„Браќа Карамазови“ на затворањето на „Охридско лето“

Театарот „Марин Држиќ“ од Дубровник со претставата „Браќа Карамазови“ од Достоевски во режија на Дејан Пројковски ќе ја има честа да го затвори годинашното 53-то по ред издание на нашата најголема музичко-сценска манифестација – Фестивалот „Охридско лето“.

Режисерот Пројковски за неговата најнова поставка изјави дека се работи за претстава што зборува за човековите страсти, неговите пороци, за демоните во секој поединец...

- „Браќа Карамазови“ всушност е претстава која најмногу зборува за борбата што секој човек ја води во сопственото срце. Сите ликови во неа како да се заглавени во калта на сопствените страсти и пориви, со постојан обид да полетааат кон возвишеното, кон божјото, рече Пројковски.

Тој истакна дека во процесот на работата на претставата соработката со актерите толку добро се развивала, што сите почнале да го чувствуваат делото како интимна исповед на темата Бог, верувањето во Бога, дури и начинот како човек да го изоди тој пат во потрагата на Бога во себе.

Последното дело на Достоевски, кое некои го сметаат дури за недовршено, говори за семејството Карамазови, преполно со демони, со бреме, патила, состојби кои од една страна го опишуваат духот на времето во Петроград, но истовремено е еден вид вивисекција на човековите страсти и недоследности.

Актерот Фране Першин, кој го толкува ликот на Фјодр Карамазов, исклучително ја оцени соработката со режисерот Пројковски, огромната доверба што ја имал во актерската екипа, без агресивни решенија, со минималистички децентни режисерски зафати.

- Напишаниот збор на авторот Достоевски бара доверба во актерскиот израз. Тоа го добивме од Пројковски, капетанот на оваа пловидба, шефот на парадата кој исклучително зрело за својата возраст ја сработи претставата. Таа доверба публиката вечерва ќе има можност да ja види во самата претстава, рече Першин.

Актерот Владимир Посавец – Тушек за неговата потрага по ликот на Димитриј Крамазов изјави дека процесот на креирањето на улогите на големите автори како Шекспир и Достоевски, уметникот по нив треба да трча со своја идеја и независно од исходот на таа потрага, односно што и да се долови, притоа не може да се згреши зашто силината на напишаната мисла тоа го наметнува.

- Дмитриј Карамазов, тој најстрастен лик во претставата, тргнав да го барам на христијaнски начин, преку параболата „направи грев па потоа покај се“, наспроти гревот постојано да се носи во главата и притоа постојано да се живее грешно. Пеколот е впрочем мислата, демоните во главата создаваат пекол, тогаш гревот слегува во срцето и тоа станува желба, што ги тера луѓето да го прават она што го мислат, појасни Посавец – Тушек.

Директорката на „Марин Држиќ“, Јасна Јукиќ истакна дека работата со македонската екипа - режисерот Пројковски, сценографот Владо Ѓорески и композиторот Горан Трајковски е почеток на една македонско-хрватска театарска љубов што сигурно ќе резултира со соработка и во иднина.

- Проектот го работевме со помош и на актери од Сплит, како Тушек, Јуришиќ, Јуркиќ...Со нивна и со помошта на големиот режисер Пројковски, потоа Ѓорески и Трајковски, сметам дека направивме навистина одлична, извонредна претстава, на голем автор, големо дело, рече таа.

„Браќа Карамазови“ ќе се игра на сцената на Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток од 21 часот. Поради големиот интерес, претставата ќе биде изведена и утревечер, надвор од програмата на „Охридско лето 2013“.

Силен земјотрес ја погоди Португалија, нема информации за жртви

Многу силен земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди Португалија.

Епицентарот на земјотресот бил во близина на Азорските острови, на длабочина од десет километри.

Засега нема информации за жртви или материјална штета.

Успешна мисија на кинески сателити- направија неверојатни снимки од Земјата и Месечината (ФОТО)

Лунарните кинески сателити - Кеџиао-2, Тијанду-1 и Тијанду-2 - започнаа со комуникациски и навигациски тестови за идните мисии.

Тие на командата ѝ испратија и исклучително интересна фотографија од Месечината со Земјата во позадина, пишува LiveScience.

Сите три сателити беа лансирани со ракета-носач Long March 8 на 19 март, а влегоа во орбитата на Месечината на 12 април.

- Националната вселенска администрација објави дека сателитите кои орбитираат околу Месечината, изградени од Кинеската академија за воздушна наука и технологија ги завршија комуникациските тестови на орбитата. По проценката, сателитите функционираат нормално и извршуваат задачи на мисијата. Тие можат да овозможат комуникации за четвртата фаза од проектот за истражување на Месечината. Мисијата е полн погодок – изјавија од кинеската вселенска агенција CNSA.

Во последните 20 години, Кина посвети многу внимание на лунарната програма, па во 2007 година стана третата земја што слета вселенско летало на Месечината (по САД и СССР) и прва што го сторила тоа во 21ви век. (Минатата година тоа беше направено од Индија, а оваа година од Јапонија.) CNSA планира да испрати уште неколку сонди на површината на Месечината, а потоа да испрати човек до сателитот на Земјата во текот на следната деценија.

Петмина мигранти, меѓу кои и дете, се удавија при обид да го преминат Ламанш

Најмалку пет мигранти загинаа, меѓу кои и едно дете, додека се обиделе да го преминат Ла Манш и да стигнат до Англија во близина на брегот на Вимеру.

Несреќата се случила утрово околу 5 часот и 30 минути, изјавил градоначалникот на Вимеру, пренесува БФМ ТВ.

Според градоначалникот, спасени се 48 лица, спасувачите се уште трагаат по чамецот, а плажата Вимеру е затворена.

Локалните власти соопштија дека во бродот имало 110 луѓе.

Претходно, во ноќта меѓу 13 и 14 јануари пет лица загинаа на брегот на Вимеру додека се обидуваа да заминат за Британија.

Околу 36.000 мигранти се обиделе да стигнат до Англија преку Ла Манш минатата година.

притисни ентер