You Tube ќе почне да наплаќа за гледање на видеата

Според Фајненшал тајмс, Јутјуб наскоро ќе почне да наплаќа за гледање на некои од видеата.


Планот и специјалната понуда за платени канали ќе бидат објавени неделава - пишува New York Times. Ќе има детски канали, забава, музика... Ќе се наплаќаат 50 канали, а месечната претплата за некои од нив ќе биде само 1,99 долари.

Претплатата на Ју Тјуб ќе доведе до големи промени во онлајн видео индустријата, која до сега се базираше само на реклами. На продуцентите на онлајн видеа ќе им донесе нов извор на приходи, а ќе значи поголем притисок за кабелската телевизија - која веќе се бори со онлајн конкуренцијата.

Сепак најголем дел од содржините на Ју Тјуб и понатаму ќе останат бесплатни.

Официјалната потврда се очекува в четврток. На прашањата од медиумите, портпаролот на Ју Тјуб изјави: За сега нема што да објавиме но можам да потврдат дека работиме на креирање на платформа за претплата што ќе овозможи поквалитетна содржина на Ју Тјуб во која корисниците ќе уживаат а нашите партнери ќе добијат нов извор на приходи од нивните содржини.

Ди Каприо како Френк Синатра во новиот филм на Мартин Скорсезе

Американскиот глумец Леонардо ди Каприо наводно ја добил улогата на Френк Синатра во новиот филм на режисерот Мартин Скорсезе.

Проектот е во рана претпродукција.

Улогата на Ава Гарднер, според првичните наводи, ќе ѝ припадне на Џенифер Лоренс, со која Ди Каприо глумеше на филмот „Не гледај нагоре“ (Don't Look Up) којшто беше номиниран за неколку „Оскари“.

Герасимовски: Решен децениски проблем на улицата ,,Наум Наумовски Борче"

Герасимовски: Решен децениски проблем со безбедноста на сообраќајот на улицата ,,Наум Наумовски Борче".

Општина Центар ја отстрани рампата на улицата „Наум Наумовски Борче” кај хотел Дувет, на раскрсницата помеѓу „Ленинова” и „Партизанска” која претставуваше проблем и пречка за функционирање на сите учесници во сообраќајот.

Со овој потег општината го реши деценискиот проблем на барање на жителите, по поднесена петиција во која се потпишаа 327 граѓани. Ова е направено во согласност со ДУП-от и за овој зафат се добиени потребните дозволи од сите надлежни институции.

На улицата се поставени столпчиња за безбедност во сообраќајот и за влегувањето на возилата во подземните гаражи. Со овој зафат се обезбедува пристапна зона која ќе биде проодна и безбедна за граѓаните.

„Конечно го решаваме долгогодишниот проблем на ваше барање. Улицата станува безбедна за пешаците и за вас жителите. На овој потег постојано се случуваа сообраќајни незгоди и затоа ова моравме да го направиме. Со вадењето на рампата воедно и ја ослободивме улицата од сите пречки поради кои имаше проблеми", им се обрати Герасимовски на собраните жители.

Општина Центар известува дека улицата ќе биде двонасочна, во широчина од 7 метри, по 3.5 од секоја страна, ќе се отстрани страничната урбана опрема и ќе се намалат надворешните тераси на угостителските објекти долж улицата „Наум Наумовски Борче”.

Со ова исто така ќе се оневозможи дивото паркирање на улицата што претходно претставуваше проблем за пешаците.

Општина Центар

Тухел за натпреварите со Реал: Баерн ќе игра против најголемиот клуб во светот

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел искажа голем респект кон Реал Мадрид, противникот на Баварците во полуфиналето на фудбалската Лига на шампиони. 

- Се надевам дека неколку играчи ќе ни се вратат назад во тимот, ќе имаме алтернативни опции и полна клупа. Во однос на тимскиот напор, подготвени се сите да се жртвуваат и заедно да ги издржиме тешкотиите. Нема друг начин да се игра на ова ниво.

Полуфиналето ќе биде сосема поинакво бидејќи стилот на Реал Мадрид е сосема поинаков од оној на Арсенал. Не сум го гледал премногу Реал Мадрид оваа сезона. Ова е еден од најтешките можни противници. Ќе играме во полуфиналето против најголемиот клуб во светот.Со нетрпение го очекуваме овој предизвик и се надеваме дека ќе бидеме на висина на задачата, изјави Тухел.

Во четвртфиналето, Баерн Минхен го совлада Арсенал (2:2, 1:0), а мадриѓаните го совладаа Манчестер сити (3:3, 1:1, 4:3 по пенали).

притисни ентер