Лили, девојчето кое беше замрзнато за да преживее!

Лили Кракнел не дишела 30 минути по раѓањето. Докторите ја ставиле во торба за разладување и ја намалувале нејзината телесна темепратура три дена, за да го спречат отекувањето на мозокот кое можело да ја убие!

Лилио денеска има 3 години. Ситна е за својата возраст но здрава. Лекарите енмаат објаснување зошто анмалувањтео на температурата помага кога бебињата се под ризик од отекување на мозокот. Но, намалувањето на телесната температура на Лили во торбата за ладење, од 37 на 35 степени, и го спаси животот - пишува Дејли меил.

Лили била родена пред терминот поради здравствената состојба на нејзината мајка Ребека.

- Кога ја извадија не пушти никаков глас. Ја зедоа на интензивна нега и ја ставија во торба за разладување. Бевме преплашени, но тоа беше единствената шанса за Лили да преживее. Поради намалувањето на температурата денеска таа е жива и здрава и без ошеттување на мозокот - вели благодарната мајка.

Две недели по раѓањето девојчето било пуштено дома и почнало нормално да напредува.

Beat the odds: Doctors worried that Lily's brain was overheating and swelling when she was born. But after just two weeks, she was strong enough to be sent home with her parents

Силен земјотрес ја погоди Португалија, нема информации за жртви

Многу силен земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди Португалија.

Епицентарот на земјотресот бил во близина на Азорските острови, на длабочина од десет километри.

Засега нема информации за жртви или материјална штета.

Успешна мисија на кинески сателити- направија неверојатни снимки од Земјата и Месечината (ФОТО)

Лунарните кинески сателити - Кеџиао-2, Тијанду-1 и Тијанду-2 - започнаа со комуникациски и навигациски тестови за идните мисии.

Тие на командата ѝ испратија и исклучително интересна фотографија од Месечината со Земјата во позадина, пишува LiveScience.

Сите три сателити беа лансирани со ракета-носач Long March 8 на 19 март, а влегоа во орбитата на Месечината на 12 април.

- Националната вселенска администрација објави дека сателитите кои орбитираат околу Месечината, изградени од Кинеската академија за воздушна наука и технологија ги завршија комуникациските тестови на орбитата. По проценката, сателитите функционираат нормално и извршуваат задачи на мисијата. Тие можат да овозможат комуникации за четвртата фаза од проектот за истражување на Месечината. Мисијата е полн погодок – изјавија од кинеската вселенска агенција CNSA.

Во последните 20 години, Кина посвети многу внимание на лунарната програма, па во 2007 година стана третата земја што слета вселенско летало на Месечината (по САД и СССР) и прва што го сторила тоа во 21ви век. (Минатата година тоа беше направено од Индија, а оваа година од Јапонија.) CNSA планира да испрати уште неколку сонди на површината на Месечината, а потоа да испрати човек до сателитот на Земјата во текот на следната деценија.

Петмина мигранти, меѓу кои и дете, се удавија при обид да го преминат Ламанш

Најмалку пет мигранти загинаа, меѓу кои и едно дете, додека се обиделе да го преминат Ла Манш и да стигнат до Англија во близина на брегот на Вимеру.

Несреќата се случила утрово околу 5 часот и 30 минути, изјавил градоначалникот на Вимеру, пренесува БФМ ТВ.

Според градоначалникот, спасени се 48 лица, спасувачите се уште трагаат по чамецот, а плажата Вимеру е затворена.

Локалните власти соопштија дека во бродот имало 110 луѓе.

Претходно, во ноќта меѓу 13 и 14 јануари пет лица загинаа на брегот на Вимеру додека се обидуваа да заминат за Британија.

Околу 36.000 мигранти се обиделе да стигнат до Англија преку Ла Манш минатата година.

притисни ентер