Не ја пуштале да влезе на својата матурска забава - и се гледале градите!

Британи Миндер од Силвердејл била среќна и возбудена да го покаже својот матурски фустан, но не и било дозволено да влезе на матурската забава - деколтето и откривало премногу!

Британи вели дека била понижена и засрамена кога официјалните лица од училиштето ја спречиле да влезе на забавата.

- Јас мислам дека имам поголеми гради од другите и што и да облечам тоа не можам да го сменам - изјави Британи за КОМО вестите.

Нејзините родители велат дека не е фер на нивната ќерка да и се забрани влезот затоа што е различно градена од другите. Имено, фустани без прерамки се дозволени за матурските прослави, но ако не откриваат премногу, а да покријат се кај Британи е невозможно.

- Веројатно не очекувале таа на матурска д аоди со ролка - вели таткото.

На крајот, Британи ги покрила градите со шал и и било дозволено да влезе на прославата со своите врсници. Но, не било исто. британи веќе ја изгубила самодовербата.

- Кога се подготвував з авечерта бев среќна и задоволна од тоа како изгледам. Но, по инцидентот веќе ништо не беше исто. Веќе не сакав да бидам таму - вели Британи која ја напуштила забавата за неполн час.

Момче падна од 40 метри висок гребен во Италија- пријателите немоќно гледале (ВИДЕО)

Момче (14) од Арика, Италија, доживеа трагична судбина кога со другарите го посети езерото Неми, не сфаќајќи дека ќе падне од дрво по стрмна карпа од 40 метри и ќе загине.

Тој наводно се одвоил од својата група пријатели и се обидел да стигне до највисоката точка на Виа Перино, но гранката од дрвото на која се качувал се скршила и момчето се превртело врз карпата, објави Мирор.

Тинејџерот паѓал над 30 метри, а неговите пријатели беспомошно гледале и веднаш го вклучиле алармот.

Пожарникарите од Неми и карабинерите веднаш пристигнале на местото на настанот, но не можеле ништо да му направат на момчето, освен да констатираат смрт.

Телото е пренесено во болницата Кастели во Арикио, а потоа во Институтот за судска медицина во Рим.

Брутално убиство во Њујорк: Во фрижидер е пронајдена отсечена човечка глава и делови на тело

Маж од Њујорк е обвинет за убиство откако во фрижидерот на неговиот стан во Бруклин биле пронајдени човечка глава и делови од телото, соопшти денеска полицијата.

Николас Мекги (45) е уапсен во четвртокот попладне и обвинет за грабеж, криење на човечко тело и компромитирачки докази, соопшти њујоршката полиција, пренесува Ен-Би-Си Њуз.

Посмртните останки на 40-годишниот Кошин Гелцер биле пронајдени на 22 јануари во станот што Мекги го делел со Хедер Стајнс (45), која исто така е уапсена за криење на човечки труп.

Полицајците рекоа дека одговориле на повикот од станот и пронашле повеќе црни кеси со делови од тело во фрижидерот и замрзнувачот.

Според кривичната пријава, лекарите подоцна го идентификувале Гелцер преку отпечатоци од прсти.

Полицијата денеска не соопшти повеќе детали за случајот, ниту пак како и кога е убиен Гелцер.

Генчов: Лидерот што ќе ги поврзе СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, тој ќе влезе во историјата

Сотир Костов и Александар Генчов, гости во Само Вистина.

Генчов:

Македонија и Македонскиот народ не можат веќе да издржат две големи партии. „Едното општество за сите“, нешто што требаше да биде врвно достигнување на западната Алијанса, се претвара во армагедон за Македонците. Прашање на ден е кога ние ќе треба да си бараме Рамковен договор. Историско обединување е кога ќе се обединат ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Лидерот што ќе ги поврзе СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, тој ќе влезе во историјат, тоа е тешко но лидерот се познава по „тешките работи“. Сега се' е во рацете на Мицкоски, тој води кај Македонците, сакале да признаеме или не, обединувањето е во рацете на Мицкоски. Македонизмот многу подобро ќе се развива доколку сме во добри односи со Бугарија и Грција и како дел од ЕУ. Надвор од ЕУ ние ќе се претвориме во православни Албанци.

Костов:

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски немаат соговорник од „другата страна“, немаше комуникација со Ковачевски па така ни се роди Француската рамка. Во Македонија има еден, не два народа, согласно уставот има само делови од народ. Според нановите податоци, не е така црна сликата и Албанската жена не е само таа што раѓа. Демогравски Македонци има 65%, Албанците се околу 25% и другото припаѓа на останатите малцинства.

притисни ентер