Видео: Куче булдог „пее“ додека го слуша Павароти

Операта можеби не е за секое уво ,но булдогот Фред е нејзиниот најголем фан меѓу животните.


Фред делува многу внесен  во својот перформанс крај прозорот од неговиот дом,  кога слушајќи го неповторливиот Павароти  „пее“ со него .
Додека на ТВ екранот пее легендарниот Лучано Павароти гордиот булдог гледа низ прозорецот и пее со него.

Погледнете како булдогот Фред ужива во музиката на Павароти.

Фото:40 години не ја потстрижал ниту измил својата коса

Сакал Дев Туду од Индија, 40 години не ја измил и потстрижал својата коса. Тој ужива огромно почитување од мештаните.

Тој вели дека откако една година не ја перел косата му се појавиле суканици и тој тоа го сметал како благослов па затоа од тој момент решил никогаш да не ја измие ниту потстриже својата коса.

Видео: Џеј Ло танцува околу шипка

Светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез на Инстаграм објави кратко видео на кое изведува секси стриптиз.

Атрактивната Џеј Ло со ова кратко видео на кое може да се види како танцува околу шипка само ја заинтригира и „возбуди“ машката публика.

Со краткото видео мега популарната пејачка и актерка  го најавува својот нов филм „ Hustlers" во кој ја толкува главната улога. Филмот е направен според сторијата „ The hustlers at Scores", за групата на поранешни стриптизети кои ги мамеле клиентите од Вол Стрит.

Покрај Лопез во филмот се појавува и контроверзната раперка Карди Б.

Видео: Вујче Луис Хамилтон игра со внуците

Актуелниот светски првак во Формула 1 Луис Хамилтон , сподели на својот Инстаграм профил видео на кое игра со внучето.

Уживам во улогата на вујко. Морам да поминувам време со децата на мојата сестра, кои ги обожувам. Должност на вујкото е да ги слуша своите внуци, добриот вујко никогаш не вели не. Напиша Хамилтон откако го објави видеото.

притисни ентер