Зошто љубовта умира?

Силно сте вљубени, поврзани, не можете без дуг ... Еден ден се чудите како сте се чувствувале вака. Зошто љубовта умира?

1. Затоа што престанавте да комуницирате. не разговарате, не сте искрени еден со друг, одите кон крајот на врската.

2. Сте го освоиле и готово - тој е тука, нема што да се занимавате со него. Но ако на партнерот (партнерката) не му покажувате постојано дека го сакате, го цените, среќни сте што сте заедно - љубовта умира!

3. Вашите очекувања не се исполнети. Сте се запознале, сте мислеле дека тоа е вистинската личност, а реалноста е поинаква. Маските паѓаат, сфаќате со кого имате работа, љубовта умира!

4.Лага. Сте откриле нешто за партнерот кое не сте го знаеле или тој (таа) мислел дека не требало да го дознаете.Вашиот партнер ве излажал. Доволна причина з акрај на врската.

5. Внимавајте пред да се вљубите - запознајте се добро. Ако врската ја градите без темел не е чудно да се распадне.

6. патолошка љубомора. се открива неколку месеци подоцна, на почетокот може и да годи, но ако партнерот постојано ве сомничи и контролира - ќе гледате да избегате што подалеку.

7. Досада, монотонија. До ова доаѓа ако престанете да с етрудите околу својот партнер и тој престане да се труди да ве изненади и усреќи вас. потоа самата монотонија ќе ве убие.

8. Не сте еден за друг. По првата залуденост, партнерот ви личи како од друг свет, не е од вашиот. Продолжувате сами.

9. Никогаш немало љубов - имало страст, привлечност, но таа личност не ве исполнува сосема, имате празнина!

Но ако добро се познавате, се почитувате, се засмејувате, секогаш ви е важно да го направите партнерот среќен и тој ви возвраќа, чувствувате во срцето дека имате некој кој ве сака и разбира како никој друг - таа љубов може да потрае и цел живот.

УЕФА ја казни Барселона поради нацистички поздрави и расизам

УЕФА денеска ја казни Барселона со 25.000 евра (26.600 долари) поради нацистички поздрави и расистички гестови од навивачите за време на натпреварот од Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен минатата недела.

Казната дојде откако беа објавени слики од непримерно однесување на навивачите во Паркот на принцовите на 10 април.

Покрај паричната казна, УЕФА ја суспендираше и забраната за продажба на билети на навивачите на Барселона за едно гостување во Лигата на шампионите следната сезона, ставајќи ја на проба една година.

На Барселона ѝ е наложено да му надомести на ПСЖ за оштетувањето на седиштата и да плати дополнителни казни од 7.000 евра (7.500 долари).

Иако Барселона го доби првиот четвртфинален натпревар во Париз со 3-2, во вторникот беше елиминирана по поразот на домашен терен со 4-1.

ФИФА ќе започне нова антирасистичка иницијатива на својот годишен конгрес следниот месец во Бангкок, Тајланд.

Сајкоски од Охрид: Со програмата „Платформа 1198“ целосно ќе ја рестартираме нашата Македонија

„Восхитен сум од сите вас, собрани овде во Охрид. Илјадници охриѓани, но и граѓани од цела Македонија, од Битола, од Кичево, од Струга, од Ресен, од славна Дебрца, од Дебар, од Демир Хисар, од Маврово и Ростуше, од Центар Жупа, од Долнени.

„Восхитен сум од сите вас, собрани овде во Охрид. Илјадници охриѓани, но и граѓани од цела Македонија, од Битола, од Кичево, од Струга, од Ресен, од славна Дебрца, од Дебар, од Демир Хисар, од Маврово и Ростуше, од Центар Жупа, од Долнени и сите други прекрасни места од нашата преубава Македонија. Восхитен сум од бројот на луѓе кои ги гледам денес пред мене. Оваа река на народ говори само едно, говори дека и на 24-ти април и на 8-ми мај победата ќе биде голема“, порача Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ5 од митингот во Охрид.

„Свесни сме за распаднатите институции. Свесни сме за задолжената држава. Свесни сме за запрените проекти, за неизградените патишта, за распаднатите училишта, за немањето учебници. Свесни сме за нефункционалниот здравствен систем. Свесни сме и за корупцијата и криминалот кои секојдневно ги прави власта. Овие избори се голем испит за нас како народ, како граѓани, за сите нас. Ќе ги запреме овие немилосрдни уништувачи на државата или ќе се покориме. Ќе ги запреме овие неработници или ќе се откажеме. Ќе ги запреме овие неспособни манипулатори или ќе се предадеме“, рече Сајкоски и порача дека нема да се предадат туку со ум, работа ќе се запрат лошите политики на оваа актуелна власт.

Сајкоски ги повика си граѓани без разлика на вера и нација, Македонци, Албанци, Турци, Власи, Роми, Срби, христијани, муслимани да излезат и да гласаат за подобра Македонија.

„Да се обединиме во борбата против власта која не посрами. Која не оцрни, не избрка од огништата, ни ги затвори училиштата, власта која ни ги запусти и патиштата. Обединети да им одговориме дека за нив дојде крајот. Обединети да им одговориме дека Македонија има и повеќе ум и повеќе сила“, нагласи тој.

Тој посочи дека оваа напаст и непогода која ја задеси Македонија не се победува со седење дома, не се победува со кавги и недоразбирања помеѓу нас. Оваа напаст се победува со големо народно, македонско обединување, со гласање и воведување ред во својата, во нашата, и во твојата Македонија.

„Слушам овие од власта велат сме имале некаква фобија. Ама можам да им кажам дека ние како ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ имаме само љубов. Љубов кон Македонија, љубов кон луѓето на нашата земја, Македонија. Таа љубов ја преточивме во содржината на двете изборни програми наречени платформа „Македонија повторно горда” и „Платформа 1198“, кои се напишани и креирани од нашите најискусни и најкреативни луѓе“, појасни Сајкоски.

Сајкоски укажа дека Платформата „Македонија повторно горда” е совршен и умен продукт на исклучително успешна и искусна личност. И само таа како иницијатор и креатор на истата може добро да ја долови. Таа ќе биде претседателка на Македонија, професорката Гордана Силјановска.

„Со програмата за парламентарните избори „Платформа 1198“ целосно ќе ја рестартираме, реорганизираме и реформираме нашата Македонија.

Најмногу простор во нашата Платформа, но и во нашата работа ќе посветиме на:

- Борбата за квалитетен животен стандард;

- Ниските даноци;

- Повисоките пензии и плати;

- Ќе ги подобриме можностите младите;

- Ќе одвоиме 150 милиони евра за поддршка на квалитетно вработување на нашите млади;

- Ќе ги подобриме политиките кон семејството;

- Ќе ја воспоставиме мерката „Купи куќа за млади“, рече Сајкоски.

Сајкоски додаде дека во Охрид ќе се уреди и реконструира пристаништето. Ќе се преземаат активности за редовно чистење на езерското дно како и за проширување, прочистување и одржување на пристаништата и пристапните мостови.

„Дополнително ќе ги зголемиме инфраструктурните инвестиции во комплексот Плаошник, а со изработка на детална програма Охрид ќе стане центар на културен туризам со посебно внимание на промоција на црковно-историското наследство. Ќе изградиме ново училиште „Григор Прличев“. Ќе градиме катна гаража кај градскиот пазар. Ќе изградиме плоштад и кај Чинар. Ќе градиме систем за водоснабдување на Охрид од Свињишки извори. Ќе работиме на кејот и на довршување на затворениот градски базен. Ќе изградиме канализационен систем со пречистителна станица во Трпејца. Но и ќе работиме на многу други конкретни проекти за Охрид, Дебрца и сите околни општини“, порака Сајкоски.

Тој додаде дека за овие проекти да се остварат, потребно е Македонија да има способна Влада, способен премиер, способни политичари, способна претседателка, се наведува во партиското соопштение.

САД и Британија му воведоа санкции на Иран, целта се производителите на дронови

Соединетите држави и Велика Британија денеска воведоа санкции кон Иран, насочени кон „иранската програма за беспилотни летала, челичната индустрија и производителите на автомобили“.

Соединетите држави и Велика Британија денеска воведоа санкции кон Иран, насочени кон „иранската програма за беспилотни летала, челичната индустрија и производителите на автомобили“, потег по нападот врз Израел минатиот викенд, соопшти американското Министерство за финансии.

„Санкциите на Вашингтон се насочени кон 16 поединци и два ентитети кои овозможуваат производство на ирански беспилотни летала, вклучувајќи ги и дроновите Шахед користени за време на нападот на 13 април“, се вели во соопштението.

Денеска официјално беше објавено дека Велика Британија воведе санкции и за иранските воени субјекти, вклучително и Генералштабот на вооружените сили и морнарицата на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ).

И овие мерки следеа по иранскиот ракетен и беспилотен напад врз Израел минатиот викенд. Британскиот премиер Риши Сунак во понеделникот изјави дека членовите на групата Г7 работат на пакет координирани мерки против Иран.

Британските санкции се насочени кон вкупно 13 субјекти или поединци, се наведува во британското соопштение.

притисни ентер