Инвестиција од милион евра во логистички центар во зоната Чојлија

Логистички центар, инвестиција од милион евра на компанијата „Глобекс“ ДОО Скопје, е првиот објект што почна да се гради денеска во мултифункционалната зона Чојлија.

- Во логистичкиот центар на почеток ќе бидат отворени 30 нови работни места, а вкупно се планирани 360, најави по поставувањето на камен темелникот, министрот за транспорт и врски Миле Јанакиески.
Објектот се гради на површина од 7.000 метри квадратни и треба да биде завршен во првиот квартал следната година.

Во индустриската зона Чојлија досега се продадени 65 парцели, а според Јанакиески, за дел од планираните инвестиции наскоро ќе бидат поставени камен темелници.

- Очекуваме уште неколку камен темелници во текот на оваа година, а најмногу во 2014. Воспоставивме специјален софтвер со кој во соработка со општините го следиме исполнувањето на роковите за предвидената изградба и очекуваме многу бргу за две до три години ова да стане вистинско градилиште и индустриска зона во која ќе работат илјадници луѓе не само од општина Петровец, туку и од околните, рече Јанакиески, посочувајќи дека за зоната Чојлија, каде има уште слободни локации има голем интерес од инвеститорите.

Владата, нагласи Јанакиески, во соработка со општините постојано презема активности за урбанизирање на што повеќе парцели за изградба на индустриски центри и да им се излезе во пресрет на компаниите со поволни цени и услуги. Така, нагласи, ќе се изградат нови капацитети, а крајната цел е што повеќе нови вработувања.

Сопственичката на „Глобекс“ Снежана Кокра најави дека планираат до почетокот на следната година да го затворат целиот простор на кој се гради.

- Тука ќе бидат сместени логистичкиот центар и фирмата - ќерка на Глобекс - Глобал логистик, каде ќе има околу 350 вработени. Сите средно развиени фирми кои сакаат да напредуваат и да градат не треба да се плаши од тоа. Треба да се зголемува бројот на фирмите во Македонија и да се искористат сите услови што ги овозможува Владата, изјави Кокра.

Градоначалникот на Општина Петровец Борче Митевски е задоволен од стартот на инвестициите во Чојлија, којашто е најголема индустриска зона во Македонија.

- Општина Петровец е подготвена да пречека уште поголем број инвеститори. Имаме непродадени само уште 11 парцели, наведе Митевски.

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер