Коко се истакна на забава на базен

На забавата на отварањето на нов клуб во лас Вегас организирана покрај базен имаше многу девојки во бикини - Коко се истакна меѓу сите нив!

Влезе во бикини помало два броја и сите зборуваа за неа, што сегокаш е главна цел на старлетата. На забавата беше и Памела Андерсон - Коко и го украде приматот!

Coco

Арсовска: Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала?

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на прес-конференција денеска праша врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, како и врз основа на кое мислење за стабилност и сеизмичка заштита се прави тоа.

Рече и дека градот воопшто не бил информиран за отпочнување на градежните активности, пред да се случи пожарот во изминатата недела.. Арсовска упати повеќе прашања до министерството за култура и до фирмата изведувач.

За два дена во Појасот Газа влегоа над 550 камиони со хуманитарна помош

Повеќе од 550 камиони со хуманитарна помош влегоа во Појасот Газа во текот на последните два дена откако ги минаа темелните безбедносни проверки, соопшти денеска израелската армија, додека ОН сметаат дека ова е недоволна помош.

Израелската армија, во соработка со израелското тело одговорно за палестинските граѓански прашања, „продолжува со напорите да дозволи секојдневно минување на стотици камиони со храна и хуманитарна помош за жителите на Газа“, се наведува во соопштението на армијата, додавајќи дека само синоќа во северниот дел на газа пристигнале 126 камиони.

Точно 56 пратки помош во храна, исто така, со падобрани пристигнаа во палестинската енклава.

„Нема голема промена во обемот на хуманитарна помош што влегува во Газа, ниту има подобар пристап до северниот дел на Газа“, соопшти агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА).

Од почетокот на април просечно 181 камион со хуманитарна помош секојдневно влегуваат во Газа преку пристапните точки Рафа и Керем Шалом, соопшти агенцијата на ОН, оценувајќи дека оваа бројка е „под оперативниот капацитет на двата гранични премини, преку кои дневно треба да минуваат 500 камиони“.

УНРВА ја координира речиси целата хуманитарна помош за Појасот Газа, енклавата која од октомври е опколена и уништена во израелската офанзива./МИА

Потпишан меморандум за соработка меѓу шесте синдикални организации на универзитетите

На Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев"(УГД)-Штип денеска беше потпишан на меморандум за соработка на шесте синдикати на универзитетите во земјава. 

Андон Мајхошев претседател на синдикатот на УГД-Штип рече дека цел на денешното потпишување е заедничка соработка меѓу универзитетите и остварување на нивните права кои ги заслужуваат.

- Основната цел и поентата е да соработуваме заедно, особено во делот на активностите кои престојат по конституирање на новата Влада, а тоа е потпишување на Колективен договор за вработените во јавниот сектор. Освен тоа којшто има примарна задача влегуваат и други активности кои планираме да ги остваруваме во наредниот период. Да се вмрежиме со други јавни универзитети од соседството, непосредното опкружување и пошироко во Европа. Да соработуваме на заеднички проекти заедничка едукација, планирање на заеднички активности, кои значат заштите на правата и обврските о одговорностите на вработените во јавните универзитети, изјави Мајхошев.

Ангел Ристов, претседател на Сојузот на синдикати на УКИМ-Скопје рече дека е историски момент за сите универзитети, можност да се зголемат платите за вработените, но и бројот на вработени во високо образовните институции. Потпишувањето на Меморандумот е од огромно значење за сите синдикати.

притисни ентер