Живот во кинеската фабрика за играчки

Во Кина се произведуваат 75% од сите играчки на светот, но зад ниските цени на производите кои пристигаат од Истокот стои суровата приказна за условите во кои тие се создаваат.

Армија од 3,5 милиони кинески работници работи 36,5 саати неделно во повеќе од 8,000 фабрики за играчки во Кина, а германскиот фотограф Мајкл Волф со својот апарат забележа како изгледа нивниот работен ден.

Според еден извештај од 2010 година, просечната месечна плата, вклучувајќи ја и дополнителната работа, изнесува 170 евра, а непрофитната организација која ја проценува работата на фабриките вели дека, иако во последните неколку години условите во кои Кинезите работат се подобрени, се уште постои малтретирање и злоупотреба на работниците.

Според извештајот од 2009 година, околу еден милион кинески фабрички работници доживеале некаков вид на повреда на работното место само таа година.

За потребите на истрагата која ја спроведе Националниот комитет за работа, организацијата за заштита на човечките права која им помага на работниците ширум светот, германскиот фотограф Михаел Волф ги забележа условите на работа на вработените во пет кинески фабрики, а најкритична состојба е забележана во фабриката за играчки "Systems" во кинескиот град Донгуан.

На фотографиите се гледаат работниците кои, преморени од 15-часовните смени, во фабричките простории во кои температурите достигаат и до 30 степени, својата 10-минутна пауза ја користат за да одморат на картонските кутии под работните маси, на кои ги чекаат недовршени фигури на Мики Маус и Сунѓерот Боб.

За помалку од 40 денари на саат, повеќето женски работнички на возраст од 18 до 25 години, работат од 7.45 часот наутро до 10.55 навечер, шест или седум дена во неделата, со уште 1,000 работници во фабричките хали со големина од 1,000 квадратни метри.

За време на работата не им е дозволено да разговараат, нити да слушаат музика. За оброк добиваат мали порции во фабричките кантини.

За време на смените немаат право на пауза за посета на тоалетот, а ако прекршат некое од правилата, за казна мораат да ги рибаат WC шољите.

Вработените не заминуваат дома во текот на работната недела, туку спијат во фабричките спални во кои се сместени 14 луѓе во една соба.

При вработувањето секој работник мора за себе да си купи душек и постелнина, а ако не го направи тоа, приморан е да спие на картонски кутии.

Одржувањето на личната хигиена се обавува со помош на кофа и сунѓер, бидејќи туш кабини и купатила не постојат.

За својата колекција која ја нарече "Вистинската приказна за играчките", фотографот Михаел Волф вели дека претставува "колку всушност е огромно кинеското масовно производство, но и гладот на Западот за бескрајната количина на производи за еднократна употреба". /Извор: ZaZabava.com/

Драма на аеродромот во Њујорк- пет авиони ќе се судареа поради грешка на контролорите(ВИДЕО)

Авион на Swiss Air за малку ќе се судрел со четири други авиони на аеродромот Џон Кенеди во Њујорк, откако грешка во комуникацијата предизвикала авионите да слетаат на пистата во исто време.

Инцидентот се случи минатата недела, а сега го истражува Федералната управа за авијација, откако пилотот за среќа видел што се случува и го прекинал полетувањето, објави Њујорк Пост.

Во меѓувреме се огласил и менаџментот на компанијата.

„Поради високата свесност и брзата реакција на нашата екипа, избегната е потенцијално опасна ситуација“, се наведува во соопштението.

Роберт Самвалт, извршен директор на Боинг центарот за воздухопловство и воздушна безбедност на Универзитетот Ембри-Ридл за воздухопловни сили, изјави за CBS дека имало ситуација кога двајца контролори на летање не комуницирале што прави секој од нив.

„Тоа е целосно неприфатлива ситуација“, рече тој.

Џон Ненс, експерт за воздухопловство и соработник на ABC News, објасни дека „преместувањето на четири авиони преку активна писта е многу стресна задача, особено ако нема комуникација меѓу двајца контролори“, рече тој.

Љубопитен ракун се провлекол во електрана и оставил 16.000 домови без струја

Љубопитен и немирен ракун неодамна предизвика прекин на електричната енергија што остави околу 16.000 луѓе без струја.

Клиентите во Оук Крик и Јужен Милвоки останаа без струја во саботата на 20 април околу 21 часот. Компанијата We Energies објави дека тимовите за одговор при итни случаи успеале да го решат проблемот и да ја вратат електричната енергија на околу 8.000 корисници до 22 часот, пренесува Mirror.

Во соопштението на компанијата се наведува дека се вршат работи кои треба да овозможат што поскоро снабдување со електрична енергија на преостанатите погодени потрошувачи.

Љубопитниот ракун наводно ползел меѓу опремата на трафостаницата, но не се знае дали преживеал.

Инцидентите со животни како овој предизвикуваат околу 10 проценти од сите прекини на електрична енергија што ги доживува „We Energies“ секоја година. Среќата е што повеќето штети предизвикани од животните може да се санираат прилично брзо.

Сличен инцидент се случил во февруари во Торонто, Канада, каде што околу 7.000 клиенти останале без струја повеќе од два часа откако осамен ракун пронашол трансформатор на станица за пренос. Портпаролот на Hydro One вели дека барале начини да ја задржат неофицијалната маскота на градот подалеку од преносните станици по големиот прекин на струја во центарот на Торонто. Портпаролката на компанијата рече дека екипите потврдиле дека прекинот бил предизвикан од ракун, „бидејќи животното за жал починало на лице место и било мртво кога пристигнале“.

„Кога ќе се случи вакво нешто, системот се префрла на заштита од понатамошни штети“, вели портпаролката Тицијана Бачега Роза, додавајќи дека животните ги привлекува топлината што ја испуштаат електраните. Покрај разгледувањето на сите мерки за спречување идни слични инциденти, Роза забележува дека експертите за животни се запознаени со случаите и треба да утврдат како ракунот влегол во станицата.

Хамас повика на ескалација на сите фронтови

Портпаролот на вооруженото крило на Хамас, бригадите Ал-Касам, повика на ескалација на сите фронтови во телевизискиот говор по повод 200 дена од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа на 7 октомври 2023 година.

Во видеото објавено од Ал Џезира, Абу Убаида го пофали нападот на Иран врз Израел на 13 април, велејќи дека директните напади со беспилотни летала и ракети „поставуваат нови правила, повлекоа важни паралели и ги збунија непријателот и оние што стојат зад него“.

Тој повика и на ескалација на Западниот Брег и во Јордан, велејќи дека тоа е „еден од најважните арапски фронтови“.

„Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции и да го крене својот глас“, рече тој.

Абу Убаида рече дека Хамас останува на барањата што ги постави на разговорите за прекин на огнот, односно да бара Израел да ја прекине воената офанзива, да ги повлече своите сили од Појасот Газа, да им дозволи на раселените да се вратат во северниот дел на Газа. „Соголете го и подигнете ја блокадата.“

Во меѓувреме, Израел ги денеска ги засили нападите низ Појасот Газа, рекоа жителите, додавајќи дека тоа е едно од најлошите гранатирања во последните неколку недели. Армијата наредила нова евакуација на северот од палестинската енклава, предупредувајќи ги цивилите дека се наоѓаат во „опасна борбена зона“.

Во објава на платформата X, портпаролот на израелската војска Авичај Адраи ги повика жителите на четирите зони во Беит Лахиа во северниот дел на Појасот Газа да се преселат во засолништа во две одредени области.

Новото гранатирање и бомбардирање на северниот дел на Појасот Газа доаѓа речиси четири месеци откако израелската војска објави дека ги повлекува своите трупи, тврдејќи дека Хамас повеќе не ги контролира областите.

Израел, исто така, овој месец повлече поголем дел од своите сили од јужниот дел на Појасот Газа. Но, обидите да се постигне прекин на огнот не успеаја, а израелските бомбардирања и упади на територијата од каде што се повлекоа војниците го отежнуваат враќањето на раселените во нивните домови.

притисни ентер