекови затоа што направив многу за македонските пациенти. Два милиони граѓани го почувствуваа бенефитот од моето работење. Патував седум години Штип-Скопје секој ден. Мислам дека вредеше да се сработи за нашите пациенти, за македонските граѓани, истакна Захариев.

Овие локални избори, појасни тој, покажаа колку граѓаните тоа знаат да го почитуваат со нивното масовно излегување на изборите во Штип, со тоа што ми дадоа масовна поддршка како кандидат за градоначалник од владеачката партија со коалициските партии.

- Со својата посветеност ќе ги реализирам сите визии на моите граѓани кои се преточени во мојата програма. Штип после Скопје ќе го направиме најубав град за живеење во државата. Штипјани ќе се гордеат со сопствениот град, а моја цел е да ги вратам насмевките на Штипјани, рече Захариев.

Потсети на важноста на периодот на големи реформи, на донесување неколку важни закони, стотици правилници и нивна имплементација, период на такви реформи каде фармацијата ја издигнале на пиедесталот во Македонија како најуспешна гранка.

- Имаме доволно лекови во аптеките, континуирано високо квалитетни и ефикасни и безбедни, дефицитарност немаше никаква. Со намалувањето на цените на лековите, некои ги направивме подостапни за граѓаните. Република Македонија во делот на фармацијата се покажа како најорганизирана земја од 10 земји од нашето опкружување - Албанија, Бугарија, Грција, Турција, Романија итн. Европската агенција за лекови во март 2011 година не оцени како многу успешни, потенцира Захариев.

Тој им се заблагодари на сите субјекти кои имале допирни точки со него - фармацевтската индустрија, 130 меѓународни компании кои имаат регистрано лекови во државата, домашните фармацевтски компании кои вложија многу во развојот пред се во инвестирање на нови фармацетски погони и проширување на сопствениот асортиман, сите застапници на странските компании и веледрогериите итн.

Сите заеднички, нагласи тој, дадовме придонес здравјето да го подигнеме на повисок пиедестал, само здрава нација и здрав народ можат да создаваат општествени добра.

- Мислам дека мојата мисија и функција е завршена успешно. Уште 10 дена додека ги привршиме обврските дури Државната изборна комисија го прогласи практично резултатот, кога ќе го земам решението поминувам во Штип. Посебно ми е задоволството што имав извонредна соработка со медиумите кои за мене се битен сегмент. Ниту една афера немавме за седум години, ниту еден инцидент со лековите немавме за седум години, ниту еден пациент не остана без својата терапија. Се што направивме овие години го чувствуваат граѓаните на секој чекор. Среќен сум што бев дел од тој тим, додаде Захариев.

Фетел одговори на прашањето дали се враќа во Формула 1

Себастијан Фетел го прекина молкот за гласините за неговото враќање од пензија за да го замени Луис Хамилтон во Мерцедес.

Четирикратниот светски шампион се прости од трките на крајот на 2022 година во автомобил на Астон Мартин за да помине повеќе време со семејството, но германскиот возач тогаш за можното враќање рече: „никогаш не треба да се каже никогаш“.

Откако Хамилтон во февруари објави дека ќе го напушти Мерцедес и ќе се пресели во Ферари од 2022 година, се шпекулираше дека Фетел ќе го замени, но…

-Сè уште сум заинтересиран и ги следам трките. Во моментов се случува многу - на и надвор од патеката. Но, за мене Формула 1 не е во фокусот во моментов. Кога заминував, реков дека никогаш не вели никогаш за враќањето, но намерата не ми беше да застанам и потоа да почнам повторно, изјави Фетел и со тоа ги демантираше гласините дека се враќа. /МИА

Тројца загинати во сообраќајна несреќа во Кичево

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа што денеска се случи на излезот од Кичево, во насока кон Скопје.

Според соопштението од СВР – Охрид, несреќата се случила утрово во 4:50 часот на улицата „Магистрален пат“ во Кичево, кога се судриле патничко возило „Пежо“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.И.(19) од Кичево и патничко возило „Фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од К.Е.(32) од кичевското село Трапчин Дол.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот К.Е. и неговиот сопатник А.С.(20) од село Трапчин Дол, додека возачот С.И. им подлегнал на повредите на пат кон Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид и во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, се здобиле 19-годишната Т.С. од Кичево, В.П.(21) од селото Подвис, кичевско, П.К.(21) од Кичево и еден малолетник од Кичево, сите сопатници во возилото „Пежо“.

На местото на несреќата увид извршиле јавен обвинител и полициски екипи. По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се дадени на обдукција.

Фото: Екс тенисерка која сега заработува на „OnlyFans“ во друштво на Ѓоковиќ

Најдобриот светски тенисер во друштво на сексапилна црнка.

Поранешната тенисерка, а денес инфлуенсер, Тамара Бојаниќ заработува огромни пари од фотографиите кои ги објавува на платформата за возрасни „OnlyFans“.

Провокативната Тамара сега се најде во центарот на вниманието на јавноста откако на социјалните мрежи објави фотографија со Новак Ѓоковиќ.

- Мојот сосед е подобар од твојот - изјави еднаш големата надеж на црногорскиот тенис.

Поранешната тенисерка и црногорска репрезентативка кариерата ја започна на 12 години, играше во Фед купот, а доби и тениска тренерска лиценца!

Сепак, беше јасно дека нема да живее од тенисот кога се повреди на 17 години.

Поранешната тенисерка и црногорска репрезентативка кариерата ја започна на 12 години, играше во Фед купот, а доби и тениска тренерска лиценца!

Но, потоа поради повреди ја заврши кариерата во белиот спорт и се вљуби во друга професија, многу поразлична од тенисерската.

Тамара реши да отвори профил на платформата за возрасни „ OnlyFans“ “, а не ни поима колку тоа ќе и го промени животот! Сега ужива во луксузот…


 
притисни ентер