Стечајни управници го оштетиле АД Југ Tурист Куманово за 500 илјади евра

Управата за финансиска полиција до основното јавно обвинителство во Куманово поднесе кривични пријави против тројца стечајни управници на АД Југ Турист – Куманово за злоупотреба на службената положба и овластување.

Стечајните управници во периодот од 2004 до 2009 преку неодобрено трошење на паричните средства на АД Југ Турист Куманово и без одобрување од стечајниот совет причиниле загуба во работењето на штета на акционерското друштво во вкупен износ од 30 милиони денари .

Пријавените стечајни управници , парите кои фирмата ги добила од продажба на градежни објекти ,основни материјални средства и од редовното работење ги трошеле на незаконит начин.

Средба Пендаровски-Поповски: И Претседателот ќе ја користи алатката за службени трошоци

Претседателот Стево Пендаровски се сретна со министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски.

На средбата министерот Поповски го запознал Претседателот Пендаровски со заложбите на владата за целосна транспарентност и отчетност, презентирајќи му ја алатката за јавно објавување на службени трошоци на носителите на јавни функции.

Претседателот Пендаровски ја потврдил неговата определба за транспарентно и отворено работење и ја прифатил поканата Претседателот и неговиот кабинет да ја користат алатката, веднаш штом се создадат технички услови за тоа..

Двајца повредени во сообраќајка под Плетвар

Двајца се полесно повредени при сообраќајната несреќа што се случила претпладнето на патот Градско-Прилеп, на 20-ина километри под превојот Плетвар. 

Повредените се префрлени во прилепската градска болница на испитување и на лекување.

Според првичните информации од службата за итна медицинска помош од Прилеп, која била повикана да интервенира во 9.50 часот, сообраќајната несреќа била помеѓу камион и автомобил. Повредените не се во животна опасност.

Јовески: Нема законски и други пречки Интерпол да објави потерница по Груевски

 Верувам дека нема законски или било какви други пречки потерницата за поранешниот премиер Никола Груевски да не биде објавена на листата на Интерпол, изјави денеска јавниот обвинител  Љубомир Јовески.

– Во скоро време ќе се реши таа состојба. За тоа е задолжена обвинителката Вилма Русковска, како напредува во тој дел мене не ми е познато, но верувам дека нема законски или било какви пречки потерницата да не биде објавена на листата на Интерпол, изјави Јовески, одговарајќи на новинарско прашање до каде е постапката за потерницата по Груевски.

Во однос на тоа дали до крајот на мај ќе има обвинение или не, Јовески, рече дека не може во оваа фаза да се говори за тоа и дека не сака ништо да прејудицира.

– Во овој момент може да се говори дека истражната постапка е при крај и откако ќе заврши истражната постапка ќе се знае каква одлука ќе донесе Јавното обвинителство. Дали ќе поднесе обвинение или ќе донесе друг вид на јавно обвинителска одлука. Не сакам да се прејудицираат работите во овој момент, едноставно може да се каже дека таа постапка се приведува при крај и врз основа на резултатите од постапката јавниот обвинител ќе донесе соодветна одлука која ќе ја заснова на резултатите од пред истражната постапка, изјави Јовески по потпишувањето на меморандумот за соработка меѓу Академијата за судии и обвинители, ЈОРМ и ОБСЕ/ОДИХР. 

притисни ентер