Видео: Човек од Етиопија тврди дека има 160 години!

Секој што го запознал Дакабо Еба од Етиопија на прв поглед можел да види дека тој е навистина стар. Но, колку точно години тој има, допрва ќе се утврдува.

Еба тврди дека има 160 години, но тоа не може да го докаже со извод од матичната книга на родените, пишува The Huffington Post.

Имено, Етиопјанецот израснал во општество кое немало традиција на пишувано, туку на усно пренесување на информации така што немало ниту документи за неговото раѓање, ниту пак живи сведоци од тоа време.

- Немам ниту еден жив роднина – кажал тој.

Репортер, кој со Еба го снимил интервјуто, бил импресиониран со неговото познавање на локалната историја, што за него бил доволен доказ оти тој навистина има неверојатни 160 години. Репортерот особено бил импресиониран со сеќавањата на старецот од времето кога Италија ја нападнала Етиопија во 1895 година.

- Кога Италија ја нападна Етиопија јас имав две сопруги и син доволно голем за да се грижи за добитокот – раскажал Еба.

Ако се докаже дека тој навистина има 160 години, ќе стана најстариот човек во историјата и ќе се симне Французинката Жан Калме од првата позиција.

„Гответе со Дракче“ - Чаен колач

Во четврток (18.04.2024) во емисијата гостин ни беше Анета Љумаковска.

Состојки за денешниот рецепт:

3 јајца

2 банани

1 јаболко

1 лажиче мед

1 кесичка прашок за пециво

2 лажици интегрално брашно

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Австралија ги советува своите државјани да ги напуштат Израел и палестинските територии

Австралија побара од своите граѓани да го напуштат Израел, наведувајќи ја „големата закана од воени репресалии и терористички напади“.

„Ги повикуваме Австралијците и во Израел или во окупираните палестински територии да заминат ако е безбедно да го сторат тоа“, се вели во известувањето од Министерството за надворешни работи.

Владата на Австралија претходно им порача на граѓаните да избегнуваат патување во двете области доколку е можно и, доколку се загрижени, да заминат. /МИА

Остин разговарал со Галант пред извештаите за експлозии во Иран

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант за „регионалните закани и дестабилизирачките дејства на Иран на Блискиот Исток“, соопшти денеска Пентагон.

Повикот е остварен пред Израел, како што пренесуваат медиумите, да изврши напад на територијата на Иран, а во соопштението на Пентагон не се споменува дискусија за плановите на Израел за тој напад, јави Си-Ен-Ен. Неименуван висок американски функционер за Си-Ен-Ен изјави дека Израел во четвртокот ги известил САД дека во наредните денови ќе возврати на нападот на Иран извршен минатиот викенд и дека Вашингтон не ја поддржува таа акција на Тел Авив.

Тензиите меѓу Тел Авив и Техеран се зголемија по нападот на Иран врз Израел на 13 април, со повеќе од 300 беспилотни летала и проектили. Неименуван американски функционер претходно за Си-Ен-Ен изјави дека Израел утринава извршил напад на иранска територија, а иранската државна телевизија објави дека три беспилотни летала биле забележани над небото во Исфахан и биле уништени откако системот за противвоздушна одбрана на земјата бил активиран. /МИА

притисни ентер