Вознемирувачко видео: Куршум во челото на киднапер кој грабнал дете во самопослуга!

Напната и опасна ситуација во една од продавниците на Волмарт во Оклахома - киднапер го грабна детето од количката за пазарување, кога нејзината мајка за момент се сврте да земе нешто од рафтовите.

Киднаперот, 37 годишниот Сами Валас, го држел во раце 2 годишното девојче под закана со нож повеќе од 30 минути. На видеото снимено со камерите во продавницата, се гледа како тој го грабнува детето, мајката вриска и го моли да и го врати,а тој и дава телефон и од неа бара да се јави на полицаец во Далас.

Полицајците успеале да се распоредат во продавницата бргу. Еден од нив застанал до киднаперот да разговара со него. Во еден момент му даваат столче, а Валас седнува. На тој начин станува неподвижна мета.

Полицијата тврди дека Валас почнал да брои до 60, го кренал ножот од стомакот на 2 годишното дете до нејзиниот врат и се заканил дека ќе ја убие. Во тој момент полицаецот Дејвид Хоф кој е клекнат пред Валас, чека тој да ја сврти главата и истиот момент станува и му пука во челото.

Полицијата го оправдува убиството.

- Чекавме до последен момент, никој не сака да убие некого - велат од полицијата.

Сами Валас имал полициско досие полно со прекршоци поврзани со дрога и насилство.

Ве предупредуваме дека видеото на Еј Би Си може да ве вознемири.





/ извор: nydailynews.com

Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1

Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1, изјави тајландскиот премиер Срета Тависин, кој денеска оствари средба со шефот на Ф1, Стефано Доменикали.

„Тајланд има капацитет да биде домаќин на Формула 1 во Бангкок“, напиша шефот на владата на социјалната мреќа Икс, по разговорите во Бангкок.

„Ако го направиме тоа, сигурен сум дека нашата земја ќе остави неверојатни спомени за другите, бидејќи имаме добар потенцијал, капацитет и гостопримство“, наведе Тависин.

Владиниот портпарол, цитиран од локалните медиуми, рече дека трката би се организира низ улиците на стариот дел на Бангкок, познат по големиот сообраќаен метеж и проблемите со инфраструктурата.

Тајланд е домаќин на трка во Светскиот шампионат во Мото ГП која секоја година се одржува во Бурирам, сиромашен, рурален регион на повеќе од пет часа возење од главниот град. /МИА

За една недела во Грција се уапсени 379 лица за семејно насилство

Минатата седмица грчката полиција уапсила 379 лица по поднесени пријави за семејно насилство, а 23 жртви биле пренесени во центрите за згрижување, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерството за заштита на граѓаните на Грција информираше за резултатите од спроведувањето на новиот план на полицијата за справување со криминал, семејно насилство и врсничко насилство.

Согласно неделниот извештај, во периодот од 15 до 21 април, полицијата примила 1.025 повици за семејно насилство, а на 81 жена – жртва на насилство ѝ била инсталирана специјалната апликација за помош „Panic Button“ на грчката полиција .

Биле пријавени 633 случаи на семејно насилство, при што биле уапсени 379 лица, а 23 жртви на насилство биле пренесени на безбедни локации.

Во однос на малолетничката деликвенција и врсничкото насилство биле извршени проверки на 6.004 лица, од нив 344 биле приведени, а 160 уапсени и биле потврдени 270 прекршоци.

Како на младите да им се врати љубовта кон книгата?

Некогашната парола, книгата е прозорец кон светот, за младите повеќе не важи. 

За нив прозорец кон светот е интернетот, книги читаат само понекогаш, ако тоа од нив го побараат наставниците.

Дека е така потврдуваат и дел од издавачите на овогодинешниот саем на книга.

Најмалку читаат средношколците, и основците, а книги купуваат најчесто кога се на попуст. Слободното време, најчесто го поминуваат на интернет. За разлика од нив, за повозрасните, технологијата не е предизвик.

36 издание на Саемот на книга завршува утревечер, во 20 часот.

притисни ентер