Потресни сведочења на братот и сестрата кои 20 години живееле заклучени дома!

Братот и сестрата никогаш не биле ниту на лекар, ниту на училиште, а мајката секогаш успеала да ги скрие, ако некој ги побарал, се до нејзината смрт, кога тие најпосле излегле од дома. Еве што велат децата за својот досегашен живот.
Детство меѓу четири ѕида и живот во целосна изолација. За 23-годишниот Марко и две години помладата Маријана, затскриениот прозорец од семејната куќа во Пожаревац, 20 години им бил единствениот контакт со светот.

-Ги гледавме врсниците како одат на училиште и се враќаат, а ние се прашувавме зошто ние не можеме. Никој не знаеше кои сме, ниту дека постоиме, вели Марко Станковиќ.

-Најтешко ми беше што немав ниту другарка и што никогаш нема да имаме матурска вечер, вели неговата сестра, Маријана Станковиќ.

Се почнало кога ги напуштил татко им, а мајка им останала столб на семејството. Со тоа, почнале и нејзините стравови дека ако децата ги пушти надвор, може да им се случи најлошото. 

-Поради своите патолошки стравови дека ќе не убие вакцина. Најмногу се плашеше од вакцинацијата и од тоа дека ќе не киднапира татко ни и ќе ни ги продаде органите во Италија, раскажа Маријана.

Мајката им давала безгранична љубов, затоа и станале жртви на нејзините стравови. Никогаш не биле на лекар. Играле во тишина за да не ги чујат соседите, а телевизорот им бил единствен прозорец кон реалноста. Така научиле и неколку странски јазици. По нејзината смрт прв пат зачекориле во надворешниот свет, од кого мајка им две децении успешно ги криела, а за што алармирале нивните баба и дедо. 

-Нашите служби повеќе пати се обидоа да ги најдат децата. Имаме изјава од мајката дека децата се во Црна Гора, дека таму се школуваат. Потоа, како што рекоа децата, се покажа дека мајката ги криела, изјави Бранислав Пешиќ, дирекотор на Центарот за социјални работи.

Марија и Марко сега посетуваат основно училиште преку образовниот проект Втора можност. Сигурни се дека ќе ја искористат, зашто прва можност никогаш и немале.

Како бебе бил фрлен во контејнер , а сега раководи со компанија вредна 62 милиони долари (ВИДЕО)

Приказната за напуштеното бебе кое израсна во успешен претприемач, иноватор и филантроп ги инспирираше многумина на социјалните мрежи.

Фреди Фигерс (30) во моментов е извршен директор на компанија вредна 62 милиони долари што ја основал кога бил тинејџер. Тој исто така поседува 4 патенти и работи со технологија уште од дете.

Фреди е роден во Кунинси (Флорида), а неговата мајка го оставила во контејнер веднаш по раѓањето. Натан и Бети Фигерс го посвоиле кога имал само два дена.

Сега тој е основач и извршен директор на компаниајта за комуникација „Фигерс“. Кога имал 9 години, го добил првиот компјутер што самиот го преправил. На 12-годишна возраст веќе работел како компјутерски техничар, а три години подоцна основал компјутерска компанија.

Кога на неговиот посвоител му била дијагностицирана Алцхајмерова болест, тој му направил патики со вграден GPS сигнал и двонасочна комуникациска врска. Програмата била продадена на компанија од Канзас за 2,2 милиони долари.

Една година подоцна, тој ги вложи парите за да започне со компанијата „Фигерс“, денес најголемата телекомуникациска компанија во сопственост на Афроамериканец.

На 24-годишна возраст, Фигерс веќе дизајнирал 80 програми, а покрај неговиот неверојатен ум и работна етика, тој  има и златно срце - модел во неговата заедница; спонзорира младински програми, нуди стипендии на ученици и студенти, плаќа сметки на пензионери ...

Синот на Бекам има четврта девојка за четири месеци (ФОТО)

Бруклин Бекам (20) е виден заедно со четири години постарата актерка Никола Пелц , а според британските таблоиди таа е четвртата девојка на младиот Бекам за исто толку месеци.

,,Бруклин веќе се запозна со нејзиното семејство и се дружи со нејзиниот брат. Тие дури и се забавуваа заедно“, рече изворот.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

🍺

A post shared by bb (@brooklynbeckham) on

Пред помалку од еден месец, The Sun напиша дека Бруклин бил во врска со полусестрата на манекенката Кејт Мос, Лоти, а покрај неа, тој се дружел со две други девојки откако ова лето се распадна врската со моделот  Хана Крос.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

🕴🏼

A post shared by nicola (@nicolaannepeltz) on

Накратко тој беше со актерките Натали Ганжорн и Фиби Торенс, чија сличност со Викторија Бекам ги шокираше Британците.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

don’t call me angel

A post shared by nicola (@nicolaannepeltz) on

Младиот фотограф снимаше минатиот месец со Хајди Клум за „America's Next Top Model with Heidi Klum“.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

🤢

A post shared by nicola (@nicolaannepeltz) on

Џенифер Анистон објави како го шета кучето , сите и ги коментираат нозете (ФОТО)

Џенифер Анистон беше една од ретките sвезди без профил на Инстаграм, но откако го отвори, бројот на нејзините следбеници не престанува да расте.

Со првиот пост, таа буквално ја блокираше оваа популарна социјална платформа и од тогаш не престана да восхитува со своите симпатични постови.

Овој пат, таа одлучи да ги запознае своите пријатели на Инстаграм со кученцето Клајд, или како што го нарекува „најдобриот пријател“.

"Најдобриот пријател на секоја жена. Го водам Клајд денеска на работа ", напиша актерката на фотографијата со своето милениче.

Џенифер е толку популарна на Инстаграм што нејзината фотографија собра милион и пол лајкови за само половина час.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Girl’s best friend... bring Clyde to work day.

A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston) on

„Воопшто не сте стари“, „Какви нозе“, „Престанав да дишам неколку секунди, премногу си убава“, „Вие и Клајд сте совршен пар“, напишаа нејзините фанови, воодушевени од нејзиниот младешки изглед на 50-годишна возраст.

притисни ентер