Панче Донев тргна од Струмица до Прага на велосипед

1450 километри со велосипед.
 Толкава патека ќе помине 36 годишниот струмичанец Панче Донев. Од родниот град до Прага е велосипедската авантура на која се нафатил овој млад човек за да го промовира здравиот начин на живеење и велосипедскиот туризам.


Малку пари и многу ентузијазам. Тоа е потребно да се доживее уникатно искуство вели Донев. И порано имал вакво искуство, кога со велосипед се враќал од Романија до Македонија.


Младиот струмичанец ја одбрал Чешка за  дестинација затоа што таму студирал и го врзуваат убави спомени од студентските денови. Верува дека Македонија има услови за добра туризам, особено велосипедски.


Како бебе бил фрлен во контејнер , а сега раководи со компанија вредна 62 милиони долари (ВИДЕО)

Приказната за напуштеното бебе кое израсна во успешен претприемач, иноватор и филантроп ги инспирираше многумина на социјалните мрежи.

Фреди Фигерс (30) во моментов е извршен директор на компанија вредна 62 милиони долари што ја основал кога бил тинејџер. Тој исто така поседува 4 патенти и работи со технологија уште од дете.

Фреди е роден во Кунинси (Флорида), а неговата мајка го оставила во контејнер веднаш по раѓањето. Натан и Бети Фигерс го посвоиле кога имал само два дена.

Сега тој е основач и извршен директор на компаниајта за комуникација „Фигерс“. Кога имал 9 години, го добил првиот компјутер што самиот го преправил. На 12-годишна возраст веќе работел како компјутерски техничар, а три години подоцна основал компјутерска компанија.

Кога на неговиот посвоител му била дијагностицирана Алцхајмерова болест, тој му направил патики со вграден GPS сигнал и двонасочна комуникациска врска. Програмата била продадена на компанија од Канзас за 2,2 милиони долари.

Една година подоцна, тој ги вложи парите за да започне со компанијата „Фигерс“, денес најголемата телекомуникациска компанија во сопственост на Афроамериканец.

На 24-годишна возраст, Фигерс веќе дизајнирал 80 програми, а покрај неговиот неверојатен ум и работна етика, тој  има и златно срце - модел во неговата заедница; спонзорира младински програми, нуди стипендии на ученици и студенти, плаќа сметки на пензионери ...

Синот на Бекам има четврта девојка за четири месеци (ФОТО)

Бруклин Бекам (20) е виден заедно со четири години постарата актерка Никола Пелц , а според британските таблоиди таа е четвртата девојка на младиот Бекам за исто толку месеци.

,,Бруклин веќе се запозна со нејзиното семејство и се дружи со нејзиниот брат. Тие дури и се забавуваа заедно“, рече изворот.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

🍺

A post shared by bb (@brooklynbeckham) on

Пред помалку од еден месец, The Sun напиша дека Бруклин бил во врска со полусестрата на манекенката Кејт Мос, Лоти, а покрај неа, тој се дружел со две други девојки откако ова лето се распадна врската со моделот  Хана Крос.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

🕴🏼

A post shared by nicola (@nicolaannepeltz) on

Накратко тој беше со актерките Натали Ганжорн и Фиби Торенс, чија сличност со Викторија Бекам ги шокираше Британците.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

don’t call me angel

A post shared by nicola (@nicolaannepeltz) on

Младиот фотограф снимаше минатиот месец со Хајди Клум за „America's Next Top Model with Heidi Klum“.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

🤢

A post shared by nicola (@nicolaannepeltz) on

Џенифер Анистон објави како го шета кучето , сите и ги коментираат нозете (ФОТО)

Џенифер Анистон беше една од ретките sвезди без профил на Инстаграм, но откако го отвори, бројот на нејзините следбеници не престанува да расте.

Со првиот пост, таа буквално ја блокираше оваа популарна социјална платформа и од тогаш не престана да восхитува со своите симпатични постови.

Овој пат, таа одлучи да ги запознае своите пријатели на Инстаграм со кученцето Клајд, или како што го нарекува „најдобриот пријател“.

"Најдобриот пријател на секоја жена. Го водам Клајд денеска на работа ", напиша актерката на фотографијата со своето милениче.

Џенифер е толку популарна на Инстаграм што нејзината фотографија собра милион и пол лајкови за само половина час.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Girl’s best friend... bring Clyde to work day.

A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston) on

„Воопшто не сте стари“, „Какви нозе“, „Престанав да дишам неколку секунди, премногу си убава“, „Вие и Клајд сте совршен пар“, напишаа нејзините фанови, воодушевени од нејзиниот младешки изглед на 50-годишна возраст.

притисни ентер