Конечно откриена вакцина против ХИВ?

Најновата студија објавена во магазинот „Nature“ тврди дека научниците создале вакцина која успешно ги штити мајмуните од СИВ – вирус, еквивалент на ХИВ, кој предизвикува неизлечлива сида.

Американските научници со воодушевување ги претставиле резултатите од истражувањето кое покажало дека вакцината против СИВ била делотворна кај девет од вкупно 16 мајмуни. Истиот принцип би требало да се примени и на луѓето за да се испита колку вакцината може да биде ефикасна во спречувањето на ширењето на ХИВ.

Професорот Луис Пикер од Институтот VGTI при Универзитетот во Орегон тврди дека искоренувањето на овој, но и на кој било друг вирус, е навистина тешка работа, бидејќи секогаш ќе се појават ќелии кои ќе се провлечат низ анализата.

Тим научници работеле со многу агресивна форма на вирусот со име SIVmac239, кој е до сто пати по посмртоносен кај мајмуните отколку ХИВ кај луѓето.
Мајмуните заразени со вирусот умирале во просек по две години од инфекцијата. Иако, и по вакцинирањето, одредени мајмуни ја изгубиле битката со вирусот, во повеќе од половина набљудувани животни кои ја примиле вакцината ситуацијата била значително подобрена.

- Во повеќето од случаите, под многу строги критериуми, дојдовме до ситуации во кои во телата на мајмуните не остана ниту една трага од вирусот - појаснил професор Пикер.

Вакцината е заснована на друг вирус, „Цитомегаловирус“ CMV од категоријата херпеси, кој е употребен за да може одбранбениот систем на мајмуните да активира борба против молекулот на СИВ.

Научниците прво ги вакцинирале мајмуните, а потоа ги изложиле на СИВ. Воочиле дека на почетокот вирусот лесно се стабилизирал во организмот и дека потоа брзо се ширел. Но, веќе со првата реакција со организмот и неговиот одбранбен систем, вирусот бил уништен.

Мајмуните, кои позитивно реагирале на вакцината, по вакцинирањето биле отпорни на вирусот во следните година до три години.

Професорот Пикер рекол дека неговиот тим работи на откривање на причината зошто вакцината реагирала кај девет од 16 мајмуни.

- Причината, можеби, е во тоа што ХИВ е многу патоген вирус и ова е најдоброто што можеме да го постигнеме. Битката се уште трае, а за сега резултатот е таков што половина од мајмуните даваат позитивни резултати, а половина умираат – кажал тој. /Извор: BBC/

Верстапен ја освои пол-позицијата за ГН на Кина

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ја освои пол-позицијата во квалификациите за Големата награда на Кина.

Верстапен извози најбрз круг со време 1:33.660 минута. Неговиот тимски колега Серхио Перез го освои второто место, а возачот на Астон Мартин Фернандо Алонсо го освои третото место.

Луис Хамилтон од Мерцедес кој спринтот го заврши на второто место не успеа да излезе од првиот сегмент, завршувајќи на 18. позиција.

На спринтот победи Верстапен.

Големата награда на Кина од Формула 1 шампионатот ќе почне утре од 9 часот по македонско време. /МИА

Руски воен репортер загина во Украина

Воениот известувач на рускиот весник „Известија“ Семјон Еремин, загинал во напад на украинско беспилотно летало во југоисточна Украина, објави весникот.

Нападот се случил вчера кога 42-годишниот Еремин и неговата екипа се враќале од снимање од селото Прјутне, во близина на линијата на фронтот во регионот Запорожје.

Украина досега не го коментираше настанот.

Најмалку 15 новинари се убиени од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, според Комитетот за заштита на новинарите, непрофитна организација која се залага за слобода на медиумите ширум светот. /МИА

Леброн: Јокиќ е еден од најдобрите на сите времиња

Првата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс искажа комплименти за центарот на Деневер, Никола Јокиќ.

Лејкерси ќе се сретнат со Нагетс во 1. коло од плејофот, а дуелот Џејмс – Јокиќ предизвикува големо внимание кај светската кошаркарска јавност.

- Еден од најдобрите досега. Едноставно е таков. Јокиќ може се. Што е најважно, тој го менува начинот на кој неговите соиграчи размислуваат за сопствената игра. Кога некој може да ги инспирира другите да играат на ниво на кое не ни знаеле дека можат, тоа е доказ дека зборуваме за навистина одличен играч, рече Џејмс.

Првата средба во плејоф пресметките меѓу Лос Анџелес лејкерс и Денвер нагетс е закажана за утре. /МИА

притисни ентер