САД: Внимателно кај египетските пирамиди!

Американската амбасада во Каиро ги предупреди туристите дека не би требале да ги посетуваат пирамидите во Гиза ако немаат „водич од доверба“.
Сместени надвор од главниот египетски град опстојуваат 4.000 години, пирамидите се мошне атрактивни за туристите, но според соопштението на американската амбасада, тие не би требало да се посетуваат бидејќи околу нив „врие“ од криминалци и агресивни продавачи, а има премалку полиција од која би можела да се побара заштита.

Египет го оцени како „неосновано“ предупредувањето на САД. Но, Светскиот економски форум, претходно веќе ја оцени земјата како најнебезбедна меѓу популарните туристички дестинации. 

Компјутерска програма ве препознава и според танцувањето

Секој од нас има посебен пристап кон танцот, особено ако не сте многу агилни. Некој ја тресе главата, некој со рацете, а еден ужива да се ниша од лево надесно.

Без оглед како се движите во такт на музиката, ритуалите за танцување се еден вид печат на вашата личност.

Поточно, научниците развија компјутерска програма за да го препознаат жанрот на музиката врз основа на тоа како танцуваат луѓето. Седумдесет и три учесници во студија биле замолени да танцуваат во осум различни жанрови: поп, реге, хип-хоп, џез, хеви метал, кантри, блуз, електронска музика. Ним им било наредено да се движат спонтано.

За жал, компјутерот не погоди точно и го препозна музичкиот жанр само во една третина од случаите. Она што направил многу успешно било идентификувањето на самите „танчери“. Програмата била во можност да препознае  94% од танчерите според нивните движења.

Како што објаснуваат експертите, никој не танцува идентично затоа што движењата на сите се карактеризираат со посебни нијанси.

„Движењата на танцувањето на една личност се чини дека се исти како и отпечатоците од прсти. Секоја личност има уникатен заштитен знак во начинот на кој тој или таа се движи додека слуша било кој жанр на музика“, вели  Др. Пасас Саари, коавтор на ова интересно истражување.

Сепак, програмата за препознавање не е безопасна, а еден вид музика особено се покажа како предизвик. Хеви металот се карактеризира со движења на главата кои биле слични кај скоро сите учесници во студијата. Со други зборови, колку повеќе луѓе танцувале, толку потешко било за програмата да ги идентификува индивидуално, пишува MindBodyGreen.

„Имаме многу нови прашања за тоа дали ги задржуваме истите движења во текот на животот и дали може да се набљудуваат културни разлики меѓу луѓето“, изјави  д-р. Емили Карлсон, која го водела истражувањето, додавајќи дека треба да се осврнеме и на тоа колку добро луѓето можат да препознаат туѓо движење за танцување во споредба со компјутерот.

Понатамошно истражување во оваа област се очекува да придонесе во развојот на компјутерски софтвер за препознавање на идентитетот базиран на танц.

Девојките од Инстаграм открија колку и што им нудат бизнисмените од Дубаи (ФОТО)

Не е невообичаена појава инфлуенсерките на Инстаграм да добиваат приватни пораки од секаков вид, но она што ја изненади реалити sвездата Рози Вилијамс е понудата за сексуални услуги.

Како што објаснува Рози, поранешна учесничка во британското реалити шоу ,,Љубовен остров”, неодамна добила покана од маж од Дубаи, кој и понудил над 110.000 евра, како и облека и торби, во замена за нејзиното друштво.

„Или добро го правиме тоа па не ги споменуваме, или веќе сме го направиле со нив, но се срамиме“, вели Рози.

Тајн-Лекси Кларсон, исто така учесник на ријалити шоуто, открива дека и била понудена парична компензација за сексуални услуги. Таа добила понуди пред да се појави на шоуто , кога имала само 19 години.

Првично, сакале да и ’платат близу 25 000 евра за вечера со пијалок, но таа добила друга покана со понуда од 60 000 евра за пет вечери во Дубаи. Со парите и луксузот, се потпишува и договор за доверливост, што ќе ја спречи да открие на што била принудена да прави таму.

Тајн-Лекси ја одбила понудата, но сега е загрижена за другите инфлуенсерки кои прифатиле нешто во замена за „живот на висока нога“, пишува Унилад.

Таа вели дека богатите господа никогаш лично не и се обраќале , туку имаат пратеници кои преговараат за секс во нивно име.

Една жена со лажно име Изабел откри во британските медиум дека и се обратил  10 години постар маж. Тој имал фетиш дека е финансиски доминантен во однос на својот партнер, па на Изабел и подарил торби вредни по неколку стотици евра.

Нивната размена продолжила уште 18 месеци кога мажот понудил да и ’врати долг од скоро 6.000 евра. За возврат, тој сакал да ја однесе во кревет.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

said I’d sit, but didn’t say I’d listen. @rotatebirgerchristensen

A post shared by Tyne-Lexy (@tyne_lexy_clarson) on

За неа, оваа размена на стоки не била иста како проституцијата, туку насочена врска што се развивала со текот на времето. Тајн-Лекси Кларсон не се согласува.

"Станува збор за елитна проституција. Неколку илјади поубави девојки на Инстаграм сигурно добиле вакви пораки", вели Кларсон.

Роб Купер, агент кој ги претставува познатите личности, тврди дека мажите со статуси на Инстаграм добиваат слични понуди.

Дали Меган го испланирала бегството во Канада и пред венчавката со Хари ?

Плакар полн со облека од времето пред Хари, Меган го чувала во складиште во Канада , а сега го донесе дома.

Сериозен и воздржан, принцот Хари пристигна во хотелот Интерконтинентал О2 во Гринич на почетокот на тридневната британско-африканска средба за инвестиции.

- Можам да замислам што сте слушале и можеби прочитале изминатите недели. Затоа сакам да ја слушнете вистината од мене, колку можам да ја споделам со вас, не како принц или војвода, туку како Хари. Јас секогаш ќе имам најдлабока почит кон баба ми,која е  главен командант. Се надевавме дека сè уште можеме да им служиме на кралицата, Комонвелтот и моите воени здруженија, но без јавни пари.

За жал, ова е невозможно. Се помирив со тоа, знаејќи дека тоа нема да влијае ниту врз мене како личност, ниту врз мојата лојалност. Кога Меган и јас се венчавме, бевме возбудени, надежни и спремни да служиме.

Затоа, многу ми е жал што заврши вака. Одлуката да се повлечам со сопругата не беше лесна. На ова му претходеа повеќемесечни разговори и години на предизвик ... И јас знам дека не сум правел секогаш сè како што треба, но што се однесува до ова, навистина немаше друго - рече принцот во говорот што дел од британската јавност смета дека е чесен и емотивен, а некои го гледаат и како обид да се контролира штетата со премногу фрази.

Иако на многумина им се чини дека беше подолго, Мегзит траеше само 12 дена. Хари и Меган веќе не се кралски височества. Ова не е невообичаено кога станува збор за Меган бидејќи таа ја стекна титулата со брак, но губењето на титулата на Хари е историски преседан уште од Едвард VIII, кој сепак по абдикацијата остана Неговото Кралско Височество. Сега тие мораат, што никој досега не го сторил во кралското семејство, исто така да вратат  2,4 милиони фунти потрошени од даночните обврзници за реновирање на нивната резиденцијална куќа Фрогмор.

„Хари е тажен и тоа беше очигледно за време на неговиот говор, но и кога дојде на инвестициската средба“, рече Артур Едвардс, експерт за кралското семејство, фотограф кој следи повеќе од 200 кралски патувања во повеќе од 120 земји. Со сериозна анализа и разгледување, Megxit е богат извор на бизарни новости.

Една од нив потекнува од Канада, каде програмата ЕТ Канада, цитирајќи „близок извор“, тврди дека Меган Маркл планирала го Меггзитот и животот во Канада пред да се омажи за принцот Хари. Затоа, велат тие, таа чувала целосен плакар од својата омилена облека во складиште во Торонто. Последниве денови, овие облеки се испратени во нејзиниот привремен дом во Ванкувер.

„Постојат голем број работи во тој куп облека од времето кога глумеше во серијалот„ Лице “. Ги носи од кога се врати на север и никогаш не ги носеше додека живееше на Островот “, тврдат авторите на ЕТ Канада. Тие дури и наведоа некои од парчињата облека што се повторно во гардеробата на Меган:  бел џемпер од Row Bea од 1350 долари и зимска јакна, Barbour's Epler Park, која чини околу 325 долари.

Во таа облека, имено, Меган го посетилс Центарот за жени во Ванкувер минатата недела. Спомената е исто така и црна кашмирска капа од брендот Soia & Kyo, кој чини околу 530 долари.

„Прашање е дали Меган од секогаш сакала да се врати во Северна Америка“, вели уредникот на ЕТ Канада Џејми Самхан и шпекулира: „Можеби парот отсекогаш сакал да има дом во Канада“.

притисни ентер