Фото:Најскапите куќи на светот

Куќи од кој боли глава . Најскапата куќа на светот верувале или не вреди огромни една милијарда долари и се наоѓа во Индија.
Зградата Антила е во сопственост на петтиот најбогат човек во светот Мукеш Амбаниј .
Оваа палата од  27 ката има балски балкон, градина на четири спрата  и паркинг кој се простира на шест ката, но зградата има и цел кат со џакузи посветен на здравјето и релаксацијата .

Вила Леоплод во Франција е најскапата куќа на светот со вредност од неверојатни 750 милиони долари. Овој дворец во Франција е направен и изграден специјално за белгискиот крал Леополд , и токму поради тоа го носи и името Вила Леополд.
Во моментов ова грандиозно здание е во сопственост на рускиот милијардер Михаил Прохоров.
Вилата Леополд  дури 19 спални, а околу дворецот се простираат огромни зелени површни,за чие одржување се потребни 50 градинари со полно работно време.



Вила Елена Викториан со вредност од 161 милион долари е исто така е во елитното друштво на најскапи куќи во светот. Овој дворец кој се наоѓа во Лондон Англија пред да биде преуреден  во куќа за живеење се користел како ексклузивно училиште за девојки.

Сега вилата Елена Викториан има 10 спални соби , кино,  затворен базен ,теретана и сауна.


Харст Кастел е дворец од 90 милиони долари  кој се наоѓа во Калифорнија во Сан Симеон. Овој луксузен дом е познат и како куќата во која беше снимен светскиот филмски мега хит „Кум“ , а во неа поранешниот претседател на САД Џон Кенеди го  прослави својот меден месец.

Дали 64 гигабајти му се доволни на вашиот паметен телефон?

Една од основните и најважни карактеристики на било кој паметен телефон е просторот за складирање податоци. Тој игра главна улога во сигурноста дали вашиот нов уред ќе можете да го користите како што сакате.

Просторот за складирање кај телефоните станува се побитен, всушност апликациите со секој нов аптејт стануваат се потешки, исто така и игрите а да не зборуваме за фотографиите и видео фајловите кои телефоните ги прават.

Доколку на сето тоа се додадат и филмовите, сериите и песните кои сакате да ги имате во секој момент на располагање не е ни чудо што на многу корисници веќе после неколку месеци користење им снемува простор за складирање на податоци. На некои им се доволни 128 гигабајти, на други пак 512 гигабајти им се малку.

Многу телефони и понатака се испорачуваат со простор за складирање од 64 гигабајти а кај некои нискобуџетни телефони таа бројка е и помала. Сепак со добро менаџирање на податоците, доколку на вашиот телефон складирате само неопходни работи и редовно ги отстранувате непотребните фајлови 64 гигабајти се и повеќе од доволни, всушност за користење на основните секојдневни апликации и 16 гигабајти се сосема доволно а секогаш треба да имаме во предвид дека одредени телефони имаат и слот за мемориска картичка што може да ја зголеми меморијата на телефонот и до 1 терабајт.

Успешно оперирани уште две деца со сериозни срцеви аномалии во „Аџибадем Систина"

Уште две успешни кардиохируршки интервенции се извршени кај двомесечно бебе и дете на возраст од една година и осум месеци на Одделот за детска кардиохирургија во Клиничката болница „Аџибадем Систина".

Кај двомесечното бебе кај кое постои тешка пулмонална хипертензија и отсуство на еден бубрег е затворен дуктус артериозус, додека кај детето на возраст од една година и осум месеци кое било родено со срцева мана тоа беше втора операција, откако на возраст од само три недели му била направена палијативна хируршка интервенција на срцето со цел да порасне доволно и да биде подготвено да се направи комплетна хируршка корекција на срцето, по што неделава во „Аџибадем Систина" му беше извршен целосен оперативен третман на вродена срцева мана тетралогија фалот, информираат од болницата.

Двете операции се покриени од Фондот за здравствено осигурување и беа извршени со консултативна поддршка на исклучителни професионалци, специјалисти од болниците на „Аџибадем" од Истанбул.

Претходно во болницата „Аџибадем Систина" беа оперирани и бебиња на девет и 11-месечна возраст. Операциите ги надгледуваше проф. д-р Тајар Сариоглу, детски кардиохирург од болницата „Аџибадем Бакаркој" од Истанбул, кој е пионер на детската кардиохирургија во Турција.

– Пред две недели веќе направивме две големи операции на отворено срце кај деца во „Аџибадем Систина". Докторите од Турција се само поддршка на тамошните лекари и ние само ги надгледуваме операциите. Нив ги изведуваат тамошните лекари, кои се многу добро обучени и кои се специјалисти во оваа област. Болницата е многу добро опремена за извршување кардиохируршки интервенции и поседува најсовремена опрема, истакна проф. д-р Тајар Сариоглу пред македонските новинари кои беа во посета на болниците „Аџибадем" во Истанбул.

Потребата за отворање оддел за детска кардиохирургија во „Аџибадем Систина" во Скопје, посочува докторот, произлегува од големиот број пациенти од Балканот кои доаѓале за срцеви интервенции во болниците на „Аџибадем" во Турција и планот е да прерасне во регионален центар за детска кардиохирургија и во иднина да се извршуваат сите видови хируршки интервенции кај деца, а дотогаш најкомплексните операции ќе се препраќаат во болниците на „Аџибадем" во Турција.

Во овие болници на годишно ниво се извршуваат околу 600 операции, а над 95 отсто од нив се успешни. Најчести се вродените срцеви аномалии, а од голема важност, како што нагласи проф. д-р Сариоглу, е тие да бидат направени во првите три месеци по раѓањето. Потенцира дека поради специфичноста на детската кардиохирургија, операции кај деца може да извршува само детски кардиохирург.

– Детската кардиохиргија е многу специфична гранка. Разликата меѓу детски кардиохирург и кардиохирург за возрасни е огромна. Во никој случај не смее кардиохирург за возрасни да оперира деца. Детскиот кардиохирург мора да биде обучен и да има големо искуство зад себе. Не само кај нас, и во Европа и во целиот свет за да оперираш бебе или дете мора да бидеш специјалист за детска кардиохиругија, додаде д-р Сариоглу.

Тим од десетина специјалисти кардиохирурзи, кардиолози, сестри, анестезиолози, перфузионисти со над 20-годишно искуство ќе им бидат на располагање на македонските лекари од Одделот за детска кардиохирургија во „Аџибадем Систина". Тие имаат извршено повеќе од 15.000 операции. /МИА

Хуманитарен фестивал за деца со попреченост во развојот „Од децата за децата" во Кинотека

Хуманитарен фестивал за деца со попреченост во развојот „Од децата за децата" ќе се одржи денеска во Кинотека, во организација на Здружението за култура „Македонски вознес".

Наместо влезница посетителите треба донесат прибор за училиште. Сите прибори за училиште ќе бидат наменети за учениците од ПОУ „Д-р. Златан Сремец" – Скопје и ДУРДМОВ „Димитар Влахов".

Присутните ги очекува одлична атмосфера и многу другарување со децата од државава кои ќе бидат таму со своите родители и ментори. Децата со попреченост во развојот и нивните родители секојдневно се соочуваат со потешкотии и предизвици кои можат да ги надминат, верувајќи дека постојат луѓе во државава кои ги сакаат и можат да ги поддржат, посочуваат организаторите. /МИА

притисни ентер