Тинејџер кој запалил другар за долг од 150 евра, доби 10 години затвор

За долг од 150 евра го полил со бензин и го запалил. Доби 10 години затвор бидејќи кога го извршил злосторството бил малолетен.

М.Ј. од Књажевац го убил 25 годишниот Мартин А. минатата година. Го сочекал на панаѓур, го полил со бензин и го запалил. Мартин од тешките изгореници починал во болница во Белград..

За убиството кое било извршено поради долг од 150 евра, М.Ј. доби 10 години затвор.М.Ј. сега има 18 години, но кога го запалил 25 годишното момче бил малолетен, и затоа така му е судено - пишува српски Телеграф.

Батлер чека вести за својата повреда: Немам добро чувство...

Бекот на Мајами, Џими Батлер, ќе биде подложен на магнетна резонанца на повреденото десно колено пред да гостува во Чикаго во меч од плеј-инот на НБА.

Конечната одлука нема да биде донесена додека не се прочитаат резултатите од тестовите, а Батлер би можел да пропушти барем неколку недели. Кошаркарот се повреди во првата четвртина од натпреварот против Филаделфија.

- Немам добро чувство, тоа е се што можам да кажам. Се надевам дека сум добро, коментираше Џими Батлер по натпреварот.

Агентот на Батлер, Берни Ли потврди за западните медиуми дека степенот на повредата се уште е нејасен.

Триесет и четири-годишниот бек имаше просек од 20,8 поени на 60 натпревари за Хит оваа сезона. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Чаен колач

Во четврток (18.04.2024) во емисијата гостин ни беше Анета Љумаковска.

Состојки за денешниот рецепт:

3 јајца

2 банани

1 јаболко

1 лажиче мед

1 кесичка прашок за пециво

2 лажици интегрално брашно

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

притисни ентер