Видео: Жената што ја одгледале мајмуни во џунгла

Во својата книга, Марина Чепман открива дека мајмуните ја научиле како да преживее кога нејзините киднапери ја напуштиле во една прашума.
Чепман сега е домаќинка која живее во Англија, но тврди дека како дете поминала пет години во џунглите на Колумбија каде што ја одгледувале мајмуни.

Иако експерти не успеале да ја докажат, ниту пак да ја демантираат приказната на Чепман, таа во својата книга открива бројни детали за нејзиното киднапирање и за тоа како киднаперите на кои операцијата не им одела според планот, ја оставиле во прашума каде преживеала благодарејќи им на мајмуните.

Таа ги имитирала звуците на мајмуните, учела од нив како да се прехрани, да се качува на високите дрвја.... Нејзината приказната потсетува на таа на Тарзан, а започнува во 50-ите години од минатиот век кога таа била грабната од својот дом во Колумбија.
„Девојката без име“ е наслов на книгата во која Чепман ги опишува деталите. 

Меган и Хари ја поделија јавноста поради честите летови со скап приватен авион

Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл се на удар на јавниоста , откако за да држат предавања за климатските промени , често користат приватен авион.

Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл денеска допатуваа во Ница , на југот на Франција заедно со тромесечниот син Арчи Харисон. Кралската двојка неодамна се врати од островот Ибица , каде војвотката од Сасекс го прослави 38. роденден.

Медиумите пишуваат дека само за наем на приватниот авион трошат, трет пат за една недела, трошат 20 000 фунти. Таквите трошоци ги налутија дури и политичарите.

,,Изненадена сум од нивниот потег, особено што тие се борат толку напорно за да ја заштитат животната средина“, коментира пратеничката од Лабуристичката партија, Тереза Пирс.

Реагира и Кен Варф, поранешен шеф на одделот за заштита на покојната принцеза Дајана.

- Ќе бидам искрен - тие се лицемерни! Хари проповеда за катастрофалните ефекти од климатските промени , а постојано лета со приватни авиони, рече Варф.

Сепак, има такви што застанаа во одбрана на кралската двојка.

„Имајќи предвид дека тие се многу популарни и не можат да ги избегнат папараците и обожавателите, има смисла да патуваат со приватен авион, особено сега кога имаат бебе“, се согласија многумина.

Се ожени најголемиот холивудски ,,силеџија” (ВИДЕО)

Ѕвездата на акционите фолмови , Двејн Џонсон на романтична венчавка на Хаваите се ожени со својата долгогодишна девојка, Лорен Хашијан.

Американскиот актер Двејн ,,Карпата” Џинсон (47) објави денеска дека вчера на Хаваи се оженил со долгогодишната девојка Лорен Хашијан (34) , со која е во врска цели 12 години.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

We do. August 18th, 2019. Hawaii. Pōmaikaʻi (blessed) @laurenhashianofficial❤️ @hhgarcia41📸

A post shared by therock (@therock) on

Двајцата на форотграфијата што на Инстаграм ја објави холивудскиот ,,силеџија” се облечени во бело и со многу цвеќиња. Двајцата имаат две ќерки на возраст од 1, Тија  и од три години, Џасмин , а Џонсон од претходниот брак со продуцентката Дени Гарсија има 18 – годишна ќерка Симон.

Тој и сега е во добри односи со поранешната сопруга, која му ги пордуцира повеќето акциски филмови.  

Соборен светскиот рекорд- Британец вози велосипед со брзина над 280км/час (ВИДЕО)

Британецот Нил Кембел на авионската писта Елвингтон во северен Јоркшир постави нов светски рекорд во брзо возење велосипед.

Кембел постигна брзина од 280,557 км/час. Со тоа Кембел за 14 километри на час го надмина досегашниот светски рекорд што 24 години го држеше Холанѓанецот Фред Рампелберг , поставен во Солт Лејк Сити , САД.

Велосипедот на Кембел го повлече Порше Кајен пред да почне со сопствена сила да вози по пистата долга 200 метри и ја достигна рекордната брзина.

По соборувањето на рекордот , Британецот најави дека амбиција му е да достигне брзина од 350 километри на час со велосипед.

притисни ентер