Трескавична борба за два животи: Умрела на породување, родила бебе, а потоа оживеала!

Ерика Нигерли добила срцев напад во училницата каде предавала додека била во 9от месец од бременоста. Нејзиното срце престанало да работи!
- Господе, бремена е лежи на пдот со пена на устата, не реагира на ништо - снимен е очајничкот повик до лекарите на нејзиниот сопруг кој бил во истото училиште во моментот кога неговата сопруга се борела со смртта. 

Уште во училиштето со дефибрилатор е направен обид жената да се врати во живот. Таа веќе била во клиничка смрт кога дошле лекарите. Обидите за нејзино оживување морале да бидат запрени за да се спаси бебето. Бргу била пренесена во болница. Со царски рез тоа е извадено од мајката, здраво и живо, а потоа лекарите не чекале ни момент - ја отвориле Ерика и и вградиле пејсмејкер. Ерика преживеала.

- Се оженив со жена борец а сега имам и ќерка борец - вели Нејтан Нигерли пресреен што со него се сега веќе неговата 3 месечна ќерќа Елејна и сопругата.

Тројца колеги од средното училиште кои укажале клучна помош уште во училницата се одликувани од надлежните во Мисури Сити, Тексас./извор WCVB News center 5

Фиат го унапредува семејството Типо

Италијанската компанија Фиат сака во Европа да ги унапреди моделите од семејството Типо и во својот пакет да понуди значително повеќе опции.

Типо во понудата ќе ги има сите три модели на каросерии- хечбек, седан и караван со различни типови на дизајни и некако ќе личи на спортски тип на автомобил и ќе биде поевтин.

Тоа што ќе биде новост е дека Фиат свесно повеќе работи на комфорот и развојот на технологијата, исто така ќе можат да понудат „ксенон“ светла напред и надвор, затемнети стакла и безбедносен пакет.

Некои Типо модели ќе имаат автоматска клима, сензори за паркинг, радио со екран на допир и кожен волан.

Типо најверојатно ќе користи 1.4 литарси атмосферски мотор со четири цилиндри кој ќе има 95 коњски сили, потоа 1.4 литарски турбо-бензин мотор со 120 коњски сили а тука е и 1,3 литарски турбо- дизел со 95 коњски сили или турбо- дизел 1.6 литарски со 120 коњски сили.

Ѕвездите откриваат како ќе им изгледаат настапите на „MAC“!

 Брена, Тончи, Калиопи, САРС и Александра Радовиќ со своите впечатоци од генералната проба.

„MAC“ спектаклот во белградска Арена започнува за неколку часа, а ѕвездите кои настапуваат ги завршија генералните проби и своите впечатоци ги споделија со нас. Лепа Брена вели дека за гледачите подготвила вистински мал спектакл кој трае 6-7 минути: „Ќе биде тоа нешто навистина преубаво и фантастично, еден опус кој ги поврза моите 40 години работа, искрено се надевам дека многу ќе им се допадне на публиката.

Калиопи вели дека веќе по првиот одгледан „MAC“ минатата година веднаш посакала овој пат да настапи на таа сцена. По генералната проба, нејзините впечатоци се повеќе од позитивни: „Во моите 4 минути додека пеам ќе уживам максимално, дојдов со својот бенд, ќе настапуваме во живо така што се случува на моите концерти, а „MAC“ ќе се потруди на приказната да и додаде маестрално и нереално светло, за тоа се да изгледа волшебно“.

Тончи Хулиќ на публиката на „MAC“ ќе и се прикаже на еден малку поразличен начин, со песна која на сите им е добро позната: „ Ќе чуете една класична обработка на моја песна која беше пишувана за Оливер Драгоевиќ, „Два пут сан умра“ во една потполно нова изведба со оркестар и со хор“.

Александра Радовиќ на гледачите на „MAC“ им ветува прекрасна жива свирка во добра атмосфера, по која таа и нејзиниот бенд се познати: „Јас сум позната по настапите во живо, и вечерва исто така ќе биде настап во живо, мислам дека мене публиката заради тоа и ме сака, мојот бенд прекрасно свири, ние сме добро уиграна екипа, така да настапот е базиран на прекрасна жива свирка и добра атмосфера“.

Жарко САРС по генералната проба е фасциниран од големината на вината и огромните ЛЕД екрани кои се важен дел од овој настап: „ Сцената изгледа грандиозно пред се заради ЛЕД екраните кои се преголеми.Кога малку се оддалечив од бината и дојдов на предниот дел, се свртев и погледнав, изгледа баш грандиозно, во текот на настапот имам убава видео позадина на екраните, можам да кажам дека ќе бидат ќе има доста луѓе на сцената, супер е приказната , и едвај чекам да искочиме на свена и да искинеме!“

Преносот на црвениот тепих од „MAC“ започнува вечерва во 19:30 а почетокот на манифестацијата е во 21 часот, церемонијата можете да ја следите на Канал 5 телевизија.

Стартуваа превентивни мерки против коронавирусот, надлежните тврдат дека нема простор за паника

Попладнево патниците кои слетаа од Дубаи на скопскиот аеродром, први беа скенирани со термо камера. Стартуваа превентивните мерки во земјава против Корона вирусот.

„Патниците од Истанбул и Дубаи, местата кои имаат врска со регионот во Кина, каде што е жариштето на вирусот денеска на Скопскиот аеродром ја поминаа термо камерата.“

Здравствените екипи кои ја правеа проверката велат дека скенирани биле само дел од патниците кои слетале од Дубаи, но на ниеден од нив не се забележале никакви симптоми. Смируваат дека нема простор за паника, но сепак камерата не претставува стопроцентна сигурност дека нема заболени.

„На почетокот се сетираше камерата, јас не го фатив почетниот дел од патниците кога доаѓаа, но потоа камерата функционираше. Но, да се разбереме кога доаѓаат патниците доколку се во период на инкубација можно е да не покажат покачена температура, а да бидат носители на вирусот, така да ова ни е само еден дел од превентивните мерки, што не значи дека и тука ако не регистрираме покачена температура дека можеби немаме патник кој е носител на Корона вирусот“,истакна Марија Гочевска, епидемиолог .

Властите во земјава смируваат дека нема простор за паника, но вирусот во Кина стави во карантин над 50 милиони жители. Од  МНР велат дека токму во Кина престојуваат 100 македонски државјани. Нема заболени македонци, а властите се во постојан контакт со нив.

Податоците на МВР пак покажуваат дека последните два месеци од минатата година земјава ја посетиле преку 1200 кинески државјани.

Вакцина за Корона вирусот нема, се очекува да биде произведена за најмалку една година.

притисни ентер