Брег на младоста - Ударните акцијашки бригади викендов во Охрид

Во Охрид викендов се враќаат спомените од минатото. Започнаа средбите на акцијашите од целиот Балкан.
Над 200 бригадири од 32 градови главно од бившите југословенски простори  се присетуваат на големите акции кога заедно рамо до рамо граделе патишта, вештачки езера, водоводи и пруги.

Ентузијастите се организираа во иднина повторно да го промовираат волонтеризмот.

- Тоа значи дека сите кои ке сакаат на настапат  таму каде што ке бидат повикани или сами се пријавуваат или  ваквите активности ги организираат волонтерските капмови кои веќе постојат во Европа и светот,  вели Славчо Николовски иницијатор за обновување на Брег на младоста.

Некои во ударните акции ја доживеаа својата прва љубов други склопија пријателства кои се негуваат до ден денес.

- Тоа што сега сме во различни држави Македонија, Србија, Босна, Хрватска, Словенија ние се уште зборуваме на истиот јазик јазикот на срцето и се разбираме, вели Маријана Јешовиќ акцијаш од Сремска Митровица

-  Охрид е нешто посебно за мене имам многу убави спомени од тука. И затоа ке доаѓам кога и да биде потребно и кога ке се организираат средби и активности, вели Борис Избашич  командант на младинската бригада во Сремска Митровица.

Извидниците  ги извадија ударните позлатени значки  кои биле единствената награда за нивниот ангажман во акциите ширум југословенсите простори.

- Јас бев на свеченото пуштање на пругата Шамац –Сараево,  пруга која во должина на 260 км се изгради за осум месеци. Тоа навистина беше прекрасно чуство,   вели Војче Китаноски акцијаш. 

Идејата е од Охрид пламенот на акцијаштвото да се прошири во цела Македонија. Учесниците покрај тоа што ќе се дружат и забавуваат  ќе работат на разни проекти. Една од првите акции ке биде чистењето на Охридското езеро.

Џенифер Анистон објави како го шета кучето , сите и ги коментираат нозете (ФОТО)

Џенифер Анистон беше една од ретките sвезди без профил на Инстаграм, но откако го отвори, бројот на нејзините следбеници не престанува да расте.

Со првиот пост, таа буквално ја блокираше оваа популарна социјална платформа и од тогаш не престана да восхитува со своите симпатични постови.

Овој пат, таа одлучи да ги запознае своите пријатели на Инстаграм со кученцето Клајд, или како што го нарекува „најдобриот пријател“.

"Најдобриот пријател на секоја жена. Го водам Клајд денеска на работа ", напиша актерката на фотографијата со своето милениче.

Џенифер е толку популарна на Инстаграм што нејзината фотографија собра милион и пол лајкови за само половина час.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Girl’s best friend... bring Clyde to work day.

A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston) on

„Воопшто не сте стари“, „Какви нозе“, „Престанав да дишам неколку секунди, премногу си убава“, „Вие и Клајд сте совршен пар“, напишаа нејзините фанови, воодушевени од нејзиниот младешки изглед на 50-годишна возраст.

Ферари ја промовираше носталгичната ,,Рома” (ВИДЕО)

Ако некој автомобил може да се прогласи за икона на италијанскиот дизајн, тогаш тоа е Рома , најновиот производ на Ферари.

Убавата Рома нè враќа во 60-те години, во животниот стил на италијанската престолнина, објаснуваат од Ферари.

Навистина, со својата прекрасна аеродинамична форма, Рома остава без текст и е еден од ретките спортски болиди за кои веднаш не се прашува  што има под хаубата и дали напојувањето е предно, задно или во подот (електричен погон).

Лебдечките светла за дневно осветлување прво паѓаат во очи, но она што привлекува не се модерните детали. Тоа се безвременски линии нацртани од италијанските мајстори за дизајн кои уште еднаш им оддаваат почит на времињата што дефинитивно се зад нас.

Погонот е сè уште класичен, но не во форма на V12. Изборот падна на 3,9 V8 турбо со 620 КС и 760 Nm, во комбинација со осумстепен менувач со двојна спојка, познат како SF90 Stradale.

Внатрешноста на автомобилот тежок малку под еден тон и пол нема потреба од коментар. Возачот и совозачот се уште се поделени еден од друг, но затоа совозачот го доби „својот“ екран.

Она што е важно е дека автомобилот достигнува 100 км на час за 3,4 секунди, на 200 км на час за 9,3 секунди и стигнува до максимални 317 км на час.

Секој девети возрасен човек во земјава има дијабетес

Во Македонија едно од девет возрасни лица имаат дијабетес во 2019 година или околу 175 илјади луѓе.

Продолжува да расте бројот на лица со дијабетес и во светот. Споредено со 2017 година кога се публикувани последните резултати од осмото издание на Дијабетес атласот, бројот на лица со дијабетес од 425 милиони  е пораснат на 463 милиони, односно зголемен е за 38 милиони, според најновото деветто издание на Меѓународната Федерација за Дијабетес (International Diabetes Federation – IDF).

Ова зголемување на бројот на лица со дијабетес е еднакво на бројот на жители во една голема европска држава како Полска или повеќе од двојно повеќе од бројот на жители во земјите од Западен Балкан (Македонија, Србија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора). Се проценува дека до 2045 година оваа бројка ќе надмине 700 милиони или секој деветти човек во светот ќе има дијабетес. Десет отсто од здравствените трошоци во светот се трошат за дијабетес (760 милијарди долари), се наведува во соопштението од Асоцијацијата на на деца со дијабетес – БАЛАНС МК по повод Светскиот ден против дијабетес.

Според  податоците на Меѓународната Федерација за дијабетес (IDF), едно од 11 возрасни лица (20-79 години) има дијабетес (463милиони), како и 1.110.100 деца и адолесценти на возраст под 20 години. Едно од  две лица со дијабетес се недијагностицирани – 232 милиони. Едно од шест раѓања (20 милиони) е засегнато од зголемен крвен шеќер, од кои 84% се должат на гестациски дијабетес (дијабетес во бременост).

Преваленцата на дијабетес (процент на лица засегнатиод дијабетес во однос на вкупната популација) за лица на возраст од 20-79 години на светско ниво изнесува 9.3%, а се смета дека до 2045 година ќе изнесува 10.9%. Преваленцата во Македонија во 2019 година изнесува високи 11.1%  што соодветствува на 175 илјади лица на возраст од 20-79 години, или секој деветти возрасен човек во Македонија има дијабетес.

Зголемената преваленца на дијабетес тип 2 е резултат на забрзаното темпо на урбанизација, стареењето на популацијата, седечки начин на живот, зголемена телесна тежина, недоволна физичка активност и поголем внес на нездрава храна.

Во светски рамки половина од луѓето со дијабетес се недијагностицирани, односно не знаат дека имаат дијабетес. Стапката на дијагностицирани случаи може да се подобри со зголемена свесност за симптомите за дијабетес тип 1 (жед, зголемено мокрење, замор, ненадејно губење на телесна тежина, глад) и зголемени можности за скрининг на лица со висок ризик за дијабетес тип 2 (напредна возраст, зголемена телесна тежина, компликации, ниско ниво на физичка активност и нездрава исхрана).

Тоа што треба посебно да загрижува, според Меѓународната Федерација за дијабетес (IDF), е што со растот на бројот на лица со дијабетес се зголемуваат и трошоците за дијабетесот. Се смета дека на дијабетес отпаѓаат 10% од вкупните здравствени трошоци во светот (760 милијарди долари).

Бидејќи се проценува дека 700 милиони луѓе ќе имаат дијабетес до 2045 година , неопходно е повеќе напори да се вложат во имплементација или подобрување на националните планови за превенција на дијабетес тип 2 и гестациски дијабетес и воведување на трошковно-ефикасни мерки за справување со дијабетес тип 1, тип 2 и гестациски дијабетес.

Во земјава е подготвена  Национална Стратегија за справување со дијабетесот. БАЛАНС МК очекува од македонската јавност поддршка во Барањето за набавка на сензори за безболно мерење на гликемија на 500 деца и адолесценти во Македонија, како и исполнување на ветувањето за нивна набавка од Министерството за здравство, Владата и ФЗОМ час поскоро./МИА

притисни ентер