Линдзи Лохан сакала и жени

Пред да замине на одвикнување, 26-годишната старлета во интервјуто со Пирс Морган отворено зборуваше за својот живот, користењето на дрогите и за сексот.

На прашањето на Морган дали мисли дека е бисексуална, Лохан одговори: „Не. Сакам да сум во врска со маж. Но, нештата се поинакви кога сум со жена. Кога бев со Саманта, не сакав да заминам, да останам сама иако целата врска беше исклучително токсична, а нејзините родители ме контролираа во се што правев. Бев во врски со жени, но мислам дека на сите им е потребно такво искуство и дека само барав нешто поинакво“.

Последната врска на Лохан беше со музичарот Ави Снов, но нејзината, како што вели, последна сериозна врска, била со Саманта Ронсон.

Македонија гласа на првиот круг претседателски избори

Македонија по 7 пат бира претседател на државата. Гласачките места  ќе бидат отворени  до 19 часот. 

По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.право на глас имаат вкупно 1.814.317 избирачи, а според заклучениот избирачки список на Државната изборна комисија, за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи. Вчера на 31 избирачко место гласаа и нашинци во дијаспората, како и затворениците и болните и немоќни лица. Утринава нашата екипа е на отворањето на гласачките места во Влае. Таму е Игор Манасивски.

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

Лични документи можат да се подигнат и денеска

Лични документи можат да се подигнат и денеска, на денот на изборите, информираат од МВР.

- Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 24.04.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот, соопштуваат од МВР.

Исто така, граѓаните на Скопје, ќе можат своите лични карти да ги подигнат во полициските станици во Скопје.

Јавниот превоз во Скопје со неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Јавниот превоз денеска ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи, соопшто Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

притисни ентер