Видео: Џастин Бибер нападнат на концерт во Дубаи

Еден од публиката скокна врз Џастин додека тој свиреше на пијано. Пијаното летна, на сцeната настана метеж!
Повеќе личеше како фанот да истрча на сцената да го прегрне Џастин, но бодигардите го спречија и „ја направија голема“.



Бибер само се оддалечи од купчето кое падна на сцената, а двајцата телохранители го одвлекоа фанот кој сигурно се покаја што се охрабри така да истрча на сцената на концертот во Дубаи.

Урбана журка од утре до 1 септември во Општина Аеродром

Општина Аеродром организира голем урбан настан „Бек ту скул вик“ (BACK 2 SCHOOL WEEK) што ќе се одржи од утре, 24 августдо 1 септември на повеќе локации низ општината.

Девет вечери, со добра музика и забава за сите генерации, низ парковите во Аеродром ќе го испратиме летото и ќе ѝ посакаме среќен почеток на новата учебна година.

Утре, 24 август (сабота), со настапи почнуваат ДНК и диџеј во паркот „Јане Сандански“.

Продолжуваме на:

- 25 август (недела) на детската улица „Тоше Проески“ со театарската претстава за деца „Зеленковци“ и настап на диџеј Мики од Радио Антена 5;

- 26 август (понеделник) во Паркот на езерата ќе уживаме во музиката на „Брејкдаун бенд“ со Пеце Суперхикс и диџеј Вера Јанковиќ;

- 27 август (вторник) во Паркот на езерата настапуваат Бендоф и диџеј Цена;

- 28 август (среда) во истиот парк ќе танцуваме во ритамот на „Саутпарк“ и диџеј Мартин од Радио Антена 5;

- истата локација ќе биде место за луда забава и на 29 август (четврток) кога ќе настапат „Кума енд д бенд“ и диџеј Баже од Антена 5;

- и на 30 август (петок) ќе ги видиме и слушнеме „Теа енд д бенд“ и неповторливиот Драган Б. Костиќ.

Сите настапи почнуваат во 20:30 часот.

Епицентарот на забавата ќе се случи на 31 август (сабота) од 19 часот, во паркот „Авионче“, а истата вечер ќе настапи и светски познатиот диџеј Пол ван Дајк. Очекуваме илјадници посетители од земјава и регионот.

BACK 2 SCHOOL WEEK ќе го заокружиме со фамилијарно дружење и „барбикју“ ден на 1 септември (недела) во паркот „Бановина“ во 18:00 часот, а ќе се релаксираме со настапите на Огнен Здравковски и незаборавните рок и екс ЈУ-хитови.          Подгответе се за уникатна забава. Ве очекуваме со позитивна енергија и многу насмевки.

Создаваме моменти за паметење!

„Volkswagen“ ќе го менува логото

Новото лого ќе биде претставено на франкфуртскиот авто- салон.

Германскиот произведувач од Франкфурт и официјално започнува транзиција кон електрични автомобили, тие ќе го лансираат првиот електричен модел од „ID“ семејството „VW ID3“, а тоа ќе биде шанска и за претставување на ново лого кое треба да симбилизира доаѓање на нова електрична ера за „VW“.

Како што велат од овој автомобилски гигант, новото лого ќе биде по смело и шарено во однос на актуелното, не се очекува да има драстични промени во структурата на дизајнот. Најверојатно и новото лого ќе биде комбинација од буквите „V“ и „W“.

Кон почетокот на 2020-та  година, новото лого ќе биде презентирано и за глобалниот базар и ќе биде користено во 171 земја т.е. секаде каде што „Volkswagen“ е присутен на пазарот.

Енди Мекдауел : Не се срамам од своите години!!

Убавата актерка Енди Мекдауел ја оправда титулата на една од најубавите актерки во Холивуд иако е веќе во седмата деценија од животот.

61 годишната Енди и понатаму изгледа одлично. Тоа го покажа и докажа на премиерата на својот нов филм „ Ready Or Not" одржана во Лос Анџелес, кога воодушеви со своето провокативно издание.

Енди на премиерата се појави во тесен фустан со голи рамена и со длабок шлиц на левата нога, поради што нејзината совршена става дојде до израз.

притисни ентер