Мажите би им го простиле неверството на сопругите!?

Доколку може да и се верува на новата студија, мажите полесно простуваат неверство, во споредба со мислењето на жените.

Истражувачите од интернет порталот "Survive Her Affair" анкетираа 1,500 мажи кои што биле изневерени, па од нив дури 71% изјавуваат дека се уште ја сакаат својата жена, и покрај неверството. Дури 92% од изневерените мажи велат дека сакаат да го зачуваат својот брак или пак се неодлучни.Истражувањето од 2012 година, спроведено од страна на интернет порталот "OurTime.com", покажа дека најмалку 42% од возрасните работат на врската со партнерот кој што се препуштил во сексуално неверство.

Според советите на експертите, доколку одлучите на својот партнер да му го простите неверството, потребно е да го направите следново:


1. Договорете се

Одредете време кое што ќе и го посветите на вашата врска. Личноста која што изневерила треба да го прекине секој контакт со личноста со која што било направено неверството.


2. Побарајте извинување

Важно е неверната личност да понуди искрено и сериозно извинување, односно да ја преземе одговорноста за своите дела. Прифаќањето на извинувањето зависи од однесувањето на личноста која што изневерила, но најважно е партнерите меѓусебно да разговараат.


3. Не обвинувајте се себеси

Вашата самодоверба не зависи од однесувањето на партнерот. Можете да бидете дел од решението, меѓутоа во ниту еден случај не сте причина за неверството.


4. Ослободете се од лутината

Искажете ја и ослободете се од лутината. Истражувањата покажуваат дека пишувањето на писмо до партнерот секогаш помага, но истото, не треба да го покажете. Исто така, разговорот со пријателите и семејството за овој настан може да биде исклучително корисен.


5. Пронајдете ги квалитетите

Направете листа на позитивните аспекти од вашата врска. Иако можеби сте тажни и лути, размислете за сите убави нешта кои што ви се случиле, па тоа ќе ви даде нов поглед кон вашата врска.


6. Побарајте професионална помош

Ситуацијата може да биде исклучително тешка, без оглед на тоа колку силна личност сте. Терапевтскиот поглед кон случајот може да биде исклучително корисен за вас.

Вуќиќ: Тоа ни е фала за се што направивме за Скопје

Тоа е германска идеја, поддржана од НАТО и од сите останати.

„Тоа е благодарност за сето она што го направивме за Скопје“,изјавил српскиот претседател александар Вучиќ коментирајќи го коспонзорството на Македонија за резолуцијата за геноцидот во Сребреница во ОН, како лична одлука на шефот на дипломатијата Османи.

Тоа е германска идеја, поддржана од НАТО и од сите останати. Ја најдоа и Руанда, ги најдоа и Нов Зеланд и Чиле. Пронајдоа и неколку земји кои отсекогаш биле спонзори на вакви проекти, како Малезија и Јордан. Кон нив им се придодава и Македонија, така што таму нема голема филозофија. Им благодарам за тоа, претпоставувам дека тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје. Ја видов и Австрија тука, ништо чудно со оглед на сето она што Шаленберг го прави против нашата земја, изјавил Вучиќ во гостувањето во дневникот на ТВ Пинк.

Тој додал дека нешто што е во надлежност на Советот за безбедност е преместено во генералното собрание на ОН.

-Знаеја дека русите и кинезите ќе стават вето и затоа сега одат на генералното собрание на ОН, бидејќи очекуваат сигурно мнозинство и сакаат да им зададат удар на Србите и Србија.

Две жртви во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани

Тешка сообраќајна несреќа се случи на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на ТИР зоната во Штип. Според првичните информации во несреќата животите ги загубиле две лица.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврди дека на овој експресен пат има тешка сообраќајна несреќа.

Таа за МИА изјави дека во тек е увидот и обезбедувањето на местото на несреќата од страна на полицијата.

Несреќата се случила околу 14.25 часот, помеѓу две патнички возила.

Саем на книга во Скопје: Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат

Родителите и училиштето се двете најважни работи кои можат да всадат љубов кај децата за книгите, во време кога тие живеат во светот на интернетот и мобилните технологии. 

Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат и вистинските вредности.

Ова е заедничкиот став на посетителите, издавачите и авторите на 36. издание на Саемот на книга, кој до 24-ти април се одржува во спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје.

А токму најмладите беа едни од најприсутните на саемот. Преку орагнизирани училишни посети, досега над 2.000 ученици ги посетиле овој книжевен настан.

Приказната се чита, е слоганот на овогодинешниот Саем на книга. Организаторите велат дека само на тој начин, децата можат да влезат во светот на книжевноста.

Дека интернет технологијата го одзема вниманието на децата, согласни се дел од авторите и издавачите. Нивната мисија е, додаваат тие, да им ги доближат квалитетните книги на младата популација па и преку електронски форма.

Од популарна присохологија, до македонски и светски познати автори. На Саемот на книга ќе се претстават над 60 издавачи, и ќе има повеќе од 30 промоции на книги, детски работилници, настани и дискусии.

Овој книжевен настан завршува на 24 април, чии врати се затвораат во 20 часот.

притисни ентер