Кој ќе отпадне од трката за наследник на Црвенковски?

Се бара јунак кој ќе се откаже од трката за претседател на СДСМ. Извршниот одбор во име на единството, им порачал на Заев, Јовановски и Ивановски селекцијата да ја направат самите, а неофицијално, со најголеми шанси за наследник на црвенковски, бил струмичкиот градоначалник. Кандидатите добија рок од два дена. Наумов, пак своите конкуренти ги повика на кафе. Кандидатурата на Црвенковски ке се разгледува директно на конгресот.
Кире Наумов еден од кандидатите прв се огласи во јавноста по синоќешната седница на Извршен одбор на СДСМ. Ги покани на кафе Заев, Јовановски и Ивановски.

- Во духот на мојата заложба за фер и демократска и сопартијска кампања ќе ги поканам останатите кандидати на заедничка неформална средба во текот на денот, стои во писмената изјава на Наумов. 

Наумов вели дека на денешната средба  со генералниот секретар Андреј Петров, бил информиран оти кандидатурата му е прифатена и оти биле направени измени во роковникот.

- Целта на ова одложување било да се остави време на останатите тројца кандидати евентуално да се договорат за намалување на бројот на кандидатури.

Претставувањето на програмите пред општинските организации ќе започне од понеделник.

Струмичкиот градоначалник Зоран Заев за Канал5 изјави дека  ја прифатил поканата на Наумов. За Канал 5 вели дека е добро за партиското единство сите четворица кандидати да седнат заедно на маса и да усогласат заедничка позиција. Според Заев целта на ваквиот договор би бил колку што е можно повеќе намалување на бројот на  кандидатите. Тој очекува СДСМ по конгресот да излезе надежна перспективна и силна политичка партија

Сепак и по синоќешниот извршен на Бихаќка останува неизвесноста - дали Црвенковски ќе биде во трката за избор на нов лидер.  Иницијативниот одбор се премисли и неговата кандидатура заедно со 20-те илјади потписи, ќе ја доставува директно на Конгресот.

САД тестираа нуклеарна ракета , досега забранета со договорот со Русија

Американскаста војска тестираше конвенционална нуклеарна крстаречка ракета земја- воздух , која до сега беше забранета.

Со договорот од 1987 меѓу САД и Русија , беше забрането поседувањето на ракети од краток и среден дострел, каква што е вчера тестираната на опстровот Сент Николас.

Во Калифорнија беше лансирана ракета , која успешно ја погоди целта по 500 километри лет , соопшти Пентагон.

Таквите ракети со дострел од 500 до 5 500 километри беа забранети , се до минатиот месец , кога САД и Русија се повлекоа од Договорот ИНФ за нуклеарно разоружување , постигнат во 1987 година меѓу Михаил Горбачов и Роналд Реган.

Кинеските власти користеле Фејсбук и Твитер против демонстрантите во Хонг Конг

Кинеските власти употребиле околу илјада Твитер профили и нешто помалку Фејсбук профили за да ги дискредитираат и внесат раздор меѓу демонстрантите во Хонг Конг , соопштуваат од овие социјални мрежи.

Твитер укина 986 профили кои биле ,,координирани во рамки на акцијата што ја водела државата за да го минира легитимитетот и политичките позиции “ на демонстрантите , наведува Твитер. Фејсбук соопшти дека од исти причини укинал седум страници и три групи , поврзани со поединци кои се поврзани со властите во Пекинг.

Протестите во Хонг Конг почнаа на 9. јуни поради незадоволството од мешањето на Кина во автономијата на градот , за вчера да прераснат во масовен протест на кој учествуваа 1,7 милион демонстранти кои бараат целосно одвојување од Кина.

Пекинг за протестите ги обвинува другите земји ,како Соединетите американски држави.

Младоженецот од крвавата свадба во Кабул: Требаше тоа да ми биде најсреќниот ден (ВИДЕО)

Младоженецот на крвавиот масакр на свадбата во Кабул , каде загинаа 63 , а се повредени 180 гости , скршен од болка раскажува за трагичниот бомбашки напад.

Исламската држава ја презеде одговорноста за стршниот напад на бомбаш самоубиец на свадба во Кабул , каде загинаа 63, а се повредени над 180 гости. Младоженецот Мирвас Елми и неговата невеста го преживеаја нападот,  а тој низ солзи раскажува за трагедијата. Тој во самоубиствениот бомбашки напад го загубил својот брат и голем број роднини.

- Мојата невеста и моето семејство се во целосен шок, не можат да разговараат. Постојано паѓаат во несвесност. Ја изгубив целата надеж. Брат ми беше убиен, ги загубив роднините, моите пријатели. Никогаш повеќе нема да доживеам среќа во животот - рече видно потресениот младоженец.

Тој потврди дека е во сериозно тешка психичка  состојба.

- Не можам да одам на погреби,  премногу сум слаб. Знам дека ова нема да биде последно страдање на авганистанскиот народ, страдањата ќе продолжат - рече тој.

Таткото на невестата им кажа на новинарите дека изгубил дури 14 членови на семејството во вчерашниот напад во сала за венчавки во Кабул , каде што имало 1 200 гости и сватови , најголемиот број од шиитско малцинство.

притисни ентер