Самохрана мајка од Куманово со трите деца живее само со социјална помош од 4300 денари

Секое утро во 6 часот со торба на рамо излегува од трошната соба 57 годишната самохрана мајка Живана Шаиновска со надеж дека до попладневните часови ќе собере доволно милостина од хуманите кумановци за да ги нахрани двете деца.

Цели три месеци откако и била укината постојаната парична помош од центарот за социјални работи ова тричлено семејство преживува со 4300 денари кои Шаиновска ги зема како право на посебен додаток за својот 20 годишен син кој боледува од психичко растројство .По поднесената жалба на решението, второстепената комисија потврдила дека кај неа повеќе не постои неспособност за работа.

- Не сум била на Комисија во Скопје а тие потврдиле дека сум била на комисија и сум извршила преглед. Не сум била, ниту пак ме повикале. Јас редовно земав постојана парична помош откако почина сопругот вели Живана Шаиновска од Куманово
Живана

Дека Живана не е способна за работа било утврдено уште пред 10 години и оттогаш е корисник на постојана парична помош. Таа ги замолува институциите да го преиспитаат случајот и повторно да и ја вратат помошта која и е повеќе од неопходна не само за нејзиното лекување туку и за синот ,кој ако не прима редовна терапија станува агресивен ,удира и крши по собата но и напаѓа луѓе.

- Болна сум, по 1000 денари давам за моите лекарства и плус по 1000 денари за лековите на синот. Боледувам од циста на бубрези, правам терапии на одделот за физикална медицина, болна сум од ТБЦ, имам проблеми со срцето, со главата. Зошто мене да ме одбијат ? прашува Живана Шаиновска од Куманово

Од Центарот за социјални работи ветија дека ќе ја информираат надлежната комисија за состојбата во која се наоѓа Живана Шаиновска и ќе чекаат комисијата повторно да го разгледа случајот.

Драма на аеродромот во Њујорк- пет авиони ќе се судареа поради грешка на контролорите(ВИДЕО)

Авион на Swiss Air за малку ќе се судрел со четири други авиони на аеродромот Џон Кенеди во Њујорк, откако грешка во комуникацијата предизвикала авионите да слетаат на пистата во исто време.

Инцидентот се случи минатата недела, а сега го истражува Федералната управа за авијација, откако пилотот за среќа видел што се случува и го прекинал полетувањето, објави Њујорк Пост.

Во меѓувреме се огласил и менаџментот на компанијата.

„Поради високата свесност и брзата реакција на нашата екипа, избегната е потенцијално опасна ситуација“, се наведува во соопштението.

Роберт Самвалт, извршен директор на Боинг центарот за воздухопловство и воздушна безбедност на Универзитетот Ембри-Ридл за воздухопловни сили, изјави за CBS дека имало ситуација кога двајца контролори на летање не комуницирале што прави секој од нив.

„Тоа е целосно неприфатлива ситуација“, рече тој.

Џон Ненс, експерт за воздухопловство и соработник на ABC News, објасни дека „преместувањето на четири авиони преку активна писта е многу стресна задача, особено ако нема комуникација меѓу двајца контролори“, рече тој.

Љубопитен ракун се провлекол во електрана и оставил 16.000 домови без струја

Љубопитен и немирен ракун неодамна предизвика прекин на електричната енергија што остави околу 16.000 луѓе без струја.

Клиентите во Оук Крик и Јужен Милвоки останаа без струја во саботата на 20 април околу 21 часот. Компанијата We Energies објави дека тимовите за одговор при итни случаи успеале да го решат проблемот и да ја вратат електричната енергија на околу 8.000 корисници до 22 часот, пренесува Mirror.

Во соопштението на компанијата се наведува дека се вршат работи кои треба да овозможат што поскоро снабдување со електрична енергија на преостанатите погодени потрошувачи.

Љубопитниот ракун наводно ползел меѓу опремата на трафостаницата, но не се знае дали преживеал.

Инцидентите со животни како овој предизвикуваат околу 10 проценти од сите прекини на електрична енергија што ги доживува „We Energies“ секоја година. Среќата е што повеќето штети предизвикани од животните може да се санираат прилично брзо.

Сличен инцидент се случил во февруари во Торонто, Канада, каде што околу 7.000 клиенти останале без струја повеќе од два часа откако осамен ракун пронашол трансформатор на станица за пренос. Портпаролот на Hydro One вели дека барале начини да ја задржат неофицијалната маскота на градот подалеку од преносните станици по големиот прекин на струја во центарот на Торонто. Портпаролката на компанијата рече дека екипите потврдиле дека прекинот бил предизвикан од ракун, „бидејќи животното за жал починало на лице место и било мртво кога пристигнале“.

„Кога ќе се случи вакво нешто, системот се префрла на заштита од понатамошни штети“, вели портпаролката Тицијана Бачега Роза, додавајќи дека животните ги привлекува топлината што ја испуштаат електраните. Покрај разгледувањето на сите мерки за спречување идни слични инциденти, Роза забележува дека експертите за животни се запознаени со случаите и треба да утврдат како ракунот влегол во станицата.

Хамас повика на ескалација на сите фронтови

Портпаролот на вооруженото крило на Хамас, бригадите Ал-Касам, повика на ескалација на сите фронтови во телевизискиот говор по повод 200 дена од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа на 7 октомври 2023 година.

Во видеото објавено од Ал Џезира, Абу Убаида го пофали нападот на Иран врз Израел на 13 април, велејќи дека директните напади со беспилотни летала и ракети „поставуваат нови правила, повлекоа важни паралели и ги збунија непријателот и оние што стојат зад него“.

Тој повика и на ескалација на Западниот Брег и во Јордан, велејќи дека тоа е „еден од најважните арапски фронтови“.

„Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции и да го крене својот глас“, рече тој.

Абу Убаида рече дека Хамас останува на барањата што ги постави на разговорите за прекин на огнот, односно да бара Израел да ја прекине воената офанзива, да ги повлече своите сили од Појасот Газа, да им дозволи на раселените да се вратат во северниот дел на Газа. „Соголете го и подигнете ја блокадата.“

Во меѓувреме, Израел ги денеска ги засили нападите низ Појасот Газа, рекоа жителите, додавајќи дека тоа е едно од најлошите гранатирања во последните неколку недели. Армијата наредила нова евакуација на северот од палестинската енклава, предупредувајќи ги цивилите дека се наоѓаат во „опасна борбена зона“.

Во објава на платформата X, портпаролот на израелската војска Авичај Адраи ги повика жителите на четирите зони во Беит Лахиа во северниот дел на Појасот Газа да се преселат во засолништа во две одредени области.

Новото гранатирање и бомбардирање на северниот дел на Појасот Газа доаѓа речиси четири месеци откако израелската војска објави дека ги повлекува своите трупи, тврдејќи дека Хамас повеќе не ги контролира областите.

Израел, исто така, овој месец повлече поголем дел од своите сили од јужниот дел на Појасот Газа. Но, обидите да се постигне прекин на огнот не успеаја, а израелските бомбардирања и упади на територијата од каде што се повлекоа војниците го отежнуваат враќањето на раселените во нивните домови.

притисни ентер