Јапонските научници клонирале глушец од капка крв!!!

Само од една капка крв јапонските научници успеале да клонираат цел глушец!!!

Во извештајот објавен во списанието „Biology of Reproduction“ научниците објаснуваат дека собрале клетки од крвта од опашката на глушецот. Ја клонирале женката која живеела нормален живот и раѓала глувчиња!

- Клетките можеа да се искористат веднаш по собирањето, и нема потреба од убивање на животните донори - наведуваат научниците во својот извештај.

Во новата студија Атсуо Одгура и неговите соработници објаснуваат дека од крвта ги изолирале белите крвни зрнца а од нив извадиле јадра за експерименти за клонирање во кои е користена истата техника како при клонирањето на овцата Доли./ извор: novimagazin.rs

Во седиштето на ДУИ се слави

Пред седиштето на ДУИ во Мала Речица веќе се слави.

Претходно на прес конференција беше кажано дека денот на изборите поминал во фер и демократска атмосфера и велат дека очекуваат гоплема победа на нивниот кандидат Бујар Османи.

Тинејџерка во училиште во Британија со нож нападнала двајца наставници и девојче

Тинејџерка е уапсена откако на училиште со нож нападнала двајца наставници и ученичка, соопшти британската полиција.

Инцидентот се случил околу 11.20 часот.

„Токму по 11.20 часот утринава добивме повик да за инцидент во училиштето Аман Вали во Кармартеншир. Службите за итни случаи веднаш пристигнаа и училиштето беше затворено заради безбедноста на сите во просториите. Три лица, две учителки и една тинејџерка, беа пренесени во болница. Тинејџерката е уапсена поради сомнение за обид за убиство и во моментов е во притвор.

Додадоа и дека соработуваат со училиштето и даваат поддршка на секој што има потреба.

Апелираа и да се отстрани видеото од нападот од социјалните мрежи.

Истрагата е во тек, а мотивите за нападот се уште не се познати.

притисни ентер