Бизарно: Германија полна со бордели за секс со животни!

Низ Германија се повеќе се отвораат бордели кои слободно се рекламираат на интернет, а во кои се нуди секс со животни за цена од 70 до 150 евра.

Имено, во Германија со закон е забрането снимање на порно филмови со животни, но не постои ниту една одредба според која зоофилијата во приватни услови се санкционира, па тоа се смета за слободен избор.

Бројни групи за заштита на животните предупредуваат дека тоа што не постои забрана за зоофилија, е причина животните, особено овците, да бидат измачувани.

- Верувале или не, кај нас постои и еротски зоолошки градини, во кои овие монструми имаат на располагање животни од лами до овци – ја пренесе српскиот Телеграф изјавата што Мадлен Мартин од организацијата за заштита на животните ја дала за Франкфуртер Рундшау.

Целиот проблем се појавил во јавноста, кога Мартин ја обелоденила приказната дека мажи од повеќе возрасти малтретирале овци од стадото на еден фармер во Грос-Герау, по што овците станале плашливи, насилни и почнале да избегнуваат јадење и излегување од нивното легло.

Мадлен открила и дека тоа не е единствената фарма, туку дека многумина фармери всушност се макроа на нивните овци кои им ги нудат на зоофилите.

Актерот Сергеј Трифуновиќ утре ќе биде сослушан во обвинителството, го уапсиле со марихуана

Актерот Сергеј Трифуновиќ утре ќе биде сослушан во обвинителството пред да се донесе одлука за ослободување или евентуален притвор.

Трифуновиќ по апсењето доби притвор до 48 часа, а утре ќе биде изведен на распит во обвинителството. По рочиштето ќе се знае дали ќе биде ослободен или приведен, објави Индекс.

За потсетување, Трифуновиќ синоќа е приведен во Белград заедно со негов познаник од кого наводно купил марихуана. Трифуновиќ претходно беше приведен во октомври минатата година, исто така во Србија, поради навреда на полицајци. Пред тоа имаше проблеми и со полицијата во Хрватска, за време на летниот одмор во Сплит, по што му беше забранет влез во ЕУ.

ЦИА: Без помош од Конгресот, Украина може да биде поразена до крајот на годинава

Директорот на ЦИА Вилијам Барнс ги предупреди членовите на американскиот Конгрес дека Украина може да биде поразена до крајот на оваа година, пишува весникот „Политико“.

Постои многу реален ризик украинците да бидат поразени на бојното поле или барем Путин да биде во позиција суштински да ги диктира условите за политичко решение – рече тој во ленгли на настан во центарот „Џорџ Буш“..

Украинските власти денеска соопштија дека во два руски напада во централниот украински регион Дњепро-Петровск загинале најмалку осум лица, меѓу кои три деца..

Еуромакс Рисоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар Иловица-Штука

Еуромакс Рисоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица – Штука“. 

На Владата и дадоа рок до крајот на годината да ја промени својата одлука, во спротивно државниот Буџет ќе претрпи огромна штета. Третманот кон нашиот прокетот од страна на властите во Македонија е скандалозен оценуваат од компанијата. Велат доколку тоа не се промени и се продолжи со занемарување на владеењето на правото тогаш ќе има соодветни последици.

„Нашето трпение е при крај. Не можеме повеќе да одоголовлекуваме, чекајќи политички одлуки за игнорирање на правните околности. Ако политиката спротивно на законот каже не за нов и модерен рудник за бакар ќе има правен епилог кој нема да биде поволен за дражвата, а аза жал и нејзните граѓани.“- Тимоти Морган Вин – главен изврешен директор на Еуромакс Рисоурцес

Реакцијата на компанијата доаѓа откако Владата минатата година реши да ги спои двете концесии Иловица 6 и Иловица 11 со што се отвори патот за реализација на проектот за ископ на злато и бакар во струмичката околина, но неколку дена подоцна, по низата протести на струмичани, ваквата одлука беше повлечена. Што за адвокатскиот тим на компанијата е неприфатливо и спротивно на владеењето на правото.

„Одиме во насока која ќе биде штетна можеби. Претпоставувам дека се работи за семоцифрен износ кој ќе биде досуден против С.Македонија. и морам да ви кажам дека ако до крајот на годината нема реалзиација на владеењето на правото, за жал ќе мора да бараме поддршка и пресуда од институциите кој се одговорни за заштита на инвестициите.“- Габрил Лански – правен застапник на Еуромакс Рисоурцес

Од Владата тогаш беа на ставот дека доколку граѓаните во тој регион не сакаат рудник нема да има, а протестите беа поддржани и од дел од тогашните министри.

Од Еуромакс и денеска останаа на ставот дека целиот процес со рудникот е во согласност со законот, и дека ќе се применуваат најсовремени рударски практики, и дека на ниту еден начин нема да се загрози животната средина.

притисни ентер