Пијан возел и имал секс, направил судар - жената повредена!

Имал секс во автомобилот додека возел. Удрил во друг автомобил бидејќи поминал на црвено. Тука не завршува драмата!
Луис Брионес (25) од Њу Мексико направил многу глупости за една вечер. Откако направил судар бидејќи возел пијан додека во исто време имал секс со девојката, таа испаднала од автомобилот! Луис подзастанал да види што се случило, а потоа се обидел да избега! 

Но, сведок на несреќата го спречил вадејќи ги клучевите од автомобилот.

Следното нешто пшто Луис го направил - се сокрил од полицијата зад кактус!

21 годишната девојка која била со него има повреди на лицето и била пренесена во болница, а Луис е уапсен.

Ѕвездите откриваат како ќе им изгледаат настапите на „MAC“!

 Брена, Тончи, Калиопи, САРС и Александра Радовиќ со своите впечатоци од генералната проба.

„MAC“ спектаклот во белградска Арена започнува за неколку часа, а ѕвездите кои настапуваат ги завршија генералните проби и своите впечатоци ги споделија со нас. Лепа Брена вели дека за гледачите подготвила вистински мал спектакл кој трае 6-7 минути: „Ќе биде тоа нешто навистина преубаво и фантастично, еден опус кој ги поврза моите 40 години работа, искрено се надевам дека многу ќе им се допадне на публиката.

Калиопи вели дека веќе по првиот одгледан „MAC“ минатата година веднаш посакала овој пат да настапи на таа сцена. По генералната проба, нејзините впечатоци се повеќе од позитивни: „Во моите 4 минути додека пеам ќе уживам максимално, дојдов со својот бенд, ќе настапуваме во живо така што се случува на моите концерти, а „MAC“ ќе се потруди на приказната да и додаде маестрално и нереално светло, за тоа се да изгледа волшебно“.

Тончи Хулиќ на публиката на „MAC“ ќе и се прикаже на еден малку поразличен начин, со песна која на сите им е добро позната: „ Ќе чуете една класична обработка на моја песна која беше пишувана за Оливер Драгоевиќ, „Два пут сан умра“ во една потполно нова изведба со оркестар и со хор“.

Александра Радовиќ на гледачите на „MAC“ им ветува прекрасна жива свирка во добра атмосфера, по која таа и нејзиниот бенд се познати: „Јас сум позната по настапите во живо, и вечерва исто така ќе биде настап во живо, мислам дека мене публиката заради тоа и ме сака, мојот бенд прекрасно свири, ние сме добро уиграна екипа, така да настапот е базиран на прекрасна жива свирка и добра атмосфера“.

Жарко САРС по генералната проба е фасциниран од големината на вината и огромните ЛЕД екрани кои се важен дел од овој настап: „ Сцената изгледа грандиозно пред се заради ЛЕД екраните кои се преголеми.Кога малку се оддалечив од бината и дојдов на предниот дел, се свртев и погледнав, изгледа баш грандиозно, во текот на настапот имам убава видео позадина на екраните, можам да кажам дека ќе бидат ќе има доста луѓе на сцената, супер е приказната , и едвај чекам да искочиме на свена и да искинеме!“

Преносот на црвениот тепих од „MAC“ започнува вечерва во 19:30 а почетокот на манифестацијата е во 21 часот, церемонијата можете да ја следите на Канал 5 телевизија.

Стартуваа превентивни мерки против коронавирусот, надлежните тврдат дека нема простор за паника

Попладнево патниците кои слетаа од Дубаи на скопскиот аеродром, први беа скенирани со термо камера. Стартуваа превентивните мерки во земјава против Корона вирусот.

„Патниците од Истанбул и Дубаи, местата кои имаат врска со регионот во Кина, каде што е жариштето на вирусот денеска на Скопскиот аеродром ја поминаа термо камерата.“

Здравствените екипи кои ја правеа проверката велат дека скенирани биле само дел од патниците кои слетале од Дубаи, но на ниеден од нив не се забележале никакви симптоми. Смируваат дека нема простор за паника, но сепак камерата не претставува стопроцентна сигурност дека нема заболени.

„На почетокот се сетираше камерата, јас не го фатив почетниот дел од патниците кога доаѓаа, но потоа камерата функционираше. Но, да се разбереме кога доаѓаат патниците доколку се во период на инкубација можно е да не покажат покачена температура, а да бидат носители на вирусот, така да ова ни е само еден дел од превентивните мерки, што не значи дека и тука ако не регистрираме покачена температура дека можеби немаме патник кој е носител на Корона вирусот“,истакна Марија Гочевска, епидемиолог .

Властите во земјава смируваат дека нема простор за паника, но вирусот во Кина стави во карантин над 50 милиони жители. Од  МНР велат дека токму во Кина престојуваат 100 македонски државјани. Нема заболени македонци, а властите се во постојан контакт со нив.

Податоците на МВР пак покажуваат дека последните два месеци од минатата година земјава ја посетиле преку 1200 кинески државјани.

Вакцина за Корона вирусот нема, се очекува да биде произведена за најмалку една година.

Пилотот на хеликоптерот во кој загина Брајант бил предупреден дека лета прениско

Светскиот спорт е завиен во црно. Коби Брајант еден од најдобрите кошаркари во историјата загина во хеликоптерска несреќа во близина на Лос Анџелес. 

Покрај Коби во несреќата загинаа и неговата  13- годишна ќерка Џијана и уште шест патници и пилотот.

41 годишниот Брајант со ќерката Џијана со својот приватен хеликоптер  одел на натпревар  каде што требало да биде специјален гостин. Но, хеликоптерот поради лошите временски услови, густа магла удрил во планина и се запалил.

Според американските медиуми хеликоптерот неколку пати ја менувал висината и кружел, најверојатно чекајќи густата магла да се подигне. 

Пилотот на хеликоптерот пред да се удри во ридот бил предупреден дека лета опасно ниско, со брзина од речиси 300 километри на час, објавија американските медиуми.

Американскиот ФБИ веднаш по несреќата во која трагично загинаа  6 возрасни и три малолетни лица  меѓу нив се и легендарниот Коби Брајант  неговата ќерка  отвори истрага и го истражува местото на падот на хеликоптерот.

Коби Брајант светскиот спорт ќе го памети како еден од најдобрите кошаркари во историјата. Освои 5 шампионски прстени во НБА,  со репрезентацијата на САД стигна до олимпиското злато.

Од популарната „црна мамба“ се простува не само НБА кошарката во која Брајант  освои многу титули и лични признанија  туку и светски политичари, спортисти, актери пејачи и многу познати личности.

Неговиот соиграч од шампионските денови во Лејкерси Шекил Онил за трагичната несреќа напиша .

-Ја загубив мојата другарка Џијана и мојот брат Коби.

Најдобриот светски фудбалер Лионел Меси истакна дека е горд што го познавал.

Новак Ѓоковиќ секогаш ќе се сеќава на својот ментор и пријател.

-Никогаш нема да ја заборавам неговата насмевка.

Најголемиот меѓу големите Мајкл Џордан за загубата на својот легитимен наследник на теренот напиша.

-Го сакав Коби. Ми беше помал брат. Често зборувавме и тие разговори сигурно ќе ми недостасуваат.

Неутешни се и фановите кои веднаш по трагичната несреќа се собраа пред домот на  Лејкерси Стејплс Центарот во Лос Анџелес за  заедно да тагуваат

Кошарката беше негова опсесија целиот живот, 20 години беше дел од најдоброто светско првенство. Ова опсесија тој ја пренесе и на неговата ќерка Џијана која тргна по стапките на својот славен татко.

Инаку Кобе Брајант повеќе од 20 години беше во брак со Венеса  со која имаше четири ќерки.

НБА синоќа не можеше да ги откаже  предвидените натпреварите по трагичната смрт на легендарниот Брајант но кошаркарите и навивачите секој на свој начин му оддадоа почит на големиот Коби.

Многу од кошаркарите настапија во патики на кои пишуваше Коби.Тимот на Далас  во чест на легендарниот Коби го повлече дресот со број 24, Феникс и Мемфис во првите  24 секунди од мечот со стоечки овации се разделија од трагично загинатиот Брајант.

притисни ентер