Доделена помош на семејството во село Приковци чија куќа беше опожарена

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов заедно со градоначалникот на општина Кратово Мите Андоновски и претставници на Црвениот крст денеска го посетија семејството Додеви во кратовското село Приковци, чијашто куќа неодамна беше опожарена, јави МИА.
Спасов на Зоран и Верица Додеви им додели еднократна парична помош, а тие воедно се и корисници на детски додаток. Црвениот крст на семејството им донира пакети со храна, хигиенски средства, ќебиња и облека за три месеци, како и вреќи за спиење и церада за да ја покријат куќата. Општина Кратово и градоначалникот Андоновски, пак, ветија дека ќе им помогнат со градежни материјали за изградба на куќата.

- Секој од нас како инстиутција ќе помогне во рамките на своите овластувања и можности и токму затоа настапивме координирано за да им излеземе во пресрет и да им ја дадеме првата помош за да го продолжат животот. Минстерството за труд и социјална политика на семејството Додеви им доделува еднократна парична помош во износ од 30.000 денари, но грижата за семејството ќе продолжи и понатаму со поддршка на Центрарот за социјални работи од Кратово кој има обврска дневно да ги посетува и да се грижи за нив, изјави министерот Спасов по посетата на семејството Додеви.

Пред неколку дена ова семејство со три дечиња го загуби својот дом во пожар.

Синот на Бекам има четврта девојка за четири месеци (ФОТО)

Бруклин Бекам (20) е виден заедно со четири години постарата актерка Никола Пелц , а според британските таблоиди таа е четвртата девојка на младиот Бекам за исто толку месеци.

,,Бруклин веќе се запозна со нејзиното семејство и се дружи со нејзиниот брат. Тие дури и се забавуваа заедно“, рече изворот.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

🍺

A post shared by bb (@brooklynbeckham) on

Пред помалку од еден месец, The Sun напиша дека Бруклин бил во врска со полусестрата на манекенката Кејт Мос, Лоти, а покрај неа, тој се дружел со две други девојки откако ова лето се распадна врската со моделот  Хана Крос.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

🕴🏼

A post shared by nicola (@nicolaannepeltz) on

Накратко тој беше со актерките Натали Ганжорн и Фиби Торенс, чија сличност со Викторија Бекам ги шокираше Британците.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

don’t call me angel

A post shared by nicola (@nicolaannepeltz) on

Младиот фотограф снимаше минатиот месец со Хајди Клум за „America's Next Top Model with Heidi Klum“.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

🤢

A post shared by nicola (@nicolaannepeltz) on

Џенифер Анистон објави како го шета кучето , сите и ги коментираат нозете (ФОТО)

Џенифер Анистон беше една од ретките sвезди без профил на Инстаграм, но откако го отвори, бројот на нејзините следбеници не престанува да расте.

Со првиот пост, таа буквално ја блокираше оваа популарна социјална платформа и од тогаш не престана да восхитува со своите симпатични постови.

Овој пат, таа одлучи да ги запознае своите пријатели на Инстаграм со кученцето Клајд, или како што го нарекува „најдобриот пријател“.

"Најдобриот пријател на секоја жена. Го водам Клајд денеска на работа ", напиша актерката на фотографијата со своето милениче.

Џенифер е толку популарна на Инстаграм што нејзината фотографија собра милион и пол лајкови за само половина час.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Girl’s best friend... bring Clyde to work day.

A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston) on

„Воопшто не сте стари“, „Какви нозе“, „Престанав да дишам неколку секунди, премногу си убава“, „Вие и Клајд сте совршен пар“, напишаа нејзините фанови, воодушевени од нејзиниот младешки изглед на 50-годишна возраст.

Ферари ја промовираше носталгичната ,,Рома” (ВИДЕО)

Ако некој автомобил може да се прогласи за икона на италијанскиот дизајн, тогаш тоа е Рома , најновиот производ на Ферари.

Убавата Рома нè враќа во 60-те години, во животниот стил на италијанската престолнина, објаснуваат од Ферари.

Навистина, со својата прекрасна аеродинамична форма, Рома остава без текст и е еден од ретките спортски болиди за кои веднаш не се прашува  што има под хаубата и дали напојувањето е предно, задно или во подот (електричен погон).

Лебдечките светла за дневно осветлување прво паѓаат во очи, но она што привлекува не се модерните детали. Тоа се безвременски линии нацртани од италијанските мајстори за дизајн кои уште еднаш им оддаваат почит на времињата што дефинитивно се зад нас.

Погонот е сè уште класичен, но не во форма на V12. Изборот падна на 3,9 V8 турбо со 620 КС и 760 Nm, во комбинација со осумстепен менувач со двојна спојка, познат како SF90 Stradale.

Внатрешноста на автомобилот тежок малку под еден тон и пол нема потреба од коментар. Возачот и совозачот се уште се поделени еден од друг, но затоа совозачот го доби „својот“ екран.

Она што е важно е дека автомобилот достигнува 100 км на час за 3,4 секунди, на 200 км на час за 9,3 секунди и стигнува до максимални 317 км на час.

притисни ентер