Вработените во McDonalds рестораните во Македонија остануваат на работа

Сите 236 вработени во McDonalds рестораните во Македонија остануваат на своите работни места. Ова е главната порака што денеска им беше пренесена на сите вработени од страна на сопственикот на компанијата „СЈ“, Светозар Јаневски.
Средбата, како што соопштија од компанијата, беше иницирана по негово барање и на неа присуствуваа и претставници на менаџментот на компанијата која управува со McDonalds франшизата во Македонија.

„Воедно вработените беа уверени дека компанијата продолжува со работа и покрај привременото затворање на рестораните, кое настана како последица на околности на кои компанијата „СЈ“ не можеше да влијае.

Компанијата „СЈ“, франшиза на McDonalds за Македонија од 1997-ма година, ќе продолжи да бара решение кое ќе ни овозможи повторно да ги отвориме вратите на нашите ресторани, што е можно побрзо. За таа цел, се надеваме на корисни преговори со McDonalds корпорацијата, кои ќе овозможат да продолжи функционирањето на McDonalds франшизата во што досега се инвестирани над 6 милиони евра, што секако ќе биде во интерес на потрошувачите, сите вработени и заедницата, беше констатирано на денешниот состанок наменет за информирање на сите вработени во McDonalds рестораните во Македонија за новонастаната ситуација“, се вели во соопштението.     

САД тестираа нуклеарна ракета , досега забранета со договорот со Русија

Американскаста војска тестираше конвенционална нуклеарна крстаречка ракета земја- воздух , која до сега беше забранета.

Со договорот од 1987 меѓу САД и Русија , беше забрането поседувањето на ракети од краток и среден дострел, каква што е вчера тестираната на опстровот Сент Николас.

Во Калифорнија беше лансирана ракета , која успешно ја погоди целта по 500 километри лет , соопшти Пентагон.

Таквите ракети со дострел од 500 до 5 500 километри беа забранети , се до минатиот месец , кога САД и Русија се повлекоа од Договорот ИНФ за нуклеарно разоружување , постигнат во 1987 година меѓу Михаил Горбачов и Роналд Реган.

Кинеските власти користеле Фејсбук и Твитер против демонстрантите во Хонг Конг

Кинеските власти употребиле околу илјада Твитер профили и нешто помалку Фејсбук профили за да ги дискредитираат и внесат раздор меѓу демонстрантите во Хонг Конг , соопштуваат од овие социјални мрежи.

Твитер укина 986 профили кои биле ,,координирани во рамки на акцијата што ја водела државата за да го минира легитимитетот и политичките позиции “ на демонстрантите , наведува Твитер. Фејсбук соопшти дека од исти причини укинал седум страници и три групи , поврзани со поединци кои се поврзани со властите во Пекинг.

Протестите во Хонг Конг почнаа на 9. јуни поради незадоволството од мешањето на Кина во автономијата на градот , за вчера да прераснат во масовен протест на кој учествуваа 1,7 милион демонстранти кои бараат целосно одвојување од Кина.

Пекинг за протестите ги обвинува другите земји ,како Соединетите американски држави.

Младоженецот од крвавата свадба во Кабул: Требаше тоа да ми биде најсреќниот ден (ВИДЕО)

Младоженецот на крвавиот масакр на свадбата во Кабул , каде загинаа 63 , а се повредени 180 гости , скршен од болка раскажува за трагичниот бомбашки напад.

Исламската држава ја презеде одговорноста за стршниот напад на бомбаш самоубиец на свадба во Кабул , каде загинаа 63, а се повредени над 180 гости. Младоженецот Мирвас Елми и неговата невеста го преживеаја нападот,  а тој низ солзи раскажува за трагедијата. Тој во самоубиствениот бомбашки напад го загубил својот брат и голем број роднини.

- Мојата невеста и моето семејство се во целосен шок, не можат да разговараат. Постојано паѓаат во несвесност. Ја изгубив целата надеж. Брат ми беше убиен, ги загубив роднините, моите пријатели. Никогаш повеќе нема да доживеам среќа во животот - рече видно потресениот младоженец.

Тој потврди дека е во сериозно тешка психичка  состојба.

- Не можам да одам на погреби,  премногу сум слаб. Знам дека ова нема да биде последно страдање на авганистанскиот народ, страдањата ќе продолжат - рече тој.

Таткото на невестата им кажа на новинарите дека изгубил дури 14 членови на семејството во вчерашниот напад во сала за венчавки во Кабул , каде што имало 1 200 гости и сватови , најголемиот број од шиитско малцинство.

притисни ентер